lolla RR -> Онлајн линкови за вежби за трудници (16.9.2014 15:00:14)
|
Не ми се виде соодветна ниедна друга тема во овој форум, па мислев да отворам нова, ако сметате дека може да се припои со некоја - бришете и спојте ја. Сакав да споделам неколку линкови за бесплатни видеа за вежби за трудници при што главните работи се следните: 1. Секогаш да си го слушаме своето тело, доколку нешто не ни прија, не треба да се прави. Во вежбите да се два напор за да се предизвика телото да се зајакне нели, но секогаш во текот на сеансата треба да можете да водите разговор со друга личност. 2. Вежбите треба да се прават доколку се нема збрана од доктор. 3. По 16-20 недела да не се прават вежби кои бараат лежење на грб, може да се потпрете на подлактиците. По овие недели исто така да не се прават класичните вежби за стомачни мускули туку да се практикува вежбање на трансверзните абдоминални мускули со чие зајакнување би се избегнало диастазис ректи. 4. Во јога вежбите, да се избегнуваат извртувањеа на тој начин на телото при што, ке се јави извиткување (twisting) на абдоминалниот дел. 5. Да се пие многу вода, и потоа да се изеде проетеинска ужина. Да се одржи правилен ритмичен начин на дишење и да се прекине доколку се почувствува болка, крварење, несвестица итн... исто како кај небремените жени. 6. Да не се заборави дека неродените бебиња уживаат додека мајката вежба, правејки ритмични повторувачки движења, при што од подобрената циркулација тие добиваат свеж дотур на кислород и хранливи материи. Да не се заборават и другите бенефити од мин 30 минути дневно вежбање кои се за во друга тема. На интернет има многу избор: 1. Денис Остин, вежби за 1,2 и 3 семестар и кардио за секој семестар. https://www.youtube.com/results?search_query=pregnancy+exercise+denise+austin 2. Џесика Смит, кардио, тренинг со тегчиња и за истегнување , секој по 20 минути https://www.youtube.com/results?search_query=pregnancy+exercise+jesica+smith 3. Пренатална ѕога од различни извори - јутуб https://www.youtube.com/results?search_query=prenatal+yoga https://www.youtube.com/channel/UCCGxZSJ2YbDQDlCj2K-yxNA Супер канал на јутуб со многу видеа за секој семестар 4. 10 минутни пренатални вежби од попшугар https://www.youtube.com/results?search_query=prenatal+popsugar 5. Doyogawithme - мојот омилен сајт за јога вежби кои се бесплатни, линкот е до изборот на пренатални Доколку не ве води директно, во паѓачкото мени за Style, одберете Prenatal. http://www.doyogawithme.com/yoga_classes 6. Истегнување во бременост https://www.youtube.com/results?search_query=prenatal+stretch 7. Јога од Шива реа за трудни - почетничко ниво, нежна јога https://www.youtube.com/watch?v=_ICWP2rjm9g&index=31&list=UUKgd7SCllF2Nonpoo5WXfHw Del 1 https://www.youtube.com/watch?v=uGHHa1zLQEI Del 2 https://www.youtube.com/watch?v=M760_x_349Fhg Del 3 https://www.youtube.com/watch?v=EHouEHmC_xA Del 4 Ако некој е заинтерсиран, најефтина опрема како простирка, тегчиња, блокчиња и ремен за јога има во Џамбо. Пофенси опрема има во Медикус плус.
|
|
|
|