Дневен престој за училишни деца (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


Snowhite RR -> Дневен престој за училишни деца (20.9.2014 17:22:13)

Кај нас во градот до сега имаше само во една градинка дневен престој и приватен дневен престој во игротека, при што организирано ги носеа децата од училиште по завршувањето на часовите до градинката или обратно, ако се одручек на училште, родителите ги носат во дневен престој, а потоа оттаму на училиште. Оваа година отворија дневен престој и во училиштето каде што ќе треба да учат моите деца и тоа ми е олеснително бидејќи двајцата работиме, а и свекрва ми уште две години ќе има до пензија, па така првите две години сакаме не сакаме М ќе мора да оди во дневен престој бидејќи ќе биде мал за сам да се враќа дома и сам да седи дома.
Е сега некои родители се фалат дека таму пишувале и домашни, што исто така ми е олеснително бидејќи работата ми е психичка и напорна, а како што знаеме нивната програма е тешка, тешко дека ќе можам после работа да седнам и да пишувам домашна
Се разбира ќе ми биде и малку криво затоа што нема да пишуваме заедно домашни и да учиме, а и ќе ми биде криво дека повторно ќе мора секој ден рано да станува и цел ден да го поминува на училиште, ама немаме друг избор




Палешка РР -> RE: Дневен престој за училишни деца (20.9.2014 19:09:23)

Внука ми оди во престој во тоа училиште Snowhite и сестра ми е задоволна. Таму јадат еден ручек и една ужинка (им носат од ресторан) и треба да пишуваат домашна и да имаат едукативни активности. Додуша внука ми досега не се вратила оттаму со напишана домашна [sm=smiley36.gif] ама можи до детето е. Плаќаат 200 денари од ден и таму се до 16 часот. Сестра ми не оди на работа ама ја остава во престој за да биде со деца и да научи нешто +.
И јас мислам дека тоа е супер новина во училиштата!




Felly RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (21.9.2014 8:17:12)

Во секој случај убаво е да има, може и јас некогаш ќе имам потреба да ја носам дали пред часови или после, и убаво е да знаеш дека може да си остане на училиште, со другарчиња, со учителка, а не да бараш некој слободен да може да ја чува дома.
ВО врска со домашната, може и не стигнуваат сите деца да напишат, но во престојот се собрани сите деца заедно од различни одделенија, има и прво и второ, трето, па може наставничката што ги чува не стигнува да ја сработи домашната со сите - тоа ако на сите им треба помош. АКо можат да работат самостојно тогаш и полесно ќе и биде нормално зошто секој ќе си ја работи својата задача, а таа само ќе ги проверува. Некаде прочитав дека само во целодневна настава ја пишуваат домашната, а во престој не. А и мене некако пологички ми е -ако е детето попладне да ја напише домашната кога ќе си дојде од училиште. Ако го носам од сабајле во престој - ќе гледам да го пратам со напишана домашна задача. Не знам како им е организиран денот, но сепак во престој имаат и просторија за одмор со ТВ, па сигурно не се цело време на столчиња да работат.




vezilka RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (25.9.2014 8:22:27)

Според мене ако веќе детео мора да останува и попладне тогаш целодневна е подобра опција. Дневниот престој се сите деца од различна возраст и нема баш атмосфера за едукативни активности. Повеќе е да им помине времето. Домашни ретко пишуваат оти не се стигнува. Некои групни игри исто тешко успеваат оти децатљ се на различна возраст и на крај сесе сведува на распашана команда систем. И плус во некои училишта се собираат и по дваесет и кусур деца на една учителка, така да не може многу да се очекува дека нешто ќе сработат. јас не би у дневен престој ако има целодневна.




Snowhite RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (25.9.2014 22:32:41)

Vo igrotekata kaj nas vo koja ima dneven prestoj pisuvaat domasni sekoj den i isto mislam deka imaat uzina i posle si igraat dodeka da gi zemat roditelite. E sega ne znam vo ucilistevo kako e, zatoa me interesirase, ako se plaka na den super ke mi odgovara zasto moze nekogas ke go zemaat majka mi, taka da moze nema da ima potreba sekoj den da ostanuva




vezilka RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (26.9.2014 16:27:37)

По школиве во Скопје се плаќа месечно околу 1500 мислам, ама не фаќај за збор околу сумата. А не з ам како иде со ужинката, дали од таму или секој си носи, не знам.




