mother 29 -> RE: Соор- габична инфекција (6.11.2009 10:18:53)
|
Орална кандидијаза (Candidiasis Oris) Кандидијазата (или монилијаза) е габично воспаление предизвикано габата Кандида (најчесто Candida Albicans) која може да се јави на различни места на телото – во устата, на делови од кожата кои се често влажни, на слузокожата на половите органи, а во потешки случаи може да се јави и системска кандидијаза (состојба при која воспалението преку крвта може да се прошири на органи низ целиот организам) Оралната кандидијаза се јавува на слузокожата на образите, непцето, аглите на усните, јазикот и се карактеризира со постоење на бели налепи со изглед на засирено млеко, кои потешко се отстрануваат од површината и кои по отстранувањето откриваат еритематозна, зацрвенета површина која може и да крвари. Причина за појава на оралната кандидијаза е нарушување на природната рамнотежа на микроорганизмите кои нормално ги има во усната празнина (кандидата ја има во устата на скоро сите здрави лица) Оваа рамнотежа може да се наруши како резултат на долготрајно земање на антибиотици или поради намалена одбранбена способност на организмот Оралната кандидијаза е релативно често заболување кај новороденчиња (2-5%), кај стари лица, кај изнемоштени лица со хронични заболувања, како кај болни од дијабетес, СИДА или леукемија. Исто така ова заболување може да се јави кај пациенти кои носат забни протези. Воспалението предизвикува болка при џвакање или голтање (во зависност од локализацијата). Дијагнозата се поставува најчесто со преглед и анамнеза, а може да се изврши дифиренцијална дијагноза со лабараториски испитувања – микроскопски или со изработка на микробиолошка култура. Лекувањето се состои во примена на антигабични лекови – најчесто со Нистатин , зголемена хигиена, и препорака за намалено внесување на шеќери кои го помагаат растот на кандидата.
|
|
|
|