Yummy Mammy -> Телевизор во училницата (18.9.2014 9:36:41)
|
Секоја генерација првачиња купува телевизор за во училницата. Од една страна, се поставува прашањето колку е потребно да се има ТВ во секоја училница, и за што тоа се користи? Во наше време имаше еден кабинет со телевизор и видео, и таму ни пуштаа на пример филм работен според некоја лектира, па по гледање на филмот, ја анализиравме лектирата. Од друга страна, што со телевизорите кога децата ќе завршат училиште? По некоја логика, телевизорите остануваат во училиштето како своеволна донација од родителите (што е сосема во ред). Но, децата остануваат во иста училница до 3-4 одделение, а потоа одат во кабинетска настава. Еве да речеме дека телевизорот ќе го стават во кабинетот на класниот и ќе седи таму уште 5 год. Ако е така, до сега требаше сите кабинети да бидат опремени со телевизори кои ги купиле досегасните првачиња, тоа не е нешто што се расипува за 9 години.
|
|
|
|