Melanija RR -> RE: Денес е светски ден на . . . (25.11.2015 15:10:21)
|
25 ноември ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН ПРОТИВ НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИТЕ Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство бара ратификација на Истанбулската конвенција, а централните институции и локалните власти да издвојат средства за функционирање на специјализираните сервиси за заштита и поддршка на жените жртви на семејно насилство. Барањата се по повод 25 Ноември - Меѓународниот ден против насилство врз жените. Според официјалните податоци на Министерството за труд и социјална политика има четири прифатни центри за згрижување на жени жртви на семејно насилство и уште еден центар, раководен од невладин сектор. Постои еден кризен центар кој е раководен од невладин сектор, еден советувалишен центар и пет центри за бесплатна правна помош, раководени од невладин сектор. Извор:Утрински.мк
|
|
|
|