Слатките плодови на родителството (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


niki -> Слатките плодови на родителството (11.5.2014 8:02:26)

Dobro vi utro zenicki!
I neka ni e sreken svetskiot den na majkata!
Jas sum denes presrekna... izraduvana do maksimum, zanemena pred cudoto nareceno zivot, gorda na coveceto pred mene koe poleka no sigurno raste, me raduva, me iznenaduva, vozvraka na ljubovta sto neizmerno sekojdnevno i ja davam..
nekolku dena tainstveno se zatvorase vo soba i pravese nesto, me molese da ne gledam
denes vednas stom stana prasa dali moze da izleze nadvor da zemela nesto i so raceto zad grb se pikna vo sobiceto da go dovrsi iznenaduvanjeto
a potoa mi dade karticka na angliski cestitajki mi go praznikot
pa edna karticka so prekrasni cvetovi sto sama gi nacrtala oboila i zalepila
i za kraj diploma za najdobrata majka na svetot so bezbroj srcinja, svitkana vo cilindar, vrzana so masnicka i ukrasena so cvet sto go skina utrovo vo dvorot
se isplakav posteno od pregolemiot naboj na cuvstva, si ja guskav dolgo dolgo mojata malecka srcka i ete vo nejzina cest ja otvoram ovaa tema za da si gi zapiseme vo nea site mali no golemi iznenaduvanja sto ni gi priredile nasite najmilicki
[sm=smiley27.gif]




Defne90 RR -> RE: Слатките плодови на родителството (11.5.2014 8:49:17)

Да дефинитивно ова е најдобриот плод од нашето мајчинство,детето на едноставен начин да ни покаже колку многу не сака и колку тоа е гордо на тоа што токму ние сме неговата една и единствена мајка.Едноставно не може да се опише со зборови колку тоа нас не израдувало со ваквиот гест кој што произлегол од неговата чиста и искрена детска љубов.Па да токму тоа е она што мајчиното сцре го прави нежно и радосно кога ќе види дека децата го ценат сето она што ние го имаме направено за нив од денот кога се родиле.[sm=smiley1.gif] Моите деца се сеуште мали ама секојдневно покажувајќи ми ја нивната љубов и нивната наклонетост кон мене јас знам дека тие всушност се пресреќни од фактот што до нив стои една жена наречена мајка што гордо чечкори заедно со нив и се радува на секоја нивна победа и плаче заедно со нив над секоја нивна тага.А кога ќе потпораснат пак сето тоа го искажуваат на тој начин преку вакви убави изненеадувања кои на мајката едноставно и го растопуваат срцето и и значат најмногу.Нека ни е среќен светскиот ден на мајката и секогаш мајката да биде вака ценета и љубена од своите деца.Браво за ќерка ти ники,и јас се разнежнив читајќи го ова.Навистина нема поголемо признание за бескрајната љубов на мајката од она кога детето возбудено и со љубов во срцето ќе рече Мамо те сакам,најсреќен празник.[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: Слатките плодови на родителството (12.5.2014 23:41:12)

Секојдневно се радувам на плодовите [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
Родителството е најубавата,но и најтешка професија на еден човек.Според мене тие плодови се слични како оние на градинарот/земјоделецот,кој ги одгледува своите растенија од најмали семчиња,ги наводнува,копа храни,за на крај да се радува со плодовите од својот труд[sm=smiley1.gif]Мислам дека направив добра споредба,ме разбравте кој труд се вложува во детето,за подоцна да се радуваме на слатките плодови[sm=smiley1.gif]
Јас се радувам од две страни,поголемото дете ме издигнува до небо од радост и гордост со своите успеси на училиште,со својата мудрост која ја поседува за нејзината возраст,со добрината и љубовта која ја носи во тоа мало срценце[sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif]
Додека од друга страна се засладувам со плодови од моето мало бебенце,кое започнува да испушта по некое зборче,на малите рачиња кои силно се преплетуваат на мојот врат,на малата уста која слатко изговара МАМА,и пробува да даде бакнеж...Секојдневно се радувам на моите мали цветчиња,кои растат,се развиваат ,ме опсипуваат со прекрасниот мирис[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif]




vezilka RR -> RE: Слатките плодови на родителството (13.5.2014 9:41:54)

Многу е слатко кога веќе ќе почнат да контаат што е тоа сакање, и ќе почнат со првите обиди тоа да го искажат самостојно. Никола сега ги прави првите чекори на тоа поле. Знае така самостојно да се обиде да покаже колку не сака. Сватил дека кога некој е тажен, му треба прегратка и внимание. Па сега деновиве, кога јас сум со малку променливо расположение, знае да дојде до мене, да ме гушне и да ми каже, мамо немој да бидеш тажна, јас тебе најмногу те сакам. Во тој момент, што и да ми било, ми поминува, во секундата. Се почесто знае да набере цвеќе и да ми го донесе и да ме праша сега среќна си мамо оти ти дадов цвеќе?




Bethany -> RE: Слатките плодови на родителството (13.5.2014 13:32:02)

Завчера чекавме ред кај педијатар, јас седев на едно столче во чекална а Ј седеше во скутот на татко му.
Во еден момент станав, и влегов внатре на кратко и Ј за тоа време седнал на столчето каде јас што седев.
Се вратив и нормално ништо не изреагирав, го оставив да седи, а јас стоев, бидејќи немаше слободни столчиња наоколу.
По кратко време Ј ме гледа и прокоментира: мама нема место! И си стана детето и ми кажа да седнам јас, а тој остана да стои.
Ме скрши, ме стопи, ме освои неговото внимание. Едно дете од неполни три години да знае да согледа и да те благослови со таков гест, е навистина прекрасно чувство. Малиот принц на мама.

И мислам дека нема поголем благослов и награда да семејството, твоите најблиски, оние за кои се грижиш и ги сакаш, да знаат да искажат и покажат почит и благодарност. [sm=smiley27.gif]




AneLav RR -> RE: Слатките плодови на родителството (17.5.2014 11:42:30)

Шетавме така една вечер со сопругот и двата црвци мали. Од една куќа се слушна бебешки плач. И синко мајчин со неполни две години самиот си збори и вика „не пачи бебе не пачи, мајка ти сака, дадеме цуца“. Јас и мм останавме фасцинирани до каде му отиде размислувањето и чувството за љубов и сочувство на едно толку мало човече.Ни се разнежни душата се стопивме.[sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif][sm=smiley27.gif]




Страница: [1]