|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Ендометриска рецептивност и ко-култура
31.10.2014 9:54:00   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: lolla

.....ова го најдов на интернет, за тест за рецептивност на ендометриумот на ембрионите.

"Квалитетни јајце клетки, но нема бременост? ЕРА може да помогне!

Ендометриската рецептивност анализа на геном (ERA) вклучува оценка на рецептивниот статус на ендометриумот од молекуларен апсект. Молекуларната алатка ни овозможува дијагностицирање на рецептивноста на ендометриумот, преку анализа на група на гени одговорни за оваа функција. Дијагностичката метода патентирана од iGenomix се фокусира на жени со проблеми на неплодност. Со оваа дијагноза, може да се дијагностицираат проблемите кои се појавуваат со имплантација на ембрионот пред да се почне со третманот за неплодност и да се преземат мерки за успешно спроведување на третманот. Со оваа дијагноза се дијагностицираат болестите кои доаѓаат од ендометриумот."

Најдов дека го прават во Новата клиника за плодност Newborn clinic, и ми личи како нешто што треба да се направи во случаи како твојот. Секако јас сум само лаик, но може да е нешто кое би се дискутирало со др во иднина.



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 1.9.2015 13:53:54 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Ендометриска рецептивност -ЕRА- за пробле...
31.10.2014 9:56:56   
LoveableMe RR
Се јавив во New Born Clinic во Скопје, ми кажаа дека тие ја прават оваа метода и истата чини 92.000 денари. Подоцна ќе напишам повеќе за методата, што претставува и зошто е значајна во науката за ИВФ. Од она што се информирав дека дoкторите кои работат таму, ја прават методата, а резултатите ги праќаат на испитување во Турција кај д-р Рушен Атмаџа, кој не е во Клиникава во Скопје, но тој ги испитува резултатите таму.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 31.10.2014 9:57:20 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Ендометриска рецептивност -ЕRА- за пробле...
31.10.2014 10:06:31   
lolla RR
Аххх, машала сумава. Може треба да се поттикне петиција да покрива дел од сумата ФЗО при неуспешни ИВФ.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Ендометриска рецептивност -ЕRА- за пробле...
31.10.2014 15:40:05   
LoveableMe RR
"Доколку имате проблеми со имплантацијата, ние ќе ви помогнеме

ЕРА е врвна дијагностичка метода, која беше развиена и патентирана од IGENOMIX по повеќе од 10 години поминати во истражување и 3000 клинички тестови. Оваа техника овозможува евалуирање, од молекуларен аспект, на статусот на рецептивност на ендометриумот, со тоа зголемувајќи ги шансите за успех при ИВФ трансфер. Прифатливоста на ендометриумот е статусот кога ендометриумот на матката е подготвен да прифати имплантација на ембрионот. Во текот на процесот на третман на пар со неплодност, овој тест ЕРА (Endometrial Receptivity Array) прави евалуација на ендометрискиот фактор, која овозможува дали ендометриумот е подготвен да го прифати ембрионот, со помош на испитување на група на 238 гени. За таа цел, се прави ендометриска биопсија на P+5 (циклус со хормонска терапија) или LH+7 (природен циклус) и по резултатите ендометриумот се класифицира како рецептивен или нерецептивен.

Оваа молекуларна дијагноза овозможува да се утврди персонализиран ИВФ трансфер на емрбиони/бластоцисти, кога е најдобро да се вратат ембрионите и кога матката ќе ги прифати, според резултатите и во точно одреден ден/време за неплодниот пар. Доколку резултатот покаже нерецептивност, тогаш се прави втора биопсија во различен термин, со цел да се утврди погодно време за трансфер. Ова се препорачува за пациентки кои имаат ембриони со добра морфологија, но имаат проблем со имплантација (за жени со неуспешни 3 ИВФ трансфери или со 2 ИВФ неуспешни трансфери кај жени над 37 години) дури и кога имаат нормална матка со нормална дебелина (≤6mm) и каде нема очигледни детектирани проблеми. По добиените резултати, ембрио трансферот мора да биде направен во истиот циклус од добиениот резултат.

Постапката се изведува со биопсија со помош на катетер и со земање на само 30 милиграми ткиво и се прави или по пет дена од земање на терапија со прогестерон (околу 120 часа) и првиот ден од земање на прогестеронот се смета П+0, а денот на биопсијата е П+5, или на природен циклус 7 дена по ЛХ+7 (околу 168 часа), а доколку се следи овулација, тогаш Ов+0, а биопсијата се прави (околу 144 часта) Ов+6.

