Прва посета на стоматолог на детето (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Mila mamicka -> Прва посета на стоматолог на детето (30.7.2014 9:09:26)

Драги мамички, би сакала да ве прашам за вашите искуства со стоматолог на вашите дечиња. Имено, син ми има 27 месеци и вчера прв пат го однесов на стоматолог. Посетата помина добро, докторката беше многу фина со син ми, успеа да му ги прегледа сите забчиња, и сите му се во ред. Моето прашање е дали, кога вие ги однесовте вашите дечиња на стоматолог, ги премачкуваа со нешто за превенција од кариес. Мојата докторка не го премачка, и кога ја прашав дали сега ги премачкуваат децата (оти некои пријателки ми кажаа дека нивните ги премачкале) ми рече дека има поделени мислења во врска со премачкувањето и дека сега не се препорачува. Какво е вашето искуство со ова?




AnnaMolly RR -> RE: Прва посета на стоматолог на детето (30.7.2014 9:31:37)

Јас го однесов Филип првпат на забар на околу 3,5 години. Забарката матична му е ненормално фина жена, тој се заљуби во неа на прв поглед.
До сега имаме пломбирано две запчиња кои имаа минијатурни скоро невидливи точкички и редовно си одиме на контрола.
Не го премачкувале со ништо, првпат слушам за ова.
Би сакала и јас да слушнам искуства околу ова.




Defne90 RR -> RE: Прва посета на стоматолог на детето (30.7.2014 11:34:16)

Јас синко мој за првпат го однесов на стоматолог мислам дека немаше ни три години.И ептен многу му се допадна стоматологот.Ние немаме пломбирано запчиња ама редовно ни ги премачкуваат предните 4 затоа што му поцрнеа од многу пиење сок.Инаку сигурно го носиме барем дватипати во месецот на премачкување некогаш и по еднаш неделно.Тоа е течност со пријатен вкус и тој со уживање си оди секогаш на стоматолог.




Mihaela 2010 -> RE: Прва посета на стоматолог на детето (30.7.2014 11:55:22)

Nie isto trgnavme na nekoi 3.5 godini na zabar i sum zadovolna od zabarkata epten
Nie imavme edno zapce malku so karies,i ni gi premackuvaa
Znaci idevme tri nedeli po red ednas nedelno,na premackuvanje kako prevencija
Sega oddamna nemame pojdeno,od septemvri obavezno,zosto mislam deka imame zabce dve za plombiranje:((




Mila mamicka -> RE: Прва посета на стоматолог на детето (30.7.2014 13:29:14)

Значи, како што кажувате, тоа премачкување се врши доколку детето веќе развило кариес, па да се спречи понатамошно ширење на истиот. Можеби затоа нашата докторка ни рече дека нема потреба од премачкување, син ми нема ниту еден кариес.




Felly RR -> RE: Прва посета на стоматолог на детето (30.7.2014 13:56:58)

Имаме тема Посета на забар, во која дискутираме и за првата посета, затоа темава ќе ја заклучам, и постовит еќе ги префрлам таму.




Страница: [1]