miana -> RE: Моето дете е насилно! (5.11.2014 15:21:00)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Yummy Mammy Уф, на секој родител му е тешко да признае, но еве, признавам и ми треба помош. Моето дете е тепач! (Едно од моите деца, среќа што не се сите.) Значи детето си е хиперактивно, постојано е во движење, во игра, се качува насекаде... и се тоа супер, до пред некое време, кога почна да станува доминантна и да ги "загрозува" другите. Вчера сестра и што е три години поголема од неа, си боеше со другарка и, и доага оваа насилников и вика: "што правиш? е сега ќе ти го згужвам тоа!" И во секунда и го зема цртежот од раце и го стутка. Искрено, се шекнав, ова ги прејде сите граници. Разбирам да се скарале и да се нечкаат, ама од чиста мира да и го земе листот и да и го згужва, е не можам да прифатам. Ова не и е прв пат, кога сака нешто едноставно ти го зима бре од раце и крај! Сме пробале со добро, со зборување, со гушкање, во моментот ти вика "да, да, разбирам, добро" и пак си продолжува по старо. Сме пробале и со лошо, со тепање, со скубнување, ни тоа не бива, пак во моментот и е криво, ќе се извини и во следната секунда пак се по старо. Пробавме со казни, со лошо ќоше, не, и не, и не, не бива. Не сум сретнала потврдоглаво створење (сем татко и). Не сакам моето дете да биде "були". Не сакам вака да се однесува ни дома, а уште помалку во градинка. Ние не сме невоспитани дома, јас вака не ги учам децата, ова не е мое дете [sm=smiley19.gif] цт, цт , цт... значи вториве деца под дифолт се вакви... Исто како да збориш за малово мое. Вториве деца се раѓаат СО КАРАКТЕР. Многу е самостојна, тврдоглава, знае што сака, и мора да биде по нејзино. Она сама мора да се облекува, она сама мора да јаде, она сама се сака да прави , додека големава керка и ден денес чека да и ја закопчам јакната и да и ги отворам смоките. Е некој да ми кажуваше дека моето ке биде такво, хиперактивно немаше да верувам..Секогаш сум гледала од страна такви деца и сум викала- мореееее да си ми на мене, ке видиш ти, ама не било така. Сега гледам дека не е до мене и до воспитувањето од дома. Едноставно детето си е такво. Буквално исто како што си ја опишала М, е таква е и моја Д. А во градинка е мирна, таму не е толку џамбаз, ама дома она е газда.. Сме пробале со СЕ, ама буквално со СЕ.
|
|
|
|