Соор- габична инфекција (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Еца -> Соор- габична инфекција (6.11.2009 0:39:52)

Се работи за габична инфекција  Candida Albicanis, која скоро секое бебе ја има. Се појавува набрзо по породувањето и мајката може да примети бели наслаги на јазикот и усната празнина.

Дали кај вашите бебиња се појави соор и како се справивте со неа?

Мартина имаше и ја лечевме со Нистатин капки на газа и го поминував јазичето, а среќа кај Мила не се појави.




profesorica -> RE: Соор- габична инфекција (6.11.2009 8:25:15)

Проблемот со соор го имавме и ние-габичната инфекција се прошири и кај мене на градите.Поминавме со Нистатин капки.




mami -> RE: Соор- габична инфекција (6.11.2009 8:35:16)

леле, а јас кога прашав на педијатар што му е тоа белкото на јазичето ми рекоа од што цица, од млекото, и ни дадоа само Нистантин капки, го премачкував еднаш по бањање и помина за некој месец дена




mother 29 -> RE: Соор- габична инфекција (6.11.2009 10:16:55)

ние за срека,ја немавме орална кандидијаза!




mother 29 -> RE: Соор- габична инфекција (6.11.2009 10:18:53)

Орална кандидијаза (Candidiasis Oris)
Кандидијазата (или монилијаза) е габично воспаление предизвикано габата Кандида (најчесто Candida Albicans) која може да се јави на различни места на телото – во устата, на делови од кожата кои се често влажни, на слузокожата на половите органи, а во потешки случаи може да се јави и системска кандидијаза (состојба при која воспалението преку крвта може да се прошири на органи низ целиот организам)
Оралната кандидијаза се јавува на слузокожата на образите, непцето, аглите на  усните, јазикот и се карактеризира со постоење на бели налепи со изглед на засирено млеко, кои потешко се отстрануваат од површината и кои по отстранувањето откриваат еритематозна, зацрвенета површина која може и да крвари.
Причина за појава на оралната кандидијаза е нарушување на природната рамнотежа на микроорганизмите кои нормално ги има во усната празнина (кандидата ја има во устата на скоро сите здрави лица) Оваа рамнотежа може да се наруши како резултат на долготрајно земање на антибиотици или поради  намалена одбранбена способност на организмот
Оралната кандидијаза е релативно често заболување кај новороденчиња (2-5%), кај стари лица, кај изнемоштени лица со хронични заболувања, како кај болни од дијабетес, СИДА или леукемија. Исто така ова заболување може да се јави кај пациенти кои носат забни протези.
Воспалението предизвикува болка при џвакање или голтање (во зависност од локализацијата). Дијагнозата се поставува најчесто со преглед и анамнеза, а може да се изврши дифиренцијална дијагноза со лабараториски испитувања – микроскопски или со изработка на микробиолошка култура. Лекувањето се состои во примена на антигабични лекови – најчесто со Нистатин , зголемена хигиена, и препорака за намалено внесување на шеќери кои го помагаат растот на кандидата.






mis. -> RE: Соор- габична инфекција (6.11.2009 12:33:41)

со Мартин 2 шишенца нистатин потрошив,видов доста мака и плуs му го отежнувашe цицањето.А со Стефан немав таков проблем.




ripce -> RE: Соор- габична инфекција (6.11.2009 20:12:38)

фала богу не сме имале... дека имам завршено фармација имаме учено за соор во делот за Натриум тетраборат кој се користи против соор, така да горе долу ова ми беше познато




jovanka -> RE: Соор- габична инфекција (1.5.2010 22:32:49)

bidejki nistatin kapki nema nikade a kako zamena za onie koi baraat vo momentot resenie 3%hidrogen na gaza ili sodabikarbona rastvorena i so gazicka da se premackuva.




ripce -> RE: Соор- габична инфекција (1.5.2010 22:34:39)

Јас слушнав дека Нистатин повеќе нема да се произведува, или дека нема повеќе да се користи, така нешто?




jovanka -> RE: Соор- габична инфекција (1.5.2010 22:38:22)


ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Јас слушнав дека Нистатин повеќе нема да се произведува, или дека нема повеќе да се користи, така нешто?

tocno ripce zatoa ova go kazav kako sovet do majkite koi se soocuvaat so vakov problem




gvenda -> RE: Соор- габична инфекција (29.5.2010 10:04:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Проблемот со соор го имавме и ние-габичната инфекција се прошири и кај мене на градите.Поминавме со Нистатин капки.

eve moeto bebe ima takvi beli naslagi neznam sto da pravam a mislam deka mie prefrleno i na gradite
Pa profesorica ke mozes li da mi kazes dali i ti piese nesto i sto cuvstvuvase na gradite dali te bolea
pozdrav





Slagjana -> RE: Соор- габична инфекција (29.5.2010 10:13:54)

Гвенда, и да не е префрлено на градите за секој случај пред доење миј ги со раствор од сода бикарбона. Нема штета.




