deluxe -> RE: Дали имате домашна слава и која е? (16.9.2013 16:49:55)
|
Ве читам за вашиот став околу куќната слава и именденот.Куќната слава е слава на целото семејство во таа куќа,убаво е да се слави за бериќет во куќата,па макар и само една закуска да се има мегу домашните луѓе,без канење од страна луѓе,трошоци,и др.Тоа не е некој огромен трошок,како обичен семеен ручек или вечера нека е,битно е да се одбележи тој ден со сите црковни церемонии.Е сега што се однесува до именденот е безвезе трошење пари.Ќе се отепа домаќинката од слатки правење,солени ролати ордевери и триста и деведесет ситници,само за 5 минути да се види со гостите(барем кај нас така се слави име,влези излези) сокот и пивото пола ќе ги истуриш в чешма ,нормално нема време секој да ги испие,слатките пола ќе ти останат и се то а е за џабе.Тој член од семејството што носи име од некој светец ок е ,но тој човек си има ден за славење т.е роденденот,додека славате е слава за цела куќа(за здравје и среќа на семејството ).Ова го пишувам од искуство со двете славја.Кај моите пред да се омажам имавме и именден и слава,кај мм само слава и поарно е така[sm=smiley1.gif]
|
|
|
|