Snowhite RR -> RE: Не можам да одам, носи ме во раце! (9.10.2014 22:27:19)
|
Порано како помал имав ваков проблем, само во раце бараше. И тоа кога излегувавме од дома не сакаше да ја земеме количката и по 5 минути бараше за в раце, или ќе ја земевме и пак не сакаше во количка и морав да го носам во раце и да ја туркам количката. Јас му заминував и го оставав и тргнуваше, не секогаш, некогаш се инаетеше се додека не го кренев, ама се договорав до некаде да го носам в раце и после да оди малку пешки и после пак да го кренам и така, значи ако се изморев немаше шанси да го кревам. Е сега не прави така, зашто сестра му е помала и обично сите заедно излегуваме и така се одвикна, ако некогаш сме само јас и тој, ќе речи дека се изморил ама сега е голем и не ми паѓа на памет да го кревам в раце. Сега едниствено го носам в раце до креветче кога си легнува, зашто тогаш нешто се лигави и на сабајле до кола, ама не секогаш
|
|
|
|