RE: Температура кај децата (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Деца



Порака


Sasoxp -> RE: Температура кај децата (28.12.2009 20:20:42)

Na sinceto mu zemaa krv. Velat ne pnevmonija. Denes malku podobar e. Imase temperatura 38,5 ali za razlika od 39,7 ima podobruvanje. Da se nadevame deka ke pomine. Prima terapija za vospaleni usinja. Inaku 4 dena 39,7 t imase.




Iva -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 8:24:38)

Вчера се враќам од работа и идам да го гушнам Тео, кога тој гори од температура. Му мерам 38,6. Ајдееее си викам. Детево ниту кашла, ниту нос му тече, не знам што му е. Си мислам да не е од забите, бидејќи непцето кај кецот горе му е многу потечено и зацрвенето забчето само што не пробило. Ај мамички кажете ми дали е можно толкава температура да е од заби?
Цела вечер имаше и еве сабјлево пак. Јас морав да одам на работа и не знам моите дали го носат на лекар. До сега Михајло само дома сум го лечела ако кревал само Т. А со забите немавме проблем со Михајло и затоа не знам. Ајде совет, ве молам.




profesorica -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 8:28:46)

можно е да е од забите. но ако му држи таа Т, подобро нека го однесат на лекар.и Дамјан му се случило нагло температура без кашлица, течење нос или некој друг пропратен симптом.и после испадна таков вирус со само висока Т. сепак можно е и да е од забите.се случувало кај братучетка на Дамјан до 39 температура поради забче.




Iva -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 8:33:16)

И јас претпоставувам дека ако не е од забите можно е да е вирус, а вирусите не ги лечат со антибиотици така да излишно е да го малтретирам да го носам по лекари. Му давам на 6 саати парацетамол и нозете со чорапи во оцет му ставам. Ќе му се спушти до кај 38 и пак после се качува. Ај ќе видиме до после. 




mami -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 8:36:33)

сигурно му е од запчињата, он нема ни едно уште така? сигурно ке му избиваат потешко дека подоцна ги вади




profesorica -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 8:39:23)

добро Ива прати ситуација денеска како ќе биде а можеш и телефонски да се консултираш со матичниот педијатар.






Iva -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 8:39:56)

Нема ни едно до сега извадено а и го гледам нешто овие два дена не јаде толку многу, како што јадеше претходно. Го мачат, душичка, леле само како плачеше ноќеска[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




big_mama817 -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 8:58:07)

Ива сигурно му е  од забите јас знам по син ми од првиот заб кога му никнуваше до последниот сите ги извади со Т и тоа околу 38 и тоа најчесто три дена додека не му избијат навистина виде он голема мака а и јас со него




ripce -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 9:42:35)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Iva

Вчера се враќам од работа и идам да го гушнам Тео, кога тој гори од температура. Му мерам 38,6. Ајдееее си викам. Детево ниту кашла, ниту нос му тече, не знам што му е. Си мислам да не е од забите, бидејќи непцето кај кецот горе му е многу потечено и зацрвенето забчето само што не пробило. Ај мамички кажете ми дали е можно толкава температура да е од заби?
Цела вечер имаше и еве сабјлево пак. Јас морав да одам на работа и не знам моите дали го носат на лекар. До сега Михајло само дома сум го лечела ако кревал само Т. А со забите немавме проблем со Михајло и затоа не знам. Ајде совет, ве молам.



Можно е и ние сме пример за тоа... баш во петокот син ми качи 39 Т без кашлање, без да му тече нос... го однесовме на лекар, го преслуша докторката и кажа дека нема ништо на градите, грлото не му е црвено, па како што кажа дека можно е од забите да му е. И еве така испадна еве му никна едното запче, а кај и да е и другите 3 треба да излезат. Температурата траеше цели 2 дена околу 37-37,5-38 и тоа под Ефералган, ако не пиевме којзнае колку ќе се покачеше. Мој совет е право на лекар.




ripce -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 9:43:46)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Iva

Нема ни едно до сега извадено а и го гледам нешто овие два дена не јаде толку многу, како што јадеше претходно. Го мачат, душичка, леле само како плачеше ноќеска[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]


Истата ситуација, не јадеше и мојот само млеко, чај и сокче пиеше, нон стоп плачеше, и сакаше само во раце.




Iva -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 9:53:36)

Еве сега се слушнав со моите дома, подобар бил, живнал малку, му спаднала температурата,[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Ја во принцип не сум паничар, ама после бронхо пнеумонијата што ја имаше Тео повеќе се загрижувам отколку претходно.




