Бебешки приказни на Журнал (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> За порталот



Порака


profesorica -> Бебешки приказни на Журнал (5.11.2009 12:49:19)

Веќе ни е познато гостувањето на Еца во Журнал каде зборуваше за соработката меѓу РР и Бебешките приказни.

Како што беше најавено, стартуваше соработката на нашата Рингераја со Бебешките приказни во склоп на емисијата Журнал на сител телевизија. Нашето последно дружење во игротеката Тиквичка го означи стартот на оваа меѓусебна соработка која се надеваме дека ќе прерасне во прекрасно уживање за сите нас.

Дел од оваа соработка помеѓу порталот РР и Бебешките приказни на Сител телевизија ќе бидат и снимањата на рингерајки и рингерајковци бебиња и деца, чии мајки и татковци ќе зборуваат на различни теми за своите деца, а видеата ќе бидат поставувани тука, во оваа тема, за сите ние како членови на РР да може да ги видиме.

Инаку емитувањата ќе бидат на Сител телевизија во склоп на Бебешките приказни кои одат околу 8 часот во емисијата Журнал.

Во тој контекст би сакала да ве информирам дека во вторник на 10.11.2009 околу 8:15 часот на Сител телевизија ќе се емитува снимањето на мој Дамјан, на тема Сликовница.Сите што сте во можност гледајте не,а за оние што нема да бидат во можност да не гледаат ќе биде постабвено клипче од You tube.




mother 29 -> RE: Бебешки приказни на Журнал (6.11.2009 10:14:03)

проф ве снимаа ли?беа кај вас или како ?!




profesorica -> RE: Бебешки приказни на Журнал (6.11.2009 10:32:54)

да ...не снимаа дома кај нас.Разговаравме на тема:Сликовница!!! колку Дамјан го влече читањето, колку е заинтересиран, кои сликовници му се омилени и така.Интересно.




mother 29 -> RE: Бебешки приказни на Журнал (6.11.2009 10:38:20)

да не потсетеш ден претходно ,да не заборавиме![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Бебешки приказни на Журнал (6.11.2009 10:43:59)

Да да обавезно во понеделник ќе потенцирам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]. кој може и од работа на зулу нека гледа а јас работам на случајот како да обезбедам клипче за на ју тубе.ќе биде!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: Бебешки приказни на Журнал (6.11.2009 12:26:43)

потсети ме во понеделник попладне да наместам да се снима, па ке го поставам во средата




Mila na mama -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 13:56:43)

Утре( вторник) 10.11 гледајте го Дамјан на професорица во Бебешки приказни на Журнал. Прилогот е за сликовниците и нивното влијание врз развојот на фантазијата и говорот кај децата. Колку слика, а колку текст, застапеност на колоритот наспроти текстот, задржување на вниманието зависно од возраста.
Почеток околу 8 15.
Мами те молам намести за снимање и тоа снимено сосе најавата во која ќе се спомне рр и што може да се најде на порталот како и за нашата соработка.




Mila na mama -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 13:58:26)

Следна тема Ортопед и широк повој. Ми треба искуство од родител. Помогнете ми да ја убедам мис[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] она е со тв искуство, ја снимав на рр журката.




profesorica -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:02:11)

ајде мис обавезно да се согласиш, јас те уверувам не е ништо страшно, во домашна атмосфера опуштено и супер ќе испадне ќе видиш.




mother 29 -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:02:32)

ајде мис те убедувам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

ауууууууу јас не сум знаела дека мила на мама е нашиот "новинар"[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




profesorica -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:04:20)

Мами нека снима за секој случај а и јас нешто се трудам да обезбедам па може ќе поставам и клипче на ју тубе за сите да го гледаат.

Значи оние што ќе можат нека гледаат на http://zulu.mk/

ајде да видиме како сме испаднале [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:14:45)

Да, да утре ќе гледаме обавезно, а еве и еден јавен апел до сите мамички, тука да дискутираме која тема е добро да ја обработиме, кој би сакал да го каже своето искуство, некој проблем што го имал со своето дете и начинот на кој го надминал. Еве јас се договорив да направиме прилог за Алергија на млеко и млечни производи и јас ќе го кажам моето искуство. Ајде мамички да помогнеме со своите искуства, давајте предлози, пријавувајте се...




Mila na mama -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:16:29)

Убави испаднавте не се секирај [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] ко Швеѓани да сум снимала

Инаку договорив уште една тема со педијатар за температури, вируси, промена на надворешна температура како влијае, дали е вирус или бактерија, кога сируп, кога чепче а кога само туширање и разладување. Кои испитувања се неопходни.

Мамички сите имаме искуство на оваа во овој период посебно актуелна тема. Која сака да го сподели своето и да ги посоветува понеискусните?




profesorica -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:18:07)

а баш ме интересира, дали ќе бидат вклучени само членови од Скопје или е можно снимање по другите градови?Бидејќи имаме доста активни членови кои можат многу да кажат а се од друг град, кочани или слично.

Мила на мама???




mother 29 -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:19:01)

јас однапред кажувам...скарана сум со камерите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:20:52)

хаха и јас така викав, хаха ама ме стави во небрано Мила на мама и морав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] се шегувам, супер е, не е ич страшно.а оваа темава за температура не да ќе ти легне Мотхер29 уф уф!!!




mis. -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:23:10)

Леле кај ме најдовте за камери сум [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] А плус сум во некој хаос спремам дупли роденден на моите дечиња и тешко ќе најдам време ај понатака да се стабилизирам со хаосот во мојот живот.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




mother 29 -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:24:36)

има многу пред мене ехххххххххххејјјјјјј мами,мисс.....

и зашто да прават лугето арчови до кочани кога таму  во ск.на брзина[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Mila na mama -> RE: Бебешки приказни на Журнал (9.11.2009 14:29:57)

За другите градови теба малку организација зашто ако одам на пр. во кочани треба  покрај Мотхер 29 да снимам уште 2-3 прилози од Кочани и околината да ми биде оправдано патувањето. Прва ми е во план бетпет и храбрата Теодора, а за другите патувања ке се договараме, здравје има време.




profesorica -> RE: Бебешки приказни на Журнал (10.11.2009 8:01:34)

За некоја минута најверојатно по вестите на сител ќе почнат бебешките приказни - КЛИК И ГЛЕЈ






Еца -> RE: Бебешки приказни на Журнал (10.11.2009 8:28:22)

и јас чекам, најверојатно сега ќе биде.




srekna mama -> RE: Бебешки приказни на Журнал (10.11.2009 8:29:08)

ајде да гледамееее




srekna mama -> RE: Бебешки приказни на Журнал (10.11.2009 8:38:27)

Бравоооо![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]и за Дамјан и за мама!Одлични бевте[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley20.gif[/image]




profesorica -> RE: Бебешки приказни на Журнал (10.11.2009 8:40:15)

многу го употребував зборот ЗНАЧИ-хахах од трема.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] беше.




STRUMFETA -> RE: Бебешки приказни на Журнал (10.11.2009 8:46:12)

bez gajle profesorice,izgledavte prekrasno i dvajcata.Samo pofalni zborovi i se najubavo.




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>