LoveableMe RR -> RE: Замрзнување на јајце клетки и ембриони и трансфер (7.4.2016 13:04:43)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bea ..................Кога ќе се сетам само не знам дали да плачам или да се смеам. Си викав - таман сега јули, до септември нема да ми се познава стомакот на свадба!!! ........ ............Sega konecno me informiraa deka zamrznale 9 blastocisti. Fala mu na boga, toa e odlicna brojka, pa ostanuva nareden ciklus da vidime kako ke se odvivaat rabotite za FET. Ете мене повторно после преглед - фоликул 20mm. Наредна контрола сум во петок сабајле, па тогаш ќе знаеме што како. Заборавив да напишам: го прашав докторот кои се неговите препораки за мирување, ми рече 2 дена. Во дилема сум околу тоа, бидејќи кај нас, па еве и на форумов, практикуваат мирување до 7 дена, а по странскиве форуми и препораки на клиники што сум прочитала, дискусијата е дали да се мирува 24 часа или ВООПШТО да не се мирува, туку пациентката да си се врати на секојдневната рутина??? Еве го и докторов вика 2 дена. Мене искрено ми е во план, зависи задравје боже кој ден би бил трансферот, пример среда, остатотокот од неделата да не одам на работа, а наредната да почнам. Со тоа што работата ми е канцелариска, имам стресни моменти и хаотични периоди, но ќе гледам да се изолирам од тоа. .... .....Zdravo devojki! Periodov bev vo nekoi guzvi, pa poretko pisuvam, no tuka sum :) Bev kaj doktor Dimitrov, malku mi e prolongirana ovulatornata faza ciklusov, vcera na 15 den duri vidovme vodecki folikul od 14.7mm, pa nego ke go brkame. Utre sum povtorno na folikulometrija, pa zdravje ke vidime kako ke tece postapkata.....Денес бев на ехо, уште ми е тука фоликулот 23mm, не е прснат. Ме боцнаа со прегнил и ми рекоа секс Утре пак на ехо, мислам дека се преселив во ходникон на Ремедика :).....18- ден ми е, со тоа што јас знам да имам продолжена фоликуларна фаза и циклус на 32 дена. Така да, таман е за прскање денес, освен ако чичко Марфи не замеша прсти. .......Transferot mi bese na priroden ciklus, nisto ne primav (osven bromergonot i folna). Sledevme eden folikul i koga prsna, pocnav so utrogestan i aspirin. Na pettiot den bese transferot, dve odmrznati blastocisti, dvete mi gi vratija...... .....Ништо, му најавив на мажле да се спреми за после за активности. Комплетно сум на природен. Пијам само фолна и Бромергонот како редовна терапија од претходно, заради покачениот пролактин..... .....Vo zivo od Remedika :) Ete pomina tranaferot, mi vratija 2 blastocisti. 2 odmrznale, dvete mi se vrateni. Mi dadoa fotografija, no ne vidov nikade grade za kvalietot. Kako i da e, moi se najprekrasni i se nadevam ke gi zapoznaam za 9 meseci :) Toa e, sega pozitivno, guskanje, odmaranje i se nadevame na dobri vesti. Vi blagodaram na site za poddrskata, mnogu znaci koga covek ne e sam vo seto ova. Inaku denes glavno si leskaram, stanuvam do kujna i toalet samo. Utre planiram poveke da se vrtkam. Nego, pievte li kafe posle transfer i kolku? ........Една недела помина, ќе помине уште една. Јас за сега добро се држам, се надевам нема да паднам во искушение да направам рано домашен тест. За симптомите, ти реков, ич немај гајле. Ете Kvisko ќе ја земам последна за пример, имаше карактеристични болки за менструација - па ете не доби :D . Мене градите ме болат, ама низ годиниве наназад и ме болеле и не ме болеле, па ме болеле - па неколку дена престанувале - па пак ме болеле. Така да, во еден дел прифатив дека ние нашето сме го направиле, па во среда среќно, што би се рекло, нали :)........ .........Kako ste devojcinja? Kako so toplovo vreme? Jas tuka da si se pozalam, denes imav stresen den, imavme sudar so mm, na parking eden ne udri vo vrata. Sreka mm samo sto ja imase otvoreno vratata, a ne bese seuste izlezen, inaku ke go udrese nego. Fala mu na Boga, samo vratata otide. Gledav da se iskontroliram ama se potresov. Se napiv B6, sega sum smirena, samo se nadevam deka ne napraviv nekoja steta... ....Девојчиња мои, ги добив резултатите од бетата - 1315!!!Уште не ми се верува, пресреќна сум! Нека ми ги чува Господ, тоа ми е најважно. Останувам на истата терапија и за 2 недели ехо. ........Примав Utrogestan 2x200, aspirn 100 и фолна. Исто така примам и Брогергон уште од претходно заради покачен пролактин, ми рекоа и него да го продолжам додека не ми кажат поинаку :) ......Prodolzuvam so istata terapija kako i po transfer - utrogestan, aspirin i folna. Dva pati go prasuvam doktorot za vitamini, mi vika da ne zemam za sega. Nemam nekoi izrazeni simptomi. Gradite mi se zgolemeni i na periodi bolni, pupkite osobeno, a macnini nemam. Ponekogas se cuvstvuvam kako prejadena i tolku. E mnogu se izmoruvam brzo, popladne osobeno i mi se spieeeee, site me zezaat po doma, samo si pridremnuvam :) ..... .....февруари 2016 година Еве и јас да се пријавам, ДЕНЕС СТАНАВ МАМА на прекрасно момче - 3650 гр и 52 цм!! Добро поминав со спиналната, сега сум на одделение и едвај чекам да ми го донесат на гушкање!
|
|
|
|