|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
6.10.2014 10:21:18   
Melanija RR
Девојки постовите во врска со искуства од матичните гинеколози се префрлени во соодветна тема ТУКА user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 26
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 12:11:56   
Hopeful RR
Девојки, дали се нормални болките и грчевите во стомакот во овој период?
Од она што го видов на нет, ако се без крварење и подносливи, се смета дека се нормални, но сепак, понекогаш ме фаќа шубе затоа што баш и не ги очекував. До кога обично траат?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 27
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 12:26:30   
Bethany
Hopeful, нормални се болките, да се чувствуваш ко да ќе добиеш секој момент.
Јас на денот кога требав да добијам, толкави болки имав што се напив Ибупрофен, и со таблета ме болеше, морав да лежам, ама во секој момент очекував да добијам и ништо.
И сега имам од време на време болки, и во долниот дел на стомакот, и позади во половината, ама се благи.
А во прва бременост се сеќавам дека во текот на целата бременост знаеше да ми се појават болки ко менструални.
Исто бев исплашена на почетокот на прва бременост, одев кај доктор и тој не придаваше големо значение, викаше дека е нормално и по потреба и парацетамол да се напијам. Тоа од моето искуство.

Инаку, јас се уште не отидов на доктор, ама знам дека е рано и дека се уште нема ништо да се види највероватно, па со Господ напред ќе одам таму пред крајот на следната недела, ако не и покасно, ќе видам. А мачнините веќе ги осеќам, коишто ги немав во прва бременост и градите ме болат, ама не се жалам, не е страшно. Добро се осеќам, имам енергија се уште, на своја рака земав тифол (фолна) да пијам и магнезиум (магнесол) и ќе видам што ќе ми рече докторот кога ќе одам.

Е да, исто овој месец пред да дознаам да сум бремена неколку дена по ред пиев ибупрофен (поради реумата што ја осеќам во едната рака), и пиев алкохол многу вечери по ред. Не се опивав ама по чаша вино испивав обавезно. па сега се надевам нема да е страшно ништо, што мислите?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 28
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 12:31:32   
Mihaela 2010
Eve me I mene,12+2 dena,go teram prviot krug..
Denes pravev pap,brisevi mi zimaa,i 4 D...bebe nemirno mrda li mrda,se prevrtuva epten zivo,spored zemenite dimenzii e dobro,taka mi kaza dr.od tamo otidov pravac u drzavna za priska...
Dosta sum napnata,rezultati tek vo sreda...so gineko bas zborev sto ako nesto nedaj boze pokaze,mi vika ke prais amnio,vikam pa neli spored tebe e se ok??
I nisto konkretno ne mi odgovori..pa so gospod napred I so pozitivni ke gi docekam vo sreda rezultatite...eh stvarno mi e napnato ova cekanje ama koga se mora -mora..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 29
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 13:03:49   
Hopeful RR
Bethany, фала ти, добро е што знам дека не сум единствена. Цело време ми стои шубе да не добијам случајно, ама тоа е, прва бременост па не можам да се олабавам. Мислам дека не е проблем ни бруфенот, ни алкохолот. Може да е опасно антибиотик, но бруфен не верувам, плус не си го пиела многу. А за алкохолот, од она што го читав, не се дефинирани количините што може да го оштетат плодот и затоа се препорачува скроз да се избегнува, макар што во толку рана фаза како што си ти мислам дека стварно нема врска. Сите пиеме додека не дознаеме дека сме бремени (јас едино сега со ивф-то не пиев), всушност, како и се прават повеќето деца, ако не уз алкохол? user posted image

Mihaela, со среќа на приската, сигурно се ќе биде ок! Не си сфаќај при срце што ти рекол гинекологот, сепак тест е тест, затоа не се останува само на ехото. Ти држиме среќа за во среда! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 30
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 13:11:55   
kapina
Hopefull prasaj go doktorot dali da zemas magnezium zaradi grcevite obicno davat magnezium

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 31
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 13:19:22   
lolla RR
Хоупфул, магнезиум мацо и тоа 500мг дневно. И јас имав грчеви и од кога земам редовно Мг престанаа.

Бетани, со лесно нека е :) Не се секирај ни за алкохолот ни за апчето.

