Mila mamicka -> RE: Со кого одите на преглед??? (18.11.2014 14:16:59)
|
За првото дете скоро на сите прегледи одевме заедно со мм. Сега сум бремена со второ, и баш минатата недела имав преглед во Систина, и бевме сите тројца, јас, мм и син ми. Иако сум 14 недела, и бебето баш и не се гледа сеуште за да може син ми да го распознае, сепак прегледот помина супер, син ми седеше кај мм во скут и постојано гледаше во екранот. Кога си дојдовме дома, на сите кажа дека го видел бебето и чувствувам како уште сега да се поврза со него. Неколку пати во текот на денот, а посебно навечер кога заспиваме, сам бара да го погали бебето, т.е. мешето на мама.
|
|
|
|