Felly RR -> RE: Правилници и законски акти за училишта (9.10.2014 11:42:41)
|
Не знам дали постои некаков правилник каде има некои одредби за училишни униформи, но според мене, не смее детето да се отстранува од час, заради неносење на униформа, исто како што не смее да се отстранува од час заради неносење на училишен прибор (учебник, тетратка и сл) или пак опрема за на физичко. всушност и овие работи се побитни за непречено следење на часот, а за тоа не се отсртануваат, па ми нема логика заради униформа да не се пушти некое дете да го следи часот. И како тоа кога образованието е бесплатно и не смее да се бара да се купуваат работни тетратки, а може да се бара да купуваат родителите униформи?!? Пак нелогично - што е побитно за наставата, да има ученикот некое дополнително наставно средство или да имаат сите иста облека? Сепак блу_блу, мислам дека одговорите треба да ги барате во општината и во Министерството, бидејќи како што те сфатив, општината е таа која одлучила за униформите, што значи дека училиштето само ги следи упатствата на Општината.
|
|
|
|