Православни обичаи (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Melanija RR -> Православни обичаи (15.9.2014 14:46:03)

Некои обичаи се црковни а некои народски [sm=smiley1.gif]

Сакам да учам нови работи, некои нешта ме интерсираат и од секаде собирам инфо.Добро би било да се советуваме што е исправо,на кој празник што е обичај да се прави,што се носи во црква,пристоја облека при одење во црква а која во манастир, кога започнува некој пост ..... и уште мнгоу нешта кои ги знаеме или незнаеме за православната вера.
Верата се учи, и секој на свој начин верува во бог.


Започеток сакам да прашам сега на 21 септември е Рожденство на Пресвета Богородица ,на Успение на Пресвета Богородица кога бев посакав и јас на оваа Богородица да донесам погача за здравје.На Успение погачите со свеќа ги светеше свештеник, секој делеше од погачата и тоа што ќе остане го носи дома.

Сакав да порачам погача но несум сигурна ,сега нема пост веројатно треба мрсна погача.И треба дента да се причестам ,дали треба 3 дневен пост и само утрото да бидам гладна?




Melanija RR -> RE: Православни обичаи (15.9.2014 14:58:34)

За постот

Не смеат да поминат денови како Велигден, Петровден, Успение на Пресвета Богородица, Божиќ, без да се причестиме. Без ова нема побожен живот. Исто така, треба да се подготвиме за Причест со пост, со молитва и со исповед во другите Христови и Богородични празници, за празниците на нашите големи македонски и сесловенски Светители Климент, Наум и другите, како и за храмовиот празник на црквата во која одиме на богослужение. Бидејќи само причестени, највистински и најцелосно учествуваме во настанот што го празнуваме, што е особено значајно за нашето спасение. Ова е исто така нагласено од Светите отци и каноните на Црквата.

======================

Православната Црква има еднодневни и повеќедневни пости.
Во Календарот овие денови се означени со рамка околу датумот.

Еднодневни пости:

Среда и петок (освен т.н. редовни седмици)

Водокрст (спроти Богојавление) – 18 јануари
Отсекување на Главата на Св. Јован Крстител – 11 септември
Крстовден – 27 септември

Повеќедневни пости:

Велигденски пости
(од 03.03 до 19.04)
Петровденски пости
(од 16.06 до 11.07)
Богородични пости
(од 14.08. до 27.08.)
Божиќни пости
(од 28.11. до 06.01.)

Редовни седмици:

Во среда и петок се блажи во следниве седмици:

Од Божиќ до Водокрст
– од 07.01 до 17.01
Седмицата на митарот и фарисејот – од 24.01 до 31.01
Месопусната седмица
- од 07.02 до 28.02
Светлата седмица
- од 04.04 до 11.04
Духовденската седмица
– од 24.05 до 30.05

Извор:мпц.орг.мк




LoveableMe RR -> RE: Православни обичаи (16.9.2014 11:06:18)

Меланија, убаво што отвори ваква тема, јас сум исто верник и би сакала да споделам сопствено мислење за православните обичаи. Ако тргнеш по жени и баби да прашуваш како одат обичаите, сигурно ќе добиеш 101 мислење како треба, а нема да си начисто кое од нив е правилно, бидејќи сите ќе ти тврдат тоа е правилно. Ретко кој знае дека за да се помолиш, не мора да одиш во црква и да палиш свеќа ако не си во можност, доволно е дома со бројаница да се помолиш во мир. Мој совет е, барем јас така правам, најчесто се консултирам со свештено лице за се што ме интересира и секогаш биле љубезни и ми објаснувале како треба, тогаш знам дека нема да згрешам и дека сум направила правилно.

Во однос на овој голем празник на Пресвета Богородица, сметам дека најдобро е претходно да се договориш во црквата во која ќе одиш за сите детали и за погачата, оосбено што Богородица е многу моќна и "казнува" за непочитување (случајот со Берово манастирот кога удри гром). Па потоа сподели со нас што ќе ти кажат. [sm=smiley1.gif]





Melanija RR -> RE: Православни обичаи (16.9.2014 14:33:14)

LoveableMe RR во право ,несакам да згрешам па најдобро да појдам до црква[sm=smiley1.gif] секако ќе пишам што ми кажале




LoveableMe RR -> RE: Православни обичаи (16.9.2014 14:45:10)

Светиот и славен великомаченик Фануриј

За светиот Фануриј, прекрасeн Господов подвижник и непобедлив маченик, не знаеме од каде доаѓа, ниту кои му биле родители, ни пак знаеме во кое време живеел, а не може ни точно да се определи во време на кој владетел пострадал. Неговото житие се изгубило. Светецот на иконата е насликан на следниов начин: Претставен е како млад човек, облечен како војник, држејќи во десната рака крст, а на горниот дел од крстот има запалена свеќа.