Sasoxp -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 11:13:34)

Moeto since 4 dena 39,7 imase. Ne kaslase, ne mu tecese nos. Samo temperatura. Mi rekoa virus imalo nekoj. Eve sega podobar e. Nema temperatura ama uste e na terapija vo bolnica. Najverojatno utre ke si dojde domce :)




Еца -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 11:29:03)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]Сашо за твоето мало, баш убаво што сте добри и што утре си одите домче, чувајте се и голем поздрав




caci20 -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 11:29:48)

I redno e za praznicite da si bide doma. Se ke bide vo red, doma sekogas pobrzo ozdravuvaat. Samo hrabro.




Еца -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 11:37:30)

Ивичка ајде да ни јавиш декас се појавило првото запче на Тео и дека се е во ред[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




ikipp -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 11:43:35)

i kaj mene deana imase temp 39,ama i spadna za 2 dena,ama i kasla,pa i sirup pie.ima sega sekakvi virusi.pa i maloto go prefati,a ima samo 1 mesec




majka 79 -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 14:22:02)

i moeto imase temperatura 39.6 itoa tocno 24 casa. ni nos mu tecese, ni kaslase, a grloto umereno crveno rece doktorkata. virus so visoka temperatura




Sasoxp -> RE: Температура кај децата (30.12.2009 16:28:33)

Takov e virusot. I kaj moeto since isto taka bese. Samo temperatura i nisto drugo.




Iva -> RE: Температура кај децата (31.12.2009 18:08:19)

Денес цел ден немаше температура Тео и таман си викам еве помина, сега качи 39,5. Му ставив чепче, па ќе чекаме да видиме како ќе се одвиваат работите.




pacuvce -> RE: Температура кај децата (4.1.2010 12:09:02)

Samo sto sednav da ve zirnam malku i gledam sto ubavo si muabetite na najrazlicni temi....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]
E nie denes imame temperatura...I dvajcata se bolni...Prvo pocna golemiot so kivanje i nos tecenje,ama neli toj e pogolem pa ja istera nekako rabotata na noze...Arno ama,malovo cela nok placese,sega ima i blaga temperatura do kaj 38,a od sabajle go nosev i na lekar i mu dadoa sirup Hikoncil...Dr.veli da e pogolem nemase nisto da mu dadam,ama malecko e i mene mi e strav...




mother 29 -> RE: Температура кај децата (4.1.2010 12:12:15)

ajde ke bide..ete si prima antibiotice,gajle nemaj..sega samo na podobro ke odi...tecnosti mnogu
pozzzzzz[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]





Iva -> RE: Температура кај децата (4.1.2010 12:12:18)

E што да правиме, тоа е, деца се , се разболуваат а ние родителите се секираме. Само да поминува со лесно и плус нели така растат деца. Ајде ќе помине Пацувче, не се секирај.




Sasoxp -> RE: Температура кај децата (4.1.2010 21:30:24)

Mene sinceto 4 dena t 39.6 imase. 6 dena vo kumanovo vo bolnica lezese. Vo cetvrtokot go pustija doma. Do sabajlevo se bese dobro ama potoa cel den eve t ima. Ni banjanje nitu sirup nisto ne pomaga. Neznam veke od sto mu e. Ne e nastinat ni nisto a t celo vreme.




pacuvce -> RE: Температура кај децата (4.1.2010 21:33:14)

Kolku e staro vaseto malecko???
Nas ni rekoa deka e jaka nastinka,koja kaj povozrasni bi se nadminala samo so caevi i vitamni,ama bidejki sme mali,moraa da ni daadat sirup...Denes cel den imavme onaka do kaj 38 stepeni...Sega go zaspav,pa ke vidime za vecer...




Sasoxp -> RE: Температура кај децата (4.1.2010 21:38:00)

Kaj mene sinceto 4 dena t 39.7 imase i 6 dena vo bolnica vo kumanovo lezese. Od cetvrtok e doma. Do sabajlevo se bese vo red ama denes koga gledam pak kacil temperatura 39. Ni sirup ni banja nisto ne pomaga. Eve uste placeme i ne spieme. Neznam veke sto da pravime. Ne e nastinat a t celo vreme. Prima makropen sirup. Pomagajte. :(




Страница: <<   < Претходна страница  6 7 [8] 9 10   Следна страница >   >>