tincule -> RE: Приватни Училишта (19.10.2014 10:39:29)
|
Јас сум за детето да се занимава со некоја додатна активност вон школо. Меѓутоа би го запишала на нешто што него го интересира а не она што јас би сакала да биде или со нешто што јас би сакала тоа да се занимава. ЈАс на пример идев на карате, на гимнастика, латино танци, пливање, играорна, и можам да кажам дека бев посамостална, стекнав дисциплина, одговорност и се забавував, запознав полно пријатели. За дете е убаво доколку родителите имаат можност и можат да си го дозволат тоа се разбира. Плус ако имам темпераментно дете полно енергија убаво би било да се занимава со некој спорт да ја исфрла таа енергија од себе, за да бидеш раат по дома [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]Друго, дополнителни часови за учење као детето не разбира па ќе давам пари за дополнителни часови да може да го помине овој или оној предмет не се сложувам зашто тоа си е работа на наставничката ако моето дете имало потешкотии во разбирање тоа си е нејзина грешка нека се потруди и нека му обрне повеќе внимание, па после и со мене дома. А да давам пари плус зашто некој не си ја врши работата или зашто моето дете не слуша на час тоа мало морген. Или него ќе го стегнам или со наставничката ќе разговарам. Само она што малку ме кочи е што многу се високи (на некои места) цените за месечна чланарина, некаде стигнуваат и до 2000 денари месечно, што не секој може да си дозволи.
|
|
|
|