Фануропита

1 чаша шеќер
1 чаша растително масло
2 чаши сок од портокал
3/4 чаша суво грозје
3/4 чаша сецкани ореви
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка ванила
4 чаши брашно
Малку сол

Измешајте ги шеќерот и маслото додека да се згустат. Растворете ја содата во сокот од портокал и истурете ја полека во шеќерната мешавина. Додадете ги другите состојки и истурете во намрсен плех. Печете на 180ºC околу 45 минути. Исечете на коцки, откако ќе биде благословено од свештеникот.
_______________________

Ова како што имам прашано се прави во чест на празникот 9 септември и се меси лепче, се носи во црква да се благослови за сите деца, бидејќи тој бил дете, но и за тие што сакаат пород.




Melanija RR -> RE: Православни обичаи (20.9.2014 17:14:55)

Вчера прашав во црква за пеење на погача за здравје, се носи погача ,вино и свеќа и на ливче да се запише за кого за здравје.
Утре е Рождество на Пресвета Богородица, во црквата „Пресвета Богородица“ ќе биде архиепископот и ќе има поставено маси




LoveableMe RR -> RE: Православни обичаи (20.9.2014 21:40:43)

И јас прашав ми рече вака: ако не се пости, но сепак ако празникот Богородица се паднев во среда или петок, се празнува со риба и посно, аако е во друг ден, мрсно. Бидејќи утре се паѓа во недела, може мрсно.

Маси секогаш има за сите поголеми празници, носат погачи вино, свеќа си купуваш од таму една треба кога попот пее (јас напамет ја научив молитвата досега од што одам), а потоа си купуваш свеќи за останатите и ги палиш. Јас не носам ливче но подобро е со ливче, усно ги кажувам блиските, попот ги повторува имињата.




Melanija RR -> RE: Православни обичаи (20.9.2014 22:04:19)

Тоа не потпрашав за имињата ,јас си се закажав за син ми па затоа сакав само неговото име да го напишам.Значи може имиња и на нам блиски,сега ќе знам.[sm=smiley1.gif]




kapina -> RE: Православни обичаи (20.9.2014 23:19:23)

kaj nas ima ikona na sveti fanurij vo manastirot na svetite petnaeset_ macenici vo strumica




Cvekelencule -> RE: Православни обичаи (21.9.2014 1:49:30)

Isto taka Melanija mozis da go pricestis i Mihail samo da bidi gladen ili da ima pijano mleko ama na spijane znaci rano na sbajle jas taka mu pravam na moive deca za pricesna znaci stanuvam rano na sabajle i tie si spijaat normalo jas mu davam mleko i spijaat i duri posle gi skorivam za da odime vo crkva.Kaj nas sluzbata trae od 7 do kaj 10 casot i zatoa ne mozam da go nosam gladni moram da gi napijam oti koj ke gi slusa ke se skapt od rikajne mi se jadi mi se losi vaka ubajna pozdrav i pisi so ke naprajs jas mozi docna pisuvam ama ke znaes za drug pat
pozdrav Napomos denesen praznik





lolla RR -> RE: Православни обичаи (21.9.2014 7:23:29)

Se pere li denes? Prasal li nekoj vo crkva za toa? Neka e srekjen praznikov i na site neka donese zdravje i porod




Felly RR -> RE: Православни обичаи (21.9.2014 7:58:52)

Лола, во црква не сум прашала, ама јас си пуштив машина уште пред 7.




LoveableMe RR -> RE: Православни обичаи (21.9.2014 8:15:17)

Кoгa е гoлем прaзник требa дa не се рaбoти и дa се прaзнувa, дa се oстaвaт рaбoтaтa и oбврските aкo е мoжнo зa друг ден. Нo штoм сте пуштиле мaшинa, пoминaлo, ќе знaете зa другпaт.




lolla RR -> RE: Православни обичаи (21.9.2014 11:22:43)

И јас пуштив, се помислив, ама немав некако друг избор, куп за перење, ке има 3-4 машини за денес, а од вторник-среда ке кречиме цел стан и немаше како да испланирам. А утрово прочитав дека е голем празник, ајде ке простува Господ и Богородица, мм вика, жена е , знае како е.