Михаела, стресно е чекањето, ама штом си било ок на ехото, ок си е бебчо уживкај.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 32
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 13:50:30   
Melanija RR
Дефинитивно магнезиум но консултирај се со гинекологот за тебе каков магнезиум,сите не пијат ист.Имаме и тема ТУКА

Mihaela 2010 не мисли се ќе биде ок user posted image
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

и пиев алкохол многу вечери по ред. Не се опивав ама по чаша вино испивав обавезно. па сега се надевам нема да е страшно ништо, што мислите?

И јас баш во тие денови имав пиено црно вино со се вкупна литража до кај 1,5 л user posted image не дека е за фалење ама не е страшно ,лошо е алкохолизирање

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 33
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 13:58:38   
Hopeful RR
Фала ви девојки, се зачудив затоа што веќе пијам магнезиум со месеци, бидејќи сум склона на грчеви во нозе. Пијам од тој на Natural Wealth, ама по едно на ден, па добро што ви ги видов препораките, и ќе појачам на 2 user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful -- 10.10.2014 14:02:49 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 34
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 14:40:55   
lolla RR
Мене ми препорачаа Мг од морско природно потекло па пијам на Биос лајн. Тој демек се апсорбирал подобро од синтетичкиот. Хоупфул, кога имаш закажно за срцева акција?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 35
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 14:48:09   
Mihaela 2010
Jas magnezium od sam start pijam zaedno so folna, sega teram so vitamini i plus mg.denes mi rece za otprilika 3 nedeli da pocnam po dve, sabajle i navecer.

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 36
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 14:58:45   
Hopeful RR
lolla, во среда сум на контрола, па се надеваме на 2 срцеви акции user posted image , па ќе прашам и за болките тогаш, заборавив минатиот пат.

Инаку каде го има тој магнезиум, лесно се наоѓа?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 37
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 20:10:34   
Mihaela 2010
Zenski aj edno prasanje...cela sum zatnata, t.e ednava nozdra mi se zatnuva pa me interesira dali smeam da stavam kapki Benil??

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 38
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.10.2014 22:41:52   
Melanija RR
user posted image постовите со инфо за магнезиум се префрлени во соодветната тема ТУКА ,така че мое полесно да се најде искуства за магнезиум

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 39
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
11.10.2014 11:20:27   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Mihaela 2010

Zenski aj edno prasanje...cela sum zatnata, t.e ednava nozdra mi se zatnuva pa me interesira dali smeam da stavam kapki Benil??


Jas ne ni znam kakvi se tie Benil?
A zosto ne se inhaliras na inhalatorot? Ili eventualno da gi zemes tie kapki so divo origano, ima i za vozrasni, ne veruvam deka bi trebalo nesto stetni da se.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 40
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
11.10.2014 11:30:07   
Mihaela 2010
Benil se kapki za nos, obicni, denes ke se inhaliram ne prestanuva nosov so gusti mrsulcinjauser posted image ..ke prasam i vo apreka nesto da mi dadat sto smeam

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 41
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
13.10.2014 20:00:08   
Hopeful RR
Како си денес, Mihaela 2010? Стави Бенил или природно се оправи? user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 42
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
13.10.2014 20:43:14   
Bethany
Еве да се пријавам. user posted image
Бев на преглед, ми ја потврди бременоста, сега сум 5+1 недела, се е уредно. За срцева акција за две недели до месец дена да дојдам.

Инаку, кај оваа докторка одев на приватно со прва бременост, паралелно кај неа и кај мојот матичен патував за штип, бидејќи кај неа можам само на ехо, а за брисеви треба да се маткам по болница тука, кај друг матичен, па највероватно ќе продолжам како и со прва бременост, паралелно кај неа и кај стар матичен.

Докторкава која патем има големо искуство и долг стаж позади неа, ми има кажано за полот во прва бременост уште во 12 недела и тоа беше прилично сигурна и врло самоуверено изјавуваше дека во таа недела таа го гледа полот и никогаш не греши. И кај нас не погреши.
Ама сега не изнасмеја, докторкава буквално постави рекорд во рано прогнозирање на полот user posted image Ми кажаа дека сум останала бремена веднаш по менструација, и дека обично женските деца се поголеми во ова недела на бременоста. Се изнасмеавме сите, останува само да видиме дали е така, секако само да е живо и здраво, па друго што и да е добредојдено е.