Ако резулттот е рецептивен ендометриум, тогаш трансферот со смрзнати/ свежи ембриони може да се изведе во истиот циклус, а доколку е бластоциста тогаш тоа се изведува во следен циклус на истиот ден следен циклус кога е направена биопсијата, додека за 3-дневни ембриони, тоа треба да се направи на датум /два дена пред биопсијата. Ако резултатот е нерецептивен ендометриум, тогаш се прави втор ЕРА тест кој треба да покаже кога статусот на ендометриумот е рецептивен и следствено да се закажен трансферот. Од нашите испитувања, досега само кај помалку од 1% од пациентите не сме можеле да им помогнеме за имплантацијата, поради лошиот резултат."

Извор: igenomix com

"Рецептивноста на ендометриумот помага кај имплантација на ембрионите

Д-р Бери Бејр, ембриолог и директор на Репродуктивниот центар за фертилитет на Стенфорд и ко-оновач на Ивиген, изјавува дека ендометриската биопсија пред ембрио трансферот го определува денот кога е најдобро да се вратат ембрионите во матката. Обично ембрионите се враќаат на трети или пети ден по пункција. Времето на трансфер го одредува директниот исход на развојот на ембрионот. Бластоцистите имаат силна шанса за развивање бидејќи се вратени на петти ден од трансфер. Квалитетот на ембрионите е исто така добар показател на успех, но има пациентки со квалитетни ембриони кои имаат проблем со ендометриумот. Цената на тестот е 450 долари."

Извор: fertilityauthority com New York


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lolla RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Ендометриска рецептивност -ЕRА- за пробле...
31.10.2014 16:26:12   
Hopeful RR
Loveable Me, ова звучи прилично солидно. Размислуваш да го правиш?
Мора да се најде начин се покрие како трошок од фзо, стварно е прескапо, но ако помага, парите се спореди.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Ендометриска рецептивност -ЕRА- за пробле...
2.11.2014 20:49:27   
LoveableMe RR
Да, Хопефул, кај сме сиромашни уште и не дерат, во САД ова чини 400 долари, а пишав на една клиника во Бугарија, ми кажаа кај нив чинело 500 евра, а кај нас 92 000 денари и планирам да се распрашувам во регионов или за таму каде имаме евтини летови, вреди човек и во странство да отиде и да ја направи, поевтино ќе го фати.

Штом дознам за друго места колку е, ќе ви пишам.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Ендометриска рецептивност -ЕRА- за пробле...
2.11.2014 20:59:36   
Hopeful RR
Апсолутно! Се претерува кај нас со цени, факт.
Една моја другарка правеше хистероскопија со абдоменален серклаж во Словенија и ја фати за нијанса поевтино од лапароскопија овде на приватно. Проблем во такви ситуации е и сместување, но секако добра ти е идејата да провериш во регионот, може ем поисплатливо, ем поискусни лекари.

На американски форуми прилично популарни се европските клиники за ивф, затоа што во Америка е изгор скапо. И баш се сеќавам дека неколку турски клиники предводеа и со цена, и со процент на успешни ивф, така што треба да се провери и Турција како опција за ERA. Ако најдам нешто обавезно ќе пишам!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Ендометриска рецептивност -ЕRА- за пробле...
3.11.2014 9:52:39   
LoveableMe RR
Од Бугарија ми пишаа дека резултатите се готови за 2-3 недели, што е добро, бидејќи треба трансферот да се направи на ист ден кога е правен ЕРА тестот, значи пр. ако е правен на 28 ноември, тогаш трансферот треба да биде на 28 декември за бластоцисти и на 26 декември за 3-дневни ембриони.

Мислам и патот до Софија е ок, не е далеку, е сега да видам малце сакав колку се познати како клиника тие кај што прашав и за успех, тоа е важно. Хопефул, ако знаеш за реномирани клиники во регионов кои го прават тестот, пиши.

Споредував со Лондон на пример за пари и за оваа постапка и за ендоскречинг поевтино е од кај нас, а каде е нашиот стандард....каде е нивниот.....

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Ендометриска рецептивност и ко-култура
1.9.2015 14:01:04   
LoveableMe RR
Решив да одам на консултации во NewBornClinic, ме интересираше и нивно мислење за што понатаму, бидејќи поднесов документи за ваучер за ИВФ. Консултациите се бесплатни, закажавме кај д-р Бирол Ајдин, не прими ја разгледа документацијата и врз основа на она што го виде, рече дека сме кандидати за метода - Ендометриска ко -култура. Го прашав за ЕРА тест, ми рече за други пациенти е, не е за вас препорачлива таа метода.

