Mila mamicka -> На одмор - сами или со друштво? (28.5.2014 15:20:27)
|
Драги РР-ки, дали повеќе сакате да одите на одмор само со Вашето семејство, или пак со друштво, со ваши другари, пријатели, кумови и сл? Откако сме во врска со мм, цело време одевме на одмор со друштво, од причина што мм не сакаше да одиме сами. А јас пак сакав да отидеме на некој одмор сами, да си уживаме двајцата и да не зависиме од никого. Кога одиш со друштво на одмор, за се нешто треба да се договараш, кога да станеме, кога да појадуваме, кога да одиме на плажа, па на која плажа да одиме и сл. Минатата година првпат бевме сами со син ни, и си поминавме феноменално. Мислам дека, барем додека сме со мали деца, подобро е сами да одиме за да немаме несогласувања со друштвата, со кои инаку многу добро стоиме. Какво е Вашето мислење и искуство?
|
|
|
|