|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 12:14:44   
tea 88
Jas imam zabelezano deka koga sum gladna poveke mi se gadi nautro,a koga ke kasnam banana ili biskvita mi pominuva. Tuku da te prasam Hopeful od koga ti se pojavi hematomot kolku vreme imas kafeav iscedok? jas od cetvrtokot od koga iskrvariv imam kafeavo na vloskata celo vreme,a koga odam vo wc kako parcenca i konci izleguvaat,isto i na toaletnata i ponekogas na vloskata kako grutce kafeavo pomesano so utrogestanot.ponekogas e posvetol kafeav iscedokot a nekogas temno kafeavo.mislis od hematomot e ova ,mene me faka strav sega da ne ima nesto vrska so embrionot.mene mi e tret den vaka so kafeavo(od cetvrtokot).

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 201
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 12:31:08   
Hopeful RR
Tea, од хематомот е гарант. Јас прокрварев на 21 октомври, слабо крварење имаше уште следните 2-3 дена мислам, а после тоа неколку дена немаше ништо, само темен исцедок на долната облека. Попосле почнаа згрутчените темно кафеави, скоро црни парталчиња, и уште искачаат. Понекогаш се како грутчиња колку нокт, понекогаш како точки или конци, понекогаш помешано со Кринонот... Кај мене трае подолго дека поголем хематомот, и мислам дека си ок. Кога си на контрола?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 202
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 12:36:52   
tea 88
Utre sum na eho kaj maticnata,tamam i prog.depo inekcijata tamu da mi ja stavat. Nabrzo e znam, ama radi clexanot inekciite mora da otidam da me vidi i da se dogovorime sto kako. Mi e strav da otidam epten da ne pocnam da krvaram pak,ama sto da pravam toa e.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 203
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 12:40:30   
Hopeful RR
Не, ич не се плаши - подобро оди да се види како е, дури и да прокрвариш од физичкото движење. Јас сум тек следниот вторник, и немам трпение уште недела дена user posted image Инаку дали внимаваш прогестеронот да го ставаш секој пат во исто време? Мене ми го потенцираа тоа и гледам да е тука некаде, плус минус 15 мин.

Со среќа утре и пиши ни! user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 204
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 12:43:46   
gina
da i mene mi e mnogu milo sto sme na ova tema i daj boze sto pobrzo i drugite rr da ni se priklucat
si pretpostavuvav deka taka se racuna nedeli so denovi ama ne bev sigurna

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 205
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 12:44:25   
tea 88
Nisto ne mi kazaa deka treba bas vo isto vreme, neznam prvpat slusam.ti na kolku dena ja stavas,i doma idi nekoj ili izleguvas samo za toa?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 206
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 12:50:37   
Hopeful RR
Ставам секој четврти ден, пред хематомот по 1/2, а сега една цела ампула. Во работни денови одам кај матичната докторка (не гинеколог, него обична матична), тие се фини и ме боцкаат редовно, а за викенди одам во дежурната амбуланта кај мене во маало. На дежурен одам пешки, на 2 мин ми е, а кај матичната одев со кола пред хематомот и со такси после тоа, затоа што не смеам да возам.
Овие ги ставав и после секоја инсеминација, а и сега со ивф-то, и тоа за тајмингот неколку пати ми го кажаа во Систина, и тогаш и сега. Не би ја ставала сама затоа што е мрсна и тешко се става, башка боли потоа, и сепак ја препуштам на професионалци.

< Поракaта ја уредил Hopeful -- 9.11.2014 12:52:17 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 207
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 13:01:18   
tea 88
Ama taa e muskulna sama i jas ne mozam,i mene mi rekoa na tri dena sega pa i jas si racunam sekoj cetvrti den, isto cela ampula.a neznam zosto ne mi naglasija vo isto vreme.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 208
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 13:04:11   
Hopeful RR
Нема врска, може изумиле. Секако гледај да го запазиш тоа, за да има редовна доза прогестерон во телото - затоа е депо, дека се депонира и трае подолго. Јас се боцкам во 9-9.15 сабајле, баш денес се боцнав и дури и ја пофалив сестрата колку убаво ми ја стави user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 209
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
9.11.2014 13:33:20   
sonce79
Devojki, na kogo mu treba, Femibion 1 ima vo aptekata vo Zebra i vo Bunjakovec,taa sto gleda pozadi,ne nakaj partizanska...
Za tamu znam sigurno, a stom pocnale ke gi ima nasekade sigurrno

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 210
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 10:44:08   
Hopeful RR
Девојки, имам една чудна недоумица - утре треба да правам крвна слика со уринокултура, а се уште имам остатоци од стара крв кои излегуваат кога одам во тоалет. Како да не завршат во чашката за уринокултура? user posted image И дали може да биде проблем тоа што ставам Кринон пред спиење? Да не не треба да ставам вечерта пред уринокултурата?

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sonce79)
Непосредна врска до пораките: 211
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 10:47:30   
lolla RR
Хоупфул, нема проблем за кринонот и мокрача. Ке си внимаваш само понапред чашката постави ја, да биде меѓу двата отвори, можеш и денес испробај.

Кринонот е проблем изгледа за брисеви, мене ме испаничија со паразит некој во грло на матка, па после матичната вика изгледа од кринонот се испомешало.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 212
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 10:54:02   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful

Девојки, имам една чудна недоумица - утре треба да правам крвна слика со уринокултура, а се уште имам остатоци од стара крв кои излегуваат кога одам во тоалет. Како да не завршат во чашката за уринокултура? user posted image И дали може да биде проблем тоа што ставам Кринон пред спиење? Да не не треба да ставам вечерта пред уринокултурата?


