Простории за дневен престој во местото каде работите (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


tincule -> Простории за дневен престој во местото каде работите (22.8.2014 13:15:16)

Ја отворив темава зашто баш вчера разговарајќи со мајка ми ми надојде идеајава што не е страна во европските држави а кај нас до сега немам слушнато некој да ја предложи. Еве вака моментално сум на породилно боледување, за чување на детево кога би требала да тргнам на работа сеуште се чудам, пошто бебче под две години не ми се дава во градинка најискрено, но ако немам друг избор здравје [sm=smiley1.gif] па размислував што ако на местото каде работам(моментално сум во градска болница) би имало просторија/ии дневен престој каде би можела да го оставам детето кога ќе идам на работа и да си го зимам кога би завршувала, доколку го доиш нели имаш саат време пауза за доење па на секоја мајка би и било полесно да се симне да го види своето дете да си го надои и да си продолжи со работа. Кај мене има многу колешки кои се со дечиња и оваа опција ја користат за идење дома еден саат порано зашто некој живее подалеку нели. Па имаш и проблеми од типот нема кој да го чува, па плаче нејќе да иде у градинка и т.н Исто би се плаќало месечен надоместок, а може и дневно што да не ако денес не го носиш никому ништо. Па ваше мислење околу ова ме интересира, за тие кои работат во државна институција или поголема фирма каде стварно би имало потреба од вакво нешто, дали би сакале, и дали би го оставиле вашето дете.




Dilina -> RE: Простории за дневен престој во местото каде работите (22.8.2014 18:42:43)

Мн интересна идеа, еве ќе се надоврзам во болницата каде работи мајка ми има просторија за дневен престој :D си имаат тв маса шпоретче судопер, значи сите потребни работи за да одседеш саат време, но тоа не е од сега туку од одамна... секако таму работат сите преку 20 г минимум и си средиле... мајка ми неможејки да ме однесе во градинка понекогаш ме носела кај нејзе на работа и така таму сум седела... да напоменам сум била 3 г најмалце... а потоа кога идеше ноќни смени понекогаш и ме носеше со нејзе да си преспијам таму а мене ми беше мн убаво хехе ... е сега нема секаде таква колегијалност да не те наклеветат, ама сепак помало место дека некако се сложуваа и директор да дошол ништо не викале...

Јас мислам дека на места како државна болница мн е убаво да има




vezilka RR -> RE: Простории за дневен престој во местото каде работите (10.9.2014 10:09:40)

Оваа опција кај нас нема шанси да се деси во државна институција затоа што таа просторија ќе треба да ја обезнеди и опреми според задоволувачки стандарди инатитуцијата, хихи а тие посекако ќе немаат пари. Може само ако некој донира. По приватните фирми повеќе ќе им се исплати оти ќе си заштедат пари со тоа што мајките нема толку да отсуствуваат од работа.




Dilina -> RE: Простории за дневен престој во местото каде работите (10.9.2014 19:25:19)

Имам пријател што работи во FX3X и ми има раскажувано како на работа имаат соба за одмор со кујна со кафемат (мада тоа скоро секаде го има) понатаму пинг понг па др друштвени игри итн итн... така да го имало ова и кај нас хехе ... само што Fx3x се фирма со реноме... и знаат што им треба на вработените за да бидат продуктивни....




ivoni4ka -> RE: Простории за дневен престој во местото каде работите (7.10.2014 0:03:22)

каква просторија за дневен престој на деца ви се цудам , ние пак немаме никаква просторија иту за пауза ниту за нисшто, впрочем немаме пауза. колку е полесно на државна работа отколку во приватна.




Страница: [1]