Felly RR -> RE: Последен ден во градинка (11.6.2014 9:28:37)
|
Ех, Јами Мами добро што ја отвори темава, вчера и јас сакав да пишам, ама немавме соодветна тема. А веќе и во градинка, почнаа да го обележуваат 10 јуни како крај и на нивната учебна година. Ние вчера си ги зедовме папките со сите изработки, плус и некои домашни што сме носеле, и боенката и математиката што ги користеа во текот на годината. Ептен ми се допадна, што воспитачката на секоја папка залепила цвет со порака: „Кога еден ден ќе ги пронајдеш овие спомени, повторно ќе бидеш дете“ и се беше убаво спакувано внатре. И бааги е полна папката како за едно детенце од 4 години. А за твојава дилема, стварно не знам, тоа што го чувствуваш како благодарност кон учителките тоа кажи го, не мора да биде некој официјален говор. Како што и самата пиша 2-3 реченици. Може да ги изненадите учителките со некоја стихотворба која дечињата ќе ја учат дома (нормално нешто пак во истиот контекст да биде и стихотворбата) и на крајот од приредбата сите дечиња да ја кажат заедно. Кога се поголеми дечињата се покреативни, па и сами знаат да измислат некоја песничка за своите учителки, но ете бидејќи се овие помалечки дечиња од градинка, може вие-родителите да им помогнете да научат некоја.
|
|
|
|