Епилепсија и бременост (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Anonimen -> Епилепсија и бременост (14.10.2014 12:08:04)

dali nekoj imal iskustvo so piene apcinja za epilepsija vo tek na bremenost? moja bliska licnost dve godini e na terapija Lamal protiv epilepticni napadi i se plasi da zabremeni zatoa sto nekolku doktori i velea deka ke mora da gi prekine lekovite zasto bile stetni za bebeto, a megutoa mnogu doktori i rekoa deka ne smee da gi prekine i deka se bezbedni.
sega ne znae kogo da slusa, mislenjata se podeleni.

Mnogu bi mi znacelo dokolku nekoj spodeli iskustvo so primanje vakva terapija pred za vreme i po bremenost.

Vi blagodaram odnapred.




Melanija RR -> RE: Епилепсија и бременост (15.10.2014 21:51:54)

Анонимен можам да ти посочам статија на Рингераја.мк токму со таа тема Епилепсија и бременост-ТУКА




Melanija RR -> RE: Епилепсија и бременост (16.10.2014 14:16:54)

Постар но корисен пост токму на оваа тема

23.6.2010 15:34:22
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка РР

Сестра ми има епилепсија. Води нормален живот, мажена е, роди дете, но под лекарства е нон-стоп, Тегретол и Апаурин. Таа се сеќава пред да има напад и легнува, тоа го спречува или ублажува нападот.
Баш деновиве мислев да обработувам тема Епилепсија и бременост.





Felly RR -> RE: Епилепсија и бременост (21.10.2014 11:55:35)

Еве информации во врска со темава од страната на Ремедика

ЕПИЛЕПСИЈА И БРЕМЕНОСТ

Со години жените кои имат епилепсија беа обесхрабрувани да станат бремени. Денеска тоа
повеќе не е така. Благодарејќи на редовна пренатална грижа повеќе од 90% од бремените
жени кои имат епилепсија раѓат здрави бебиња.
Некои жени кои имат епилепсија имат менструални ирегуларност како и други проблеми кои
зголемуват проблеми со зачнувањето. Лековите што ги земат за контрола на нападите можат
да придонесуват кон инфертилитетот.
Жените кои имат епилепсија се соочуват со зголемен ризик од појава на компликациите
поврзани со бременоста, као што се: тешки утрински мачнини, анемија, вагиналното крварење за време и по бременоста, предвременото одлепување на постелката, зголемен притисок и протеинурија по 20 гестациска недела (прееклампсија), предвременото породување, породувањето на бебињата со помалата породилна тежина.
Секоја жена реагира на бременоста различно. Кај најголем број на жените кои имат
епилепсија, нападите остануват исти. За некои, нападите се намалуват, а за другите, особено
кај оние со слабо контролирана болест, бременоста ги зголемува број на нападите.
Готово сите лекарста кои се земат нарочно во почеток на бременоста можат да делуват на
бебето. Вродени дефекти вклучувајќи расцеп на непцето, дефекти на неуралната туба,
абнормалностите на скелетот како и вродените срцеви и дфекти на уринарниот тракт се од
главен интерес кога станува збор за земање лекарства за контрола на нападите.
За бебињата на кои мајките земат лекарства за контрола на нападите ризикот од вродени
дефекти е од 4 до 8 %, споредено со 2 д0 3% за сите други бебиња (податок од Фондацијата за
епилепсија). Ризикот изгледа дека е најголем кога се земат комбинирано повеке лекарства за
контрола на нападите. Меѓутоа, без лекарствата, неконтролирани напади можат да го остават
бебето без кислород. Нападите исто така зголемуват ризик од спонтаниот абортус и
породувањето на мртов плод.
Мал број на жени можат да прекинат земање на лекарствата пред бременост.За најголем број
најдобро е да продолжат со третманот во тек на бременоста. За да се намали ризикот за
родилката и за бебето треба да се земат најсигурни лекарства во дозата која е ефикасна за
одреден тип на нападите, препишани од неуролог. Не постои поединечен лек кој е најбезбеден
за секоја трудница.
Како бременост напредува волуменот на крв се зголемува, бубрезите можат да ги
одстрануваат лековите против нападите од телото побрзо от колку што е вообичаено. Затоа
најчесто е добро да се зголемува дозата на лекот во тек на бременоста и покрај загриженост
за негово делување на плодот. Тешки мачнини пратени со повраќање во тек на рана бременост
можат да го нарушат балансот исто така. Поради тоа некогаш има потреба почесто да се врши
прилагодување на дозата за да се одржи контролата над нападите. Треба да се запомни дека
неконтролираните напади се поголем ризик за плодот од било какви лекарства.
Бебиња родени од мајките кои имат епилепсија имат нешто зголемен ризик и самите да
добијат напади кога ќе постанат постари. Други проблеми вклучуват помали родилни
дефекти кои влијаат на изгледот на бебето, као што се пошироко поставените очи или куса
горна усна. Застој во развојот е исто така можен.
Пред да се обидат да забременат, жените кои боледуват од епилепсија потребно е да
направат консултација со докторот кој ќе ја води бременоста како и со останатите членови на
здраствениот тим (неуролог и матичен доктор). Тие ќе проверат колку добро се контролира
епилепсијата и ќе направат евентуални неопходни промени во терапијата пред бременост да
почне. Потребно е лекарствата да се земат точно како се препишани и да не се приспособува
или прекинува терапијата на своја рака.
Исто така важно е да се придржува до здрав стил на живеење (да се јаде здрава храна, да се
земат пренаталните витамини, да се вклучи физичка активност во секојдневното живеење, да
се држи стресот под контрола, да се спие доволно, да се прекине со пушење и конзумирање
на алкохол, како и да се намали земање на кафе).
Др. Божидар Бошковски
Спец. по гинекологија и акушество




сани1 -> RE: Епилепсија и бременост (3.7.2017 2:24:55)

Здраво,нова сум на сајтот и се зачленив само поради едно нешто,ЕПИЛЕПСИЈА ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТ .Имам 25години и веќе 9-10години се справувам со епилепсија,пијам доста лекови,Ламал,Тегретол,а во последно време и Аклонил.Немам големи напади,само мали 1-2 во ден и преку ноќ,и покрај терапијата.Затоа ме интересира ваше искуство во однос на примање на лекови за време на епилепсија,и како нападите ќе влијаат на плодот.
Искрено,самата помисла на примање лекови за време на бременост ми е премногу СТРАШНА,поради тоа што на тој начин сум ја добила и јас. Во текот на првите 3 месеци,кога се формира мозокот на бебето,мајка ми примала антибиотици.Сум одела на доста специјалисти и сите ми ја кажаат истата причина.Тешко ми е при самата помисла дека би можела да му наштетам на моето дете,едноставно не сакам да минува низ се што минувам јас,и не сакам да ја чувствувам вината што ја чувствува денес мајка ми.
Сеуште не сум бремена,но планираме со мојот сопруг,затоа би ве замолила доколку знаете добар гинеколог и невролог кои би можеле успешно да ја следат мојата ситуација.




Страница: [1]