денвер -> RE: Соор- габична инфекција (22.7.2010 14:17:26)

еве и ние добивме соор како последица на цефаклор сирупот веднаш по престанувањето на терапијата и се исфрла устето со бело и долу до каде што и е памперсот се вцрвени и како со мозолчиња се издига. За устето ни препишаа нистатин капки но никаде ги нема кај нас, па ни дадоа Дактарин гел од кој со две мачкања се исчисти скоро се, а беше многу зафатена, а за газето ни пишаа канестен да ја мешаме со павловиќева и тоа ни помогна




eci -> RE: Соор- габична инфекција (28.9.2010 12:22:10)

Bidejki nikade gi nema nistatin kapkite a so sodabikarbona ne ni pominuva vo edna apteka mi predlozija zamena za nistatin se vika stomatidin rastvor na bosnalek .Dali nekoj od vas ima slusnato za ovoj rastvor i kako se koristi.Inaku moeto since ima 2 meseca poz.




mami2 -> RE: Соор- габична инфекција (28.9.2010 15:01:23)

Ние ги порачувавме од Србија, а едни пријатели одеа сами во најблискиот град Бујановац, им се исплатеше таму се околу 50 денари, ефектот е неспоредлив, а за замена со други слични препарати кај новороденче сите беа скептични




eci -> RE: Соор- габична инфекција (28.9.2010 16:47:39)

mami2 fala mnogu za odgovorot ,ge gledame nekako da gi najdeme ova veke ne se izdrzuva poz




Miss36 -> RE: Соор- габична инфекција (28.9.2010 17:06:16)

Za gabicna infekcija vo ustata na bebeto,jas koristev BORAKS GLICERIN,kosta okolu 50 den i vo skoro vo sekoja apteka go ima.. 




Natuska85 -> RE: Соор- габична инфекција (24.6.2011 14:31:36)

И на моето [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] му се појави оваа габична инфекција во устето и докторката ми кажа да му ги поминувам со стерилна газичка натопена во раствор од сода бикарбона.И јас градата да ја премивам исто со сода бикарбона расрворена во 200 мл вода.Се надевам брзо ќе му поминат




AnnaMolly RR -> RE: Соор- габична инфекција (24.6.2011 15:10:10)

И јас со газичка потопена во вода со сода му го излечив соорот. Со нистатин не му се изгуби, а уште првиот пат кога го избришав со сода се забележа гоооолемо подобрување.




Natuska85 -> RE: Соор- габична инфекција (24.6.2011 16:25:06)

Ана моли а колку пати на ден го бришеше со газичка?




AnnaMolly RR -> RE: Соор- габична инфекција (24.6.2011 17:40:26)

Па по три пати. Наутро, попладне и навечер.
Прво газичката замотај ја околу показалецот, па убаво потопи ја во водата со сода и убаво исчисти му го устето и јазичето. Одма ќе има подобрување.




dostickage -> RE: Соор- габична инфекција (29.6.2011 10:52:15)

da da toa so sodicka e top lek.




Luci -> RE: Соор- габична инфекција (29.6.2011 10:56:37)

Na Mario mu se pojavi koga imase samo 10-tina dena i doktorkata ni preporaca Nistatin kapki, jas sum zadovolna od niv, za 3 dena veke nemase nisto




Tanja84 -> RE: Соор- габична инфекција (30.6.2011 19:05:40)

luci te molam kazi mi po kolku kapki i kolku pati na den i stavase, bidejki i nie imame gabicna infekcija i ocigledno ni pravi golemi problemi bidejki place postojano i cicanjeto i e oteznato




rina13 -> RE: Соор- габична инфекција (30.6.2011 19:12:20)

nistatin kapki se stavaat 3 pati dnevno od 10 do 15 kapki 5 do 7 dena i plus cistenje na jaziceto mehanicki so sterilna gaza i nistatin na nea




Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>