mother 29 -> RE: Ви паднал ли кондомот во текот на однос? (6.11.2009 12:25:17)
|
ете ова е тоа што ти кажувам... Препаратот НорЛево е најново високо ефикасно средство за ургентна контрацепција на нашиот пазар Спречување несакана бременост во ургентни случаи Ургентната контрацепција е специфична комбинација на хормонски препарати кои спречуваат забременување, ако се земат 72 часа по незаштитен сексуален контакт (руптуриран кондом, сексуален однос без кондом, изместена дијафрагма, силување, ако пациентката не зема редовно контрацептивни пилули итн.). Ургентната контрацепција се применува од 1974 година кога Алберт Џузепе докажал дека бременоста по незаштитен сексуален контакт може да се спречи 75 отсто со употреба на контрацептивни таблети (0,5 мг левоноргестрел + 0,1 мг етхинѕл естрадиол). Овој метод се употребувал во универзитетски установи, но не бил широко прифатен од приватните установи. Во 1997 година Федералното биро за лекови на Соединетите Американски Држави (ФДА-УСА) потврди дека има доволно докази за сигурноста и ефективноста на ургентната контрацепција. Во 1998 година ФДА го одобри првиот препарат за широка употреба. Овој вид контрацепција го спречува забременувањето со привремено стопирање на овулацијата, фертилизацијата или имплантацијата на оплодената јајце клетка. Таа не е ефикасна при постојна бременост, односно тоа не е метод за прекинување на бременост. Првата доза треба да се ординира што порано, а најдоцна до 72 часа од сексуалниот контакт. Втората доза е по 12 часа. Средства кои досега се применуваат за ургентна контрацепција се комбинирани контрацептивни пилули кои содржат различно количество естроген и гестаген, комбинација која во одреден број случаи е со потенцирани придружни несакани ефекти. Денес, најнов на нашиот пазар е препаратот НорЛево кој содржи само гестаген во идеална концентрација за двократно земање на таблетите (две таблети по 0,75 мг. левоноргестрел), многу ефикасен (до 99 отсто), со минимални и занемарливи несакани придружни дејства. Оваа новина на нашиот пазар значајно го подобри арсеналот на ургентната перорална контрацепција. Кај жени кои сакаат да продолжат да ја користат интраутерината влошка понатаму како контрацептивно средство се препорачува бакарна Т-интраутерина влошка (од три до пет дена по незаштитениот однос). ИУВ е ефикасен како и таблетите за ургентна контрацепција - спречува имплантација на оплодената јајце клетка во 99 отсто и може да се останува пласирана до 10 години). При неуспех на ургентната контрацепција е докажано дека не предизвикува фетални малформации. Не се применува ургентна контрацепција при нарушувања на коагулацијата на крвта, активни хепатални заболувања, мигрена или кај карцином на града. Како што кажува самото име, ургентната контрацепција се применува само при ургентни случаи. И покрај тоа што методата е сигурна и ефикасна, не смее да се употребува како рутинска контрацепција. Таблетите за ургентна контрацепција не штитат од сексуално преносливи заболувања, вклучувајќи ја и сидата. Од извршените студии е утврдено дека околу 17 отсто од адолесцентките не употребуваат контрацептивни средства, а тие кои употребуваат често пати не ги употребуваат правилно. Затоа, со масовна пропаганда за примена на контрацептивни средства се спречуваат несаканата бременост и компликациите кои настануваат со нејзиното прекинување извор.утрински
|
|
|
|