Боцко -> RE: Колку сте јаки? (14.5.2009 23:00:13)
|
Веројатно си и посилна отколку што мислиш, што во еден ваков тежок миг за тебе наоѓаш сили да седнеш и да напишеш нешто. Се разбира, чувството дека си помеѓу свои луѓе, те јакне уште повеќе. Со оглед на тоа што не знам што ти се случило, не можам конкретно да те охрабрам, како што ти често знаеш да ги храбриш другите на порталов. Знам само дека големината на човекот не се гледа во падот, туку во способноста да стане и да продолжи понатаму. Мене животот ме исправал пред безброј искушенија. Еден ден, многу скоро, ќе проговорам повеќе за тие нешта. Оној кој те повредил, пак, треба да знае дека ништо, ама баш ништо, не останува ненаплатено. Затоа, треба да правиме само добро зашто добро и ќе ни се враќа. Не заборавај дека секој е самиот одговорен за се што му се случува. Додека го сфатив вистинското значење на таа реченица ми требаа три години менување на себеси за да научам да се сакам. Ти посакувам многу успех и истрајност. Боцко и другарчињата се секогаш тука за тебе...
|
|
|
|