Палешка РР -> RE: Дневен престој за училишни деца (26.9.2014 17:15:01)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Vo igrotekata kaj nas vo koja ima dneven prestoj pisuvaat domasni sekoj den i isto mislam deka imaat uzina i posle si igraat dodeka da gi zemat roditelite. E sega ne znam vo ucilistevo kako e, zatoa me interesirase, ako se plaka na den super ke mi odgovara zasto moze nekogas ke go zemaat majka mi, taka da moze nema da ima potreba sekoj den da ostanuva



Дневно се плаќа во училиштето. Ако следниот месец не оди, или некој ден не оди, не се плаќа.




niki -> RE: Дневен престој за училишни деца (26.9.2014 22:29:02)

kaj nas vo ucilisteto postoi nesto sto e pomegu celodnevna nastava i dneven prestoj
bi trebalo decata da imaat + casovi von redovnite, no lani ne pratija uciteli pa taka samo se pisuvase domasno
godinava sme uste vo iscekuvanje na uciteli za dodatnite casovi od celodnevnata nastava
inaku za domasnite sakav da se osvrnam, iako kerka mi sekoj den doaga doma so napisani domasni toa ne znaci deka doma ne treba da se raboti so deteto
domasnite treba da se proverat dali se kompletni, dali ima greski, dali se uredno napisani, bas vo dnevniot prestoj ne vnimavaat na tie raboti taka da nie doma sekoj den briseme i pisuvame odnovo
lani mnogu poveke vezbaa citanje, godinava im se smeni ucitelot i voopsto ne vezbaat citanje pa pak doma i toa mora go pomineme
iskreno gi zalam decata koi odat vo dneven prestoj, cel den imaat obvrska da bidat vo klupa i potoa doma pak gi ceka ucenje
nam kako vraboteni roditeli ni odgovara decata da bidat nekade zgrizeni no decinjata gi preopteruvame taka
jas edvaj cekam da zavrsi sezonava i da prestanam da rabotam i detevo da pocnam da go zemam porano od skolo, vaka nemame vreme za nisto




Snowhite RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (27.9.2014 22:08:51)

Znam niki i mene mi e zal za toa sto cel den ke bide na uciliste i sto ke mora i togas koga ke bide vtora smena da stanuva rano, ama nemam drug izbor ili toa ili da otkazam od rabota




Snowhite RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (9.10.2014 23:41:28)

Сега си напрвив математика и вака ако се плаќа 200 ден од ден тоа би било некаде 4000 ден минимум месечно, што и не е така ефтино, ќе мора да се бара и некое друго решение и да се комбинира со ова, да останува во дневен престој ептен ако нема со кого. Ќе мора да ангажирам и баба, дедо изгледа[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (13.11.2014 12:19:33)

Мислам дека имате погрешна информација, не верувам да е 200 ден.




Mihaela 2010 -> RE: Дневен престој за училишни деца (13.11.2014 13:54:11)

2000 den se plakja i hrana vleguva vo sumata




Snowhite RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (7.9.2015 13:47:10)

Го запишав во дневен престој М, ама ќе почнеме од другата недела, зашто оваа недела имаат по два часа и после ќе седат во училница до 12 додека ги земат за во дневниот, а од следната мислам дека ќе имаат по повеќе часа и може ќе почнат и со домашни, па така ќе има што да прават и во дневниот плус и со храна од следната недела ќе почнат, така да јас зедов одмор оваа недела па не го носам.
Туку нешто друго ме интересира што мислите. Гледам дека во дневен престој ги запишуваат и деца чии родители не работат, односно мајката не оди на работа и може да му се посвети на детето, а сепак одлучуваат за дневен престој, најверојатно да се ослободат од обврската да пишуваат домашни и да учат со нив. Јас да си кажам не сум задовоолна од ова, зашто во одделението се по 32 ученици, што е многу и учителката не може да им се посвети на сите, па во дневен ако се помалку ќе може таа учителка преку домашните да им дообјасни, а вака излегува дека во дневен ќе бидат повеќе оттколку на училиште.
Мое мислење дека училиштето не би требало да им дозволува дневен престој на тие деца чии родители не работат. Ама најверојатно за пари се се може, за жал