Mihaela 2010 -> RE: Православни обичаи (21.9.2014 11:46:39)

Eh i jas se iznervirav denes.znaev deka e praznik i nesvesno si pustiv masina..abe ke si puknev.aj i ja vikam ke mi prosti dedo boze amacse taka kogave praznik jas masina pustam[sm=zmeden.gif]




Snowhite RR -> RE: Православни обичаи (24.9.2014 10:08:22)

Ајде ако се алишта од деца се простува, плус и машината пере не вие.
Јас обично не практикувам да перам на празник, што и да е ќе може да почека еден ден, или ако мислам дека ќе имам многу за перење пуштам предходните денови




Melanija RR -> RE: Православни обичаи (27.9.2014 12:43:19)

27 септември
Крстовден (Воздвижение на Чесниот Крст)

Крстовден е празник на пост и покајание. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.




Melanija RR -> RE: Православни обичаи (31.10.2014 14:53:47)

Утре е задушница.Мислам дека само утре и до пладне во недела не се пере,пегла,чисти.... се оди на вечните почивалишта да се запали свеќа/
Друго што правите не правите на оваа задушница?




lolla RR -> RE: Православни обичаи (31.10.2014 15:09:52)

Меланија, јас мислам дека утре до зајдисонце не се работи, пере, итн.. дека после ечерта и недела си се работи, ама еве и некој друг нека каже како знае.




blond -> RE: Православни обичаи (31.10.2014 17:21:19)

Утре е задушница? Да не прочитав, највероајтно свекрва ми ќе ми кажеше утре :))) вака нема да сум изненадена.

Туку, додека бев бремена со синко, реков не одам ниту на погреби, ниту на гробишта, не поради бабини деветини туку поради избегнување на личен стрес. Е сега имам жеба да одам, не знам што да направам?!?

Јас мислам дека само утре не се работи, ама ај до вечер ќе ја прашам мајка ми па ќе ви пишам.




caciana -> RE: Православни обичаи (24.11.2014 23:21:11)

Od 27 mi Noemvri zapocnuva Bozikniot post.Site koi gi drzat ovie posti veke psihicki I fizicki Se podgotvuvaat.Boziknite posti Se vtori po dolzina ,posle Veligdenskite.Postot treba da bide so posna hrana(rastitelno poteklo) riba Se jade samo vo dozvoleni denovi.Postot zavrsuva na 7mi Januari,so primanje na svetata tajna Pricest.




Felly RR -> RE: Православни обичаи (25.11.2014 16:23:19)

Женски имаме тема Дали постите? Модераторот ќе ги префрли постовите кои се однесуваат конкретно на таа тема.




Melanija RR -> RE: Православни обичаи (28.11.2014 12:19:39)

Од денеска започнува Божиќниот пост[sm=smiley1.gif]

Кој знае може да сподели како и што се пости.Знам дека пред велигденските пости таа цела недела се мрси,но незнам за божиќкиот пост дали има нешто слично.

Интересно е што велигденскиот пост започнува во понеделни,а еве по календар божиќните во петок




Melanija RR -> RE: Православни обичаи (19.1.2015 14:50:34)

Измени во тековнава 2015г.

Кога се пости

Православната Црква има еднодневни и повеќедневни пости.
Во Календарот овие денови се означени со рамка околу датумот.


Еднодневни пости:

Среда и петок (освен т.н. редовни седмици)

Водокрст (спроти Богојавление) – 18 јануари
Отсекување на Главата на Св. Јован Крстител – 11 септември
Крстовден – 27 септември

Повеќедневни пости:

Велигденски пости
(од 23.02 до 11.04)
Петровденски пости
(од 08.06 до 11.07)
Богородични пости
(од 14.08. до 27.08.)
Божиќни пости
(од 28.11. до 06.01.)

Редовни седмици:

Во среда и петок се блажи во следниве седмици:

Од Божиќ до Водокрст
– од 07.01 до 17.01
Седмицата на митарот и фарисејот – од 24.01 до 31.01
Месопусната седмица
- од 07.02 до 28.02
Светлата седмица
- од 04.04 до 11.04
Духовденската седмица
– од 24.05 до 30.05




Melanija RR -> RE: Православни обичаи (19.1.2015 14:52:25)

Кога се прават помени
Молитвената грижа за починатите ближни, и воопшто за мртвите, освен за време на Литургијата (кога на Проскомидија свештеникот ги споменува имињата и на починатите на кои им е потребна благодатна помош) се совршува и со служење парастос? на нивните гробови, особено во деновите на општите помени (т.н. задушници). Тие се:

саботата пред Митровден;
саботата пред Сиропусната седмица;
саботата пред Духовден.

Помен не се служи:

за време на првата седмица по Велигденскиот пост;
од Лазарева сабота до Томина недела;
од Бадник до Свети Јован;




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>