agnes77 -> RE: Информации за посвојување! (16.5.2009 17:16:25)
|
Evo neke koristne informacije http://www.uslugi.gov.mk/UslugaDetali.aspx?UslugaID=9723FC4B7D804275B519F041EE0F3DF7 i još nešto: Барање за посвојување http://www.uslugi.gov.mk/UslugaOpis.aspx?UslugaID=9723fc4b-7d80-4275-b519-f041ee0f3df7 УСЛОВИ ЗА ПОСВОЈУВАЊЕ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ Согласно Законот за семејството-Пречистен текст ( Службен весник на Р.Македонија бр. 83/04) посвоител по правило може да биде државјанин на Р. Македонија, а по исклучок како посвоител може да се јави и лице кое е странски државјанин. Посвојувањето од странски државјани може да се заснова само со согласност на Комисијата за засновање на посвојување, а по предлог на Центарот за социјална работа. Оваа согласност ќе се издаде само ако детето не може да биде посвоено на територијата на Р.Македонија. Согласно одредбите на Законот за семејството посвоител може да биде лице кое е деловно способно ,кое има лични својства за успешно вршење на родителските права и да не е постаро од 45 години. Посвоиотел може да биде лице најмалку 18 години постаро од посвоеникот. По исклучок, како посвоител може да се јави и лице кое е постаро од 45 години, но старосната граница меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години. Брачни другари можат да се јават како посвоители ако еден од нив не ја надминува горната старосна граница. Целокупната постапка околу посвојувањето ја води Комисијата за засновање на посвојување. Лицето кое сака да посвои дете, поднесува барање до Комисијата за засновање на посвојување приМинистерствотозатрудисоцијалнаполитика.Конбарањетосеприложуваатследниведокументи: државјанство - МВР; извод од матичната книга на родените - МВР; извод од матичната книга на венчаните - МВР; лекарско уверение за здравстваната и психофизичката состојба на двајцата брачни другари; уверение дека не се лишени од родителски права - Основен суд; уверение дека не се осудувани - Основен суд; уверение дека не ви е одземена деловната способност - Основен суд и Центар за социјални работи; уверение за материјалната состојба - Управа за јавни приходи; доказ за сопственост на стан; потврда за степен на образование-фотокопија заверена кај нотар; документ за месечните примања и други приходи со кои располагаат; и социјален извештај од надлежната служба во кој треба да биде содржана и согласноста на земјата, соодветните лица да можат да посвојат дете од нашата земја. Сите документи треба да се однесуваат на двата брачни другари и треба да бидат доставани во оригинал и со судски заверен превод. Важноста на документите е една година. По приемот на барањето со документите, Комисијата врши проверка на документите и откако ќе констатира дека се исполнети условите, копија на целокупниот предмет го доставува до центарот за социјална работа надлежен според местото на живеење на подносителите на барањето. Центарот за социјална работа до кого е препратено барањето врши процена за подобноста на посвоителите и за мотивите на посвојувањето, преку континуирано следење на потенцијалните посвоители, најмалку 6 месеци но не повеќе од 1 година и врз основа на наодот и мислењето на стручниот тим изготвува предлог за упис во регистарот на можни посвоители. Согласно Законот за семејството предвиден е задолжителен период на сместување на малолетното дете во семејството на можните посвоители во траење од 2 до 3 месеци.
|
|
|
|