mami2 -> RE: Температура кај децата (14.2.2013 10:30:35)
|
На крај на 2009 год првпат се појави епидемијата на Х1Н1. Малиот имаше неполни две години а јас бремена шести месец. Нормално во тек на викенд покачи температура, поврати и го однесовме на Клиника затоа што има бронхијална астма и таму одиме, не на дежурен лекар. Ни препишаа само терапија за висока т, за повраќање и му земаа серум за анализа за грипот. До утредента симптомите почнаа да се повлекуваат, состојбата се подобруваше. Третиот ден отиде мм во Институтот за јавно здравје, кога ми јави дека е потврден Х1Н1 мислев дека ме зафркава, детево добро ни Тамифлу, ни бутур, остана само грижа јас да не префатам заради бебето ама имавме среќа. Инаку моја другарка лежеше на Клиника заради бронхитис со недокажан вирус и детево примаше Тамифлу. Некој примаше без потреба, некој имаше грип па не добиваше лек. Оваа година пак не „посреќи“, сите дома прележавме некој вирус, грип, како и да се вика. Само терапија за т, децава за црвено грло примаа Хиконцил и за 3-4 дена проаѓа. Вака помина кај нас, без Тамифлу никој не ни предложи ни да го земеме, иако големото дете има хронична болест -астма што го става во ризична група.
|
|
|
|