Игри со карти (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Игри, броенки, песнички



Порака


Felly RR -> Игри со карти (12.11.2014 17:48:39)

Дали играте карти, и кои игри ви се омилени?

Јас малку ги имав и подзаборавнео тие игри, ама сега почнавме да се потсетуваме со М. Барајќи некоја нова занимација, пред некој ден ми текна на Тонч. Мислам дека е соодветен за возраста на М, и баш се забавуваме , само со скратени правила. Инаку мислам дека картите се делат помеѓу сите играчи, па сите истовремено ја отвараат првата карта. Доколку се совпаѓаат, првиот што ќе викне „Тонч“ ги зема. Се игра додека некој не ги изгуби сите карти, т.е. оној што ќе има најмногу карти е победник.

Се надевам така беше, ако сум заборавила поправете ме, и пишете некоои други игри со карти да се потсетиме.

Ние со М инаку играме смао еден круг, и гледаме кој има најмногу карти.




caciana -> RE: Игри со карти (20.11.2014 12:31:44)

Црн Поп и Магарац [sm=jezicek.gif]
Инаку јас знам други правила за тонч. Сите играчи вадат карта еден по еден не одеднаш сите, и картите се редат на средина по ред ( пр.1 , 2 ,3 итн ). Доколку еден од играчите извади карта која што треба да стои на средина , а тоа не го запримети тогаш следи ТОНЧ и играчот си влечи карта . [sm=bravo.gif]




Felly RR -> RE: Игри со карти (20.11.2014 13:15:21)

Па гледаш ете, и јас изгледа сум заборавила, во секој случај интересна ни беше играта. А како беа правилата за Црн поп? Не ми текнува на оваа игра.




caciana -> RE: Игри со карти (20.11.2014 13:28:52)

Од шпилот карти се вадат сите попови и се остава само еден Црн Поп. Картите се делат на играчите, и потоа си влечите карти еден од друг( јас од кај тебе ти од кај мене [sm=smiley1.gif] ) . Треба да внимавате да не го извлечете црниот поп. Останатите карти се собираат по четири ( 4 двојки , 4 тројки ) . И на крај попот останува кај еден играч, и тој ја губи играта. За да биде поинтересно може на крајот од играта да се цртате на лице со креон или кармин. Тој што го чува попот до крајот на играта , губи и добива една црта на лицето [sm=bravo.gif].




mamicki -> RE: Игри со карти (31.1.2015 14:29:58)

Biljot, bez konkurencija.




Страница: [1]