Ilina87 -> Развој на бебе (19.5.2014 12:27:21)
|
Мамички, ја отварам темата за да споделиме искуства за развојот на нашите деца во првата година. Како се развивале од месец во месец,како се развивал говорот и моторните вештни. Еве ги просечните временски рамки на најважните достигнувања во првата година: 1. Од раѓање до 3 месеци: - ја подигаат и ја вртат главата - ги отвараат дланките и замавнуваат по предмети - се смеат - ги испуштаат првите звуци 2. Од 4 до 6 месеци: - посегнуваат со двете раце и можат да дофатат играчка - почнуваат да учат да седат - си го препознаваат името - повеќе брборат - се превртуваат 3. Од 7 до 12 месеци - фаќаат предмети по палецот и показалецот - имитираат звуци - мафтаат за Чао и плескааат со рацете - лазаат и се исправаат - брборат како МАМА, БАБА, ТАТА, ДАДА - одат држејќи се за мебелот.
|
|
|
|