Ланец на среќа (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Felly RR -> Ланец на среќа (18.11.2014 18:17:48)

Што мислите за оние ланци на среќа кои ги праќаат по мејлови на пр. и мора да се пратат на одреден број луѓе, и не смееш да го прекинеш ланецот.
Јас искрено не ги ни читам, штом видам нешто такво - препрати го ова на 10 луѓе и нешто ....... ќе ти се случи, одма бришам, и ни го читам ни го препраќам.
Е сега, работата е што ми стигна нешто друго - Колач на среќата [sm=smiley36.gif] Не можев да ја одбијам личноста што ми го понуди, а требало колачот да се даде на тројца луѓе. Уште не ми е донесен, па не ми е точно познато за што се работи. Некој да сподели искуство?




scared RR -> RE: Ланец на среќа (18.11.2014 20:03:32)

Одма на игнор ги ставам немам време да се замарам со глупости. А, и искрено не верувам во ова [sm=smiley1.gif] А, за ова со колачов првпат слуша, станува збор за вистински колач или виртуелен [sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: Ланец на среќа (19.11.2014 9:54:01)

Лелее аман со такви глупости, препрати ова на толку и толку и ќе ти се случи чудо, ќе добиеш пари, дрн-дрн глупости живи и лажги за мали деца, па такво суеверие ниедна религија ниту правец на учење не признаваат., тоа се бабини-деветини кои намерно ги навлекуваат луѓето да препраќаат и некој од тоа препраќање на мејл да заработи...па има некои со слики на светци не знам што ако не препратиш ќе те снајде ова-она, Бог да чува од луди луѓе...а настрашно е што многу мои пријатели веруваат и препраќаат, а се интелектуалци....

Фели, веројатно си го добила таканаречениот амишки колач, кој го даваат на други луѓе и треба да кружи, што според мене е глупост на сила некому да даваш колач од шубе.....само не знам каде да се најде начин ова да прекине.....[sm=zmeden.gif]




Felly RR -> RE: Ланец на среќа (19.11.2014 13:41:35)

Значи доста е распространет колачов [sm=jezicek.gif] и го има со различни називи. Мене ми го дадоа како „Колач на среќата“ и да, scared, реален колач, не е виртуелен. Значи ми донесоа како зафатено тесто, и треба секој ден да му ставаш нешто - првиот ден шеќер, вториот млеко, третиот брашно, четвртиот мешаш, и петтиот го делиш на 4 дела, еден останува за тебе пак додаваш потребните состојки за колач, а другите три дела ги делиш на други луѓе, и тие да си направат колач. [sm=smiley36.gif]




scared RR -> RE: Ланец на среќа (19.11.2014 21:22:14)

Ајдее што нема да смислат [sm=smiley36.gif] се надевам нема мене некој да ми донесе тоа, познавајќи се ќе ме фати некое шубе и ќе почнам и јас да додавам таму иако не верувам [sm=smiley36.gif]




caciana -> RE: Ланец на среќа (20.11.2014 7:19:49)

Porakite koi gi dobivam,so upatstvo prati za sreka najcesto gi brisam,no ova so kolacot interesno mi izgleda. Bi go napravila onaka da go probam, za zabava. Pa zosto da ne,nema nisto loso vo toa,naprotiv zabavno e[sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: Ланец на среќа (25.11.2014 23:29:27)

Aj da si Se pofalam tuka.Konecno dobiv ponuda za srekniot kolac.Naskoro ke stigne do moite race.Ispolnuval zelba,ke probam I ke pisam [sm=smiley36.gif]




caciana -> RE: Ланец на среќа (30.11.2014 17:33:21)

Jas veke go probav ovoj kolac,mnogu e vkusen,ednostaven I lesen.Mnogu me potset_uva na kolacite Od detstvoto.
I zelba si zamisliv,sega ke cekam DA se ispolni[sm=jezicek.gif]




blond -> RE: Ланец на среќа (30.11.2014 17:38:23)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Значи доста е распространет колачов [sm=jezicek.gif] и го има со различни називи. Мене ми го дадоа како „Колач на среќата“ и да, scared, реален колач, не е виртуелен. Значи ми донесоа како зафатено тесто, и треба секој ден да му ставаш нешто - првиот ден шеќер, вториот млеко, третиот брашно, четвртиот мешаш, и петтиот го делиш на 4 дела, еден останува за тебе пак додаваш потребните состојки за колач, а другите три дела ги делиш на други луѓе, и тие да си направат колач. [sm=smiley36.gif]

[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]

Vo Strumica uste ne sum sretnala vakov kolac [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Страница: [1]