Maca25 -> RE: Температура кај децата (20.6.2011 15:42:20)
|
Температурата кај децата треба да се симнува кога ќе помине над 38,5 степени Антибиотици треба да се даваат само ако ги препорачал лекар, а за симнување на температурата користете сирупи, двотретински раствор на алкохол и туширање со млака вода – советуваат педијатрите. Зголемената температура кај децата е чест симптом на многу болести, а во текот на зимските месеци е еден од најчестите причини за посета на децата од предшолска возраст на лекар. Зголемената температура кај децата е чест симптом на вирусните и бактериските инфекции. Сирупи, алкохол, туширање Предијатрите советуваат – кога температурата ќе помине над 37,5 степени, треба внимателно да се прати состојбата на детето и температурата често да се мери, но не и да се симнува истата. - Со симнување на температурата се почнува кога таа ќе достигне 38,5 степени. За тоа може да послужат сирупи како бруфен, ибупрофен или парацетамол, кои може да се користат и без консултација со лекар. Освен сирупи, помага и ставање на облози направени од две мерки алкохол и две мерки вода. Добро е да се тушира детето со полумлака вода. За разлика од сирупите кои може да ги купите и без рецепт од лекарот, никогаш не треба да ја симнувате температурата со помош на антибиотици, бидејќи истите не ја намалуваат температурата а и се доста опасни при неконтролирана употреба. Обичниот термометар е најсоодветен Педијатрите нагласуваат дека исто така е погрешно да се прекине со давање на сирупи за симнување на температурата откако веќе лекарот препишал антибиотици. - Родителите грешат ако така постапуваат бидејќи сирупот за симнување на температурата треба да се дава се додека таа не се симне до нормалните вредности. Температурата треба да се мери со обичен термометар со живин столб кој се поставува под пазувите, на челото или во устата. На прашањето зошто температурата е обично повисока во вечерните часови, педијатрите велат дека ова особено се случува во случаи на бактериски инфекции, бидејќи во вечерните часови организмот се смирува па бактериите стануваат поактивни. Облекувајте ги децата колку и себе си Родителите се склони за време на студените денови да ги преоблекуваат децата. Тие често мислат дека на децата им е поладно отколку на нив, па исто така ги прегрејуваат становите или им облекуваат повеќе облеки. Тоа е погрешно, бидејќи децата имаат ист терморегулационен систем како и возрасните. Температурата во станот не би требало да биде повисока од 22-23 степени, а во просторијата каде се бања детето, таа треба да биде за 2-3 степени повисока. Некои деца се позимурливи, а некои лесно поднесуваат ниски температури, што често е наследно, па родителите и на тоа треба да го насочат вниманието.
|
|
|
|