RE: Што купивме денес? (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


Maca25 -> RE: Што купивме денес? (14.10.2010 15:23:57)

Денес конечно си купив кондури за на свадбата на брат ми. Мислев да носам сандали ама времево не зезна сите, па моравме да мењаме гардероба. На нина и купив бели хулахопки, бели стегачи и шнолички. Попладне одиме да купиме кондурчиња и спремни сме за кај вујче на свадба. [sm=sloncek.gif]




arh_diz -> RE: Што купивме денес? (14.10.2010 15:27:27)

So zdravje da si nosite Maca25 ubavo da si pominete na svadba




Maca25 -> RE: Што купивме денес? (14.10.2010 15:31:11)

фала арх_диз, едвај чекам да дојде сабота, да се исподотераме и изнаиграме. Нина ќе биде како принцеза облечена, во невестинско фустанче и со вел на глава. Кој знае колку ќе издржи со велот?!?




AnnaMolly RR -> RE: Што купивме денес? (14.10.2010 16:12:22)

Срцка ќе биде Нина како невестулче. Ама гарант нема да издржи долго со велот. И јас имав едно невестиче, братучетка ми Алекс, носеше идентичен фустан на мојот. Издржа во црква и 30 минути во ресторан. Ама важно Нина за сликање сигурно ќе издржи. Убав помин на свадба.
Еве го моето невестиче, Мацо да ставиш и од Нина да ја видиме.
[image]http://sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos-ak-snc1/hs208.snc1/7522_156694948216_670263216_2616684_5891924_n.jpg[/image]




Maca25 -> RE: Што купивме денес? (14.10.2010 16:23:02)

ќе ставам слика обавезно - од нина и од мене. сеуште се мислам за фустанот, има огромно деколте па не знам како малце да го затворам. ама немам ни време. дизајнерката ми направи гооолем брош кој можам да го ставам и да прикријам еден дел од градите. ќе видиме како ќе испадне.




AnnaMolly RR -> RE: Што купивме денес? (14.10.2010 17:27:48)

И јас така го затварам деколтето, со брош. Не дека ми е срам, туку немам баш што да покажам. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Па и да имаш отворено деколте, што има врска? Само добро, во граници на нормала [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




penelopa -> RE: Што купивме денес? (18.10.2010 12:54:00)

Моментално се што купувам е за бебето...боди, шпикозни, маички, капи...само бројчиња ми се вртат низ глава[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




brineta88 -> RE: Што купивме денес? (5.12.2010 17:20:50)

Denes mu kupiv cetka za zabi na filip i stakleno sise od nuk za mlekce.
Samo neznam dali da go izvrijam siseto ili samo cuclata. mi e strav da ne mi pukne. Aj neka pise nekoj sto ima stakleni sisenca dali gi vrie ili ne[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Maca25 -> RE: Што купивме денес? (5.12.2010 17:42:09)

Денеска бевме на мал шопинг до Џамбо. Од дома рековме дека не купуваме нешто многу, ама кога влеговме не можевме да се сопреме. Нина си доби нова жаба, пајчиња, стикерси, 2 бодиња, топчиња, мама лампиони, тато некој авијатичар [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], а и уште нешто за по дома. 




penelopa -> RE: Што купивме денес? (13.1.2011 16:52:45)

За мама: фармерки, кошулка и фустанче од Манго[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
За синчето: пижамки, бодија, маичка со џемперче, тренерчиња, штосни фармерчиња,  Памперс....




strelec 8 -> RE: Што купивме денес? (13.1.2011 18:17:55)

mleko i peleni




penelopa -> RE: Што купивме денес? (6.3.2011 17:23:23)

 Столче за хранење, лулашка и лежалник 3 во 1- Peg perego Tatamia[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Natuska85 -> RE: Што купивме денес? (6.3.2011 21:57:33)

Со здравје да си го користите Пенелопа,Цирилче да си уживка во него. Јас денес за дома си купував некои ситници од џамбо,цедалка пластична,дрвени подметачи, миризливи свеќи за декорација на клуб масичката и уште некои ситници,а и чорапчиња и патичиња за [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/duda.gif[/image] .




