profesorica -> RE: Ве молам за танго? (10.11.2009 14:54:00)
|
Тангото советник за проблематични бракови Најновото истражување потврди дека терапијата на брачните советници со танго, кое се почесто е во пракса во Германија, има ефекти. [image]http://vesti.mt.net.mk/images/tango11.jpg[/image] Музиката, движењето и физичкиот контакт со партнерот го подига нивото на тестостерон. Со играње танго можат да се спасат проблематичните врски, објавено е во истражување на Универзитет во Франкфурт. Во истражувањето биле вклучени 22 пара на кои им е измерено нивото на хормони од стрес, кортизони, сексуалните хормони и тестостерон, пред и после тангото. Паровите исто така, добиле и прашалник во кој требале да ги опишат своите чувства за време на танцувањето. Со анализата е заклучено дека тангото го намалува нивото на кортизон и го зголемува нивото на тестостерон. За тоа се клучни трите фактори, музика, движење и физичкиот контакт со партнерот. Кортизонот се намалува поради музиката, а тестостеронот расте поради другите два фактора. извор:ИДИВИДИ
|
|
|
|