miana -> RE: Дневен престој за училишни деца (8.9.2015 10:10:12)

oooo ne se slozuvam so tebe, ama voopsto. Dneven prestoj e za site, ne samo za vraboteni roditeli. Kaj nas nema dneven prestoj, ama se bi dala da imase. Vraboteni sme i jas i mm, sveki gi cuva i ne e vrabotena i nema obvrska da raboti so kerkami. Ama so ova novava programa ( je...ti nova programa) treba site da odat vo dneven prestoj, pa da vidime sto ke gi naucat decava... Im dale domasna, ravenki so edna ili dve nepoznati i da sobiraat so premin, a toa nikogas ne go ucele... primer kerkami e treto oddelenie i ima 7 ipol godini i ima zadaca 39-11+? =45 i ajde sega odi objasni mu na ova dete kako da ja resi a vo skolo ne ucele ni premin ni ravenka so edna nepoznata. Epa da odese vo dneven prestoj oni ke i objasnea ..i pazi kaj mene doma ima tri vrvni matematicari, i ne uspevaat da mu objasnat na deteto.. Ne e krivo deteto, krivo e obrazovanieto!!!! Ripaat po celi lekcii. I kaj jas da se zalam sto dvajcata rabotime a nemame dneven prestoj, doagame premoreni i resavame vakvi zadaci i eden kup drugi domasni? Pa i da si nevrabotena ke ti otide cel den vo resavanje domasni, a kukata ke ti "proodi". Dneven prestoj e raj ! Sum odela i jas i znam kolku mi bil od korist..Dojdi si doma, sloboden, a ne da ti vikaat celo vreme- ajde sednuvaj, fakaj domasnoto..




Mihaela 2010 -> RE: Дневен престој за училишни деца (8.9.2015 16:56:25)

Se slozuvam vo celost so miana..mene me iritira i ona koga ke kazat po gradinkive ehh majkava ne raboti saka doma da uziva a deteto go prakja vo gradinka, pa nie tuka puknavme so 30 deca.alooza toa si platena, ako ne ti se raboti daj otkaz.sto ke pravi doma ke gleda turski serii??? Da ne zabeguvam, znaci dnevniot prestoj e super rabota i fala bogu kaj nas ima..i doma da bev ke si idese




Snowhite RR -> RE: Дневен престој за училишни деца (8.9.2015 19:50:39)

Значи јас не зборувам за градинка, таму ок и да не одат на работа родителите убаво е да одат некое време децата во градинка за да се социјализраат и да се подготват за на училиште. А миана ако вие сте вработени сигурно дека бабата нема обврска да ги чува, во вашиот случај убаво е да биде во дневен престој, ама не сум сигурна колку ќе му објаснат и таму, ако се над 60 деца.
А и програмата, те читам цело време, не е толку страшна, ама тоа во друга тема ќе пишам




niki -> RE: Дневен престој за училишни деца (9.9.2015 19:23:24)

kaj nas dneven prestoj ima za deca na vraboteni roditeli
pritoa grupite se mesani i moze da bidat deca od tri razlicni oddelenija
a kolku im doobjasnuvaat e diskutabilno, lani ucitelot Imas praktika resenieto da go pisuva na tabla bez da proveri dali site deca ja resile zadacata, a decata brgu naucuvaat da prepisuvaat bez da se trudat i sami da go najdat resenieto
taka da komu mu e vazno obrazovanieto na deteto, treba da se potrudi sam doma da go sledi napredokot na deteto bez ogled na toa dali e vraboten i dali ima moznost da go zapise deteto vo dneven prestoj




Страница: [1]