denim -> RE: Што купивме денес? (6.3.2011 23:58:46)

Denes so kerka mi kupuvavme nekoi sitnici koi ke gi isprati na drugarka so koja se dopisuva od USA. Kupuvavme nekoi raboti koi go simboliziraat Makedonskiot folklor, mali stomnicki, kuklicka vo MK nosija, malo tkaeno cergice ... Kako i vencinja, snolicki itd. Takov tip na paketce dobi kerka mi pa i ona saka da se revansira. Nekolku dena samo za toa zbori i nemame doma veke mir dodeka ne ja realizirame taa ideja [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image].




mamicka_26 -> RE: Што купивме денес? (7.3.2011 0:45:42)

Ние денес си купувме неколку рамки за големи слики,штитници за фиоки и штекери и некои дрангулии за по дома и нормално некое играче за Мики




penelopa -> RE: Што купивме денес? (7.3.2011 13:56:30)

Ми го купив на син му првото тањирче и лажиче за јадење.
[image]http://www.toddlersnbabies.com/images/thumbs/Feeding/tommee-tippee-explora-weaning-bowl-lid-spoon-blue.jpg[/image]
Практично нели[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




ole2004 -> RE: Што купивме денес? (7.3.2011 14:05:40)

Penelopa mnogu se ubavi,slatko da si papate [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Џесика -> RE: Што купивме денес? (7.3.2011 14:11:11)

Со здравје да ги служите, и ние имаме исти само зелени, многу практични се, само што нас лажичката многу бргу ни стана мала за кркање[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




penelopa -> RE: Што купивме денес? (7.3.2011 14:19:41)

Фала поубави да си купите[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]
Овие се на Тommee tippee имаат и лажичиња што покажуваат температура, шишенца и разни други чуда....




Pepelaska * -> RE: Што купивме денес? (7.3.2011 14:35:12)

Си купивме нови цуцли , стигнавме на 2 ориз од нестле да видиме како ќе го прифатиме, и книга бебешки готвач мислам дека многу ќе ми служи, Пенелопа создравје да си слуќите и јадете јас имам слично ама жолто да многу практично е секогаш ти е чиста лажичката пошто покриена е кај и да одиш[sm=smiley1.gif]




penelopa -> RE: Што купивме денес? (7.3.2011 14:38:34)

Јупиии...да да баш заради тоа најмногу ми се бендисаа...вие Пепелашка слатко да си јадете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




penelopa -> RE: Што купивме денес? (16.3.2011 9:25:16)

Вчера за син ми купивме нови бодија, чорапчиња, капа, чај и една играчка. Ваков пингвин [image]http://images.ceneje.si/products/thumbnails/ImageHomePageZoomed/tomy-plavajoci-pingvin-2755-976014_1024x768.jpg[/image] се изнасмеваме со маж ми син ми го обожава...пее и врти со перките, али песната му се закон[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




srnicka -> RE: Што купивме денес? (16.3.2011 10:47:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa

Вчера за син ми купивме нови бодија, чорапчиња, капа, чај и една играчка. Ваков пингвин [image]http://images.ceneje.si/products/thumbnails/ImageHomePageZoomed/tomy-plavajoci-pingvin-2755-976014_1024x768.jpg[/image] се изнасмеваме со маж ми син ми го обожава...пее и врти со перките, али песната му се закон[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]

od kade ja kuoivte i kolku pari ja zemavte?




Pepelaska * -> RE: Што купивме денес? (16.3.2011 11:15:32)

Вчера конечно си купив нешто за мене едни панталони целосни во кои се заљубив и фустан, после толку трудничка облека прекрасно беше да се влезе во нешто друго[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




penelopa -> RE: Што купивме денес? (16.3.2011 13:51:54)

Срничка не живеам во Мк. Инаку пингвинот го купивме во една детска продавница околу 16€.
Ех Пепелашка знам какво е тоа чувство јас прв пат кога облеков фармерки мислам нормални бев живи радости[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: <<   < Претходна страница  21 22 [23] 24 25   Следна страница >   >>