Ми препиша фемибион, гледам го има и на РР страната како реклама, ова е фолна + јод. Само тоа.
Ми спомена секако да избегнувам сувомеснато, паштети, мајонези, ајвар и други видови на џанк фуд. Нејзиното уверување е дека добра исхрана е пресудна за здрав развој на бебето, и дека зголемен број на дефекти кај бебиња е поради неквалитетна исхрана (секако не единствен фактор, ама многу битен). Што помалку вештачки работи, па и витамини, што повеќе свежо.

Ете , се ви прераскажав. user posted image
Јас се чувствувам добро, со мачнини од време на време, градите ме болат, од време на време чувствувам притисок во стомакот, зачестено мокрење, ама се е издржливо. Фала на Бога и само нека продолжи да биде се во ред кај сите.

Вие како сте?
Да спомнам дека многу ми е мило што ќе можам оваа бременост да ја поминам со РР, првата поминав некаде пред крајот, ама сега од почеток има да ви здосадим со моите постови надолго и нашироко. Како некој дневник за бременоста да водам user posted image

Ајд доста од мене. user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 43
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
14.10.2014 8:36:28   
Mihaela 2010

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Како си денес, Mihaela 2010? Стави Бенил или природно се оправи? user posted image

Prirodno se opraiv...so limoni,potrokali,med....i fala bogu mi pomina

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 44
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
14.10.2014 10:56:07   
Hopeful RR
Bethany, супер, уживај си во деновите и месеците што следат user posted image

И јас имам мачнини, но без повраќање. Вчера толку беа интензивни што очајно сакав да повратам, ама не и не. Градите не можам да си ги допрам од што ме болат, едвај облакам прслуче user posted image

Mihaela 2010, супер за настинката. Мене се ми се чини дека закачувам некој цистит, ме пецка од време на време, и пијам увин чај и брусница како луда, па еве го контролирам.

И мене ми е задоволство што си ги споделуваме овие искуства заедно, баш е како дневник. Утре имам закажано за срцева акција, па држете среќа да чуеме две user posted image user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 45
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
14.10.2014 17:00:49   
blond
Здраво мешковци,
Хоупфул, како јас да се читам, градиве ме болат, вчера цел ден лежев ич не ми беше арно, страшни мачнини но без повраќање. Денес сум одлично.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 46
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
14.10.2014 17:08:49   
Hopeful RR
Ај да не пишувам на сто теми - честитки, blond! user posted image user posted image user posted image

Колку си, до каде си? Ти посакувам оваа бременост да ти биде вистинско уживање цели 9 месеци! А на симптомите џабе им е, не можат да ни го расипат убавото расположение! Сега ќе одам дома да си легнам малце user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 47
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
14.10.2014 17:12:57   
blond
Фала фала, да се изнауживаме до крај user posted image
На почеток, исплашена од претходниот спонтан, 8+1 сум, со потврдена срцева акција, едно бебуле е. И така. Тркавалам се по дома, до четоврток сум на боледување, потоа на работа се враќам...Уф....

< Поракaта ја уредил blond -- 14.10.2014 17:14:01 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 48
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
14.10.2014 17:16:13   
blond
Туку освен фолна, пиете нешто друго? Мене др ми препорача веднаш со витамините за трудници и магнезиум да почнам. Со првото магнезиум пиев при крај на бременост, а со витамините после 13 недела почнав.

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 49
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
14.10.2014 18:59:04   
Bethany
Ооо Блонд, welcome to the club user posted image
Што е убаво друштвото тука! Честитки најголеми за тебе user posted image

Јас не пијам ништо друго освен фолна и магнезиум шумливи, ама докторката вчера ми препорача тоа што препорача, ама да ги испијам овие што земав уште од почетокот на своја рака, па после ќе видам. Не сум баш послушен пациент со овие препораки за витамини, знам дека прават и тие маркетинг на одредени работи. Јас си гледав сега на амазон мултивитамини за трудници, многу се поефтини неголи тука, па ќе порачам преку некои пријатели да ми донесат, а во меѓувреме или ќе купам тука некои, можеби токму тие фемибион 1 што ми предлагаше докторката, тие се пијат до 3 месец и колку што ми кажаа она содржат само фолна и јод.


Хоупфул, ќе слушнеме убави вести утре. Не се грижи, бебушките си растат user posted image

Женски, јас сум за никаде денес. Настината сум, ама издржливо е. Само тт да не качам. Ама и во прва бременост на почетокот ептен настинав, имунитетот падне поради новата состојба и тоа е. Ќе се лечам сега. user posted image



_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 50
Страница:   <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 [2] 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?