Она што го објасни и што прочепкав по нет е дека со оваа метода, се зема примерок од матката на 21-виот ден од циклусот, а потоа се почнува со супрефакт. Лабораториски секој ден примерокот се обработува и збогатува за да може да ги прими ембрионите следниот циклус. По направена пункција и оплодување, ембрионите се ставаат во примерокот за да се спојат и потоа заедно се враќаат во матката. Рече дека со оваа метода значително се зголемува успешноста, за пациенти кои добро реагираат на терапија, имаат ембриони, а имаат проблем со имплантација. Методата кај нив чини 1000 евра.

Со сопругот се размислуваме дали да се решиме на методава, со оглед на тоа што навистина дава поголема веројатност за успех, а од друга страна клиникава не е опремена многу со персонал (освен ембриологот кој е добар и еден гинеколог), па не знаеме што да правиме, имаме неколку недели да размислиме....user posted image


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Ендометриска рецептивност и ко-култура
1.9.2015 16:41:31   
Hopeful RR
Првпат слушам за вакво нешто, ама ми звучи прилично сериозно и ми се гледа како добра опција. Цената е ни ваму, ни таму, не е прескапо да се проба, и штета што ваучерот не важи за кај нив. Моментот со персоналот не би ме загрижувал, веројатно имаат и мал број пациенти и ми се чини дека баш би ти се посветиле. Доколку одите на класично ивф со ваучер, каде би го правеле, кај кој доктор?


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Ендометриска рецептивност и ко-култура
1.9.2015 17:00:22   
kapina
Jas ako dojde red za na privatno sogurno nema da go pravam vo mk od bugarija najdobri se za ovf kako stocitam po bugarskive forumi kompleksot dr sterev jas so niv kontaktiram ai posto bugarija mi e na nekolku kilometri poblisku od sk duri mi odgovara

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Ендометриска рецептивност и ко-култура
1.9.2015 17:38:12   
LoveableMe RR
Hopeful RR, сaмo пoстaпкaтa нa кo културa чини 1000 евa, a пoстaпкaтa зa ИВФ мoже и сo вaучер. Знaчи пoкрaј вaучерoт, мoрa дa плaтиме 1000 еврa зa кo културa. Пoкрaј ембриoлигoт, имaaт гинекoлoг женa, другиoт тим се сестри и не знaм имa ли aнестезиoлoг? Верoјaтнo имa, a тoчнo е тoa нoви се и сaкaaт дa се дoкaжaт и мoжaт пoвеќе дa се пoсветaт нa пaциентите.

кaпинa, вo Бугaријa требa ИВФ плус дa се плaти штo би дoшлo пoвеќе oд 2000 еврa.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Ендометриска рецептивност и ко-култура
1.9.2015 18:42:37   
kapina
Kaj mene nema da ima potreba od takva procedura oti jas imam insulinska rezistencija i toa e problemot kaj nas jas razgovarav so dr birol i mi rece kaj tebe znaci problemot e ili nedostatok na vit d ili IR jas i toa itoa go imam

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Ендометриска рецептивност и ко-култура
3.9.2015 1:57:54   
MademoiselleNina
LoveableMe дали таа постапла е опасна? вака звучи супер, мнгу пари се, ама јас би ги дала.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Ендометриска рецептивност и ко-култура
3.9.2015 12:57:18   
LoveableMe RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: MademoiselleNina

LoveableMe дали таа постапла е опасна? вака звучи супер, мнгу пари се, ама јас би ги дала.


Викаат дека не е опасна и дека носи поголеми шанси за успешно ИВФ, барем од она што читав по нет и што ни објаснуваше д-р Ајдин.....


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Ендометриска рецептивност и ко-култура
4.11.2015 13:40:52   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: kiki83

LoveableMe, бевме на консултации во Њуборн и ни предложија Co culture метода зашто имам 3 неуспешни ИВФ.
Не прашав која е цената за таа метода тоа сигурно не оди преку ФЗО


И мене тоа ми го предложија како следен чекор, доколку се решам кај нив да правам ИВФ и ми кажаа дека цената на ко-култура е 1000 евра, тоа не е покриено од ФЗО.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 16
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?