Еца -> RE: Рингераја во пoддршка на Напред Розово! (20.5.2009 20:47:26)
|
Околу 6,000 евра, што ќе бидат наменети за подобрување на условите во дневната болницо за хемотерапија, беа собрани во рамки на настанот “Напред розово“ што ви неделата се одржа во Скопје. Учесниците во оваа кампања против ракот на дојка, маршираа три километри по што формираа џиновската розова панделка од луѓе на плоштадот “Македонија” во Скопје. Настанот заврши со хуманитарен музички хепенинг во Градскиот парк. Целта на ова случување беше омасовување на борбата против ракот на дојка и покренување на свеста за можноста оваа болест да се излечи, доколку биде рано дијагностицирана, соопшти организаторот на настанот, здружението “Борка – за секој нов ден”
|
|
|
|