За уринокултура, најпрепорачливо е првиот млаз да го пуштиш во шолја, таман ќе излезе се и потоа да измокриш во чашка, така ќе се добијат попрецизни резултати, ова ми е препорачано од гинеколог. Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 213
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 10:58:02   
Hopeful RR
Фала ти Loveable Me, плус треба и претходно миење, така што веројатно ќе успеам да однесам чиста урина. Не сум сигурна за Кринонот, додуша... Ми се чини некој имаше пишано да не се става претходната вечер и сега тоа ми е дилемата...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 214
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 12:13:16   
blond
Како сте мешиња? Јас имав пробеми со РР и не можев да постирам, се логирав ама не можев никако да пишувам, ми отвараше други страни, наместо прозорчето за одговор. Нема врска. Битно сум супер, бебуш исто. и бидејќи сум 12+1, дали тоа значи дека ве напуштам од тука? И одам во следно тромесечие? user posted image

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 215
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 12:45:03   
Hopeful RR
Мислам дека уште некој ден си тука, а со полни 13 недели можеш да се префрлиш во другата група user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 216
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 13:57:03   
tea 88
Hopeful i jas nekade niz forumive citav deka vecerta ne stavale crinone koga pravale urinokultura,mislam vo prviot del bese.a ne mozes na tel.da prasas dali ima vlijanie i dali da stavas vecerta ili ne?

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 217
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 14:54:37   
Hopeful RR
Ми се смачи да вртам по телефон за сенешто, ионака не дигаат од одма, ќе окапам. Инаку не прави проблем Кринонот, проверено од РР во иста ситуација user posted image не треба да се става само ако се земаат брисеви, инаку за ова не менува.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 218
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
10.11.2014 20:42:03   
Milicka 30
Здраво идни мамички, денес бев на прва контола 6+2 сун. Слушнавме срцева акцијааа,....ќе си летнев од радост ,цело бреме бев напната... А пошто мене ми вратија 2 ембриони како шѕо виде др едниот се развива а другиот сеуште не...ми вика дека можел да се развива, за 3 недели повторно сум на конттола. Правев крвна слика и уринокултура во ред се , од терапија продолжувам со уттогестан 200 3х1, аспирин, фолна и магнезиум. Друго имам мал хематом 13х5 мм ама ми вика тоа е нормално. Знам дрка Хоупфул и Теа88 одмарате мене ништо не ми кажаа.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 219
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
11.11.2014 11:46:37   
tea 88
Bravo Milicka 30 znaci gi slusna najubavite zvuci.i mene na prvoto eho mi rekoa e edno a veke po edna nedela se pojavi i drugoto. A za kontrola drTase mi rece na 2 nedeli,plus i kaj maticnata si odam jas.a za hematomot te sovetuvam poveke da odmaras zasto mojot bese prviot pat 3-4 mm.po edna nedele 7 mm(togas kafeav iscedok imav),i po 3 dena (koga cel den bev Skopje transfuziologija)se zgolemil na 1.23 mm i togas prokrvariv.i jas bev vcera na eho kaj maticnata mi kaza deka hematomot pocnal da se resorbira,i sega ponedelnik sum kaj dr Tase povtorno na eho.

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 220
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
11.11.2014 12:13:10   
Milicka 30
Tea88 јас и на работа си одам, мада мене работата ми е со седење, поручек одмарам цело време, буквално ништо не сум фатила да работам user posted image . Другата недела ке одам кај матичниот на контрола па ќе видиме, дај боже се да е во ред.
Вие како стее? Растат ли мешињата?

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 221
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
11.11.2014 12:29:00   
tea 88
Dobro stom dr taka ti kazal toj najdobro znae.i mene moze ke mi pominese pobrzo da ne bev cel den 12 h Skopje na noze i nervozi so toa rezultatite.neznam vas kako vi e ama mene sekoja kontrola mi olesnuva koga ke otidam na eho i odvaj cekam da dojde narednata nedela za kontrola i kako strav pocnuva da me faka dali se ke bide dobro dr.nedela,sto ako ova sto ona.ama toa e sigurno cel den sto lezam doma i normalno umot samo tamu mi e.

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 222
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
11.11.2014 12:50:54   
Hopeful RR
Сите сме исти, и јас едвај чекам на контрола следната недела user posted image

Milicka30, браво за срценцето! Нека си расте и нека се развива во меше кај мама, а за хематомот одмарање со нозете нагоре, тоа прави разлика. Гледај и на работа ако можеш да ги подигнеш нозете, и кога си дома лежи си.

Сабајлево бев за крвна слика, уринокултура (успешно земен примерок! user posted image ) и гликемија, резултатите ќе ги земам во четврток и здравје, во вторник во Систина. Мешковци растат богами, дека дома по тренерки и хеланки, и тек кога треба вака да се облечам за надвор сфаќам дека се ми е тесно, ама ако, само нека растат user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот tea 88)
Непосредна врска до пораките: 223
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
11.11.2014 14:18:08   
lolla RR
Миличка30, user posted image , сега малку релакс и уживкај си во бременоста.

Тоа со грижењето си трае изгледа цела бременост, јас уште секој ден се грижам за нешто. Само позезнато е во периодот кога не го чувствуваш бебето сеуште, мада вие претежно тука сте со близначиња, па ке почнете мнооооогу поранко да ги чувствувате. Е тогаш дури почнува забавата, главна саботна журка со мажите ке ви биде зјапање со саати во стомакот чекајки го да мрдне user posted image

Уживајте!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 224
   RE: Трудници во првото тромесечје - до 12 нед...
11.11.2014 20:27:21   
gina
Milicka30 bravo za srcenceto sega neka rastat a ti uzivaj vo bremenosta

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 225
Страница:   <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  7 8 [9] 10 11   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?