Bethany -> RE: "Родово поделени училишта: дали сте за или против?" (27.5.2014 14:25:53)
|
Палешке, ама што има да се заљубуваат деца во основно школо? Тоа е возраст од 6 - 14 години. Што они знаат што е заљубувањето. Ок симпатија да имат, ама симпатија на таа возраст може да им биде глумец или глумица, комшиско дете или небитно. Тоа сигурно нема да ги спречи да си имаат симпатија надвор од својот клас и понатаму да се развиваат нормално ко деца, а не ко енциклопедија како викаш ти. Макар што од друга страна, во врска со заљубувањето, не знам ни како би се деконцентрирале децата на таа возраст, што има да се деконцентрираат. Напротив, во тој период нивните чувства се почисти и понежни кон спротивниот пол од што ќе бидат понатаму. Чисто допаѓање, симпатии, без пожуда која понатаму се јавува. Пак ќе речам, ако е концептот на школото добар, ако се добри условите или што ти знам, нема да ми биде пречка. А и тоа до 17:30 доаѓа нешто како кај нас целодневна, нели? Можеби ќе имаат некои школски натпревари со другите "женски" школи, па ќе им дојде уште поинтересно и помотивирачки учењето. Што знам, ова само како пример, од филмовите де, ама може да функционира сето тоа одлично. Зависи како е осмислена програмата.
|
|
|
|