Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Од деца до ученици



Порака


caciana -> Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (20.11.2014 13:05:12)

Здраво драги мои[sm=smiley1.gif]
Темава со здрава храна во последно време е многу застапена на ТВ.
Дали мислите дека вашите дечиња здраво се хранат во градинките или треба да им се промени исхраната? Дали сте за или против воведување на нутриционисти во градинките кои што ќе го составуваат дневното мени за вашите дечиња?[sm=duda.gif]




AneLav RR -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (20.11.2014 13:42:23)

Јас сум ЗА. Бидејќи дечињата поголемиот дел од денот го минуваат во градинка мислам дека треба нутриционист да одреди мени соодветно за возраста. Иако дома ние се трудиме да се хранат здртаво сепак не можеме точно да знаеме како да им ја избалансираме исхраната и дали се внесуваат доволно витамини и минерали за соодветната возраст. За жал брзиот начин на живот и претераните работни обрски не ни дозволуваат 100% да се посветиме на тоа. Затоа се повеќе е зголемена и гојазноста кај малите деца. Се јаде брза храна која е висококалорична а сосема нездрава. Затоа сум и за нутриционист во градинка. Ако веќе плаќаме и ако веќе некој се грижи за нив во тој период од денот соодетно нека го направи и менито за таа возраст.




Mihaela 2010 -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (20.11.2014 14:26:32)

Mislam deka sekoj bi bil ZA[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (1.12.2014 1:17:35)

И јас сум ЗА баш κаκо што κажа АнеЛав бидејќи 3 обρоци добиваат таму тρеба здρаво да се хρанат




caciana -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (1.12.2014 1:42:07)

Da 3 obroci koi sto na 2 dena se povtoruvaat ... [sm=zmeden.gif]




LoveableMe RR -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (1.12.2014 9:33:05)

Јас сеуште немам деца, но ако ова е реална можност, јас сум ептен ЗАААААААААА. Наместо тортици, крем банани и што ли уште не, да се хранат со здрава храна зеленчук овошје, топло го поздравувам како проект!




miana -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (1.12.2014 9:46:40)

ЗА- дефинитвно!! Ако јас не сум во можност секој ден да готвам и јадеме тоа што свеки ке готви, барем таму нека внесува здрави продукти.. Кај нас гледам им даваат сутлијаш, овошје и сл. Се им приготвуваат, керкаи не се жали, си јаде




scared RR -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (1.12.2014 10:22:38)

Секако дека сум за, мислам дека децава не се хранат доволно здраво во градинкиве, јадат тестенини, пудинзи, колачи..треба да се воведе режим на богата здрава и разновидна исхрана ..




Hopeful RR -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (1.12.2014 10:47:58)

И јас сум за, апсолутно! Иако сум бааги далеку од градинка, кога слушам што им даваат, од тортици до смоки, до леб и еурокрем и што се не, ми се смачува. Замислете родители што дома внимаваат, мерат, калкулираат, бираат и внесуваат здрави прави работи, и сега нивното дете ќе јаде свашта во градинка само затоа што некој склучил договор за таква храна...
Ептен сум за нутриционист во градинка, ама асален, не од оние што тврдат дека треба од се по малце, туку од оние што прават смути, салати и не препорачуваат месо и млеко со секое јадење... кога ќе ги видам децата на пријателите како не седнуваат на маса без месо ми се слошува... Секој оброк треба да биде разновиден, измерен и здрав.




Melanija RR -> RE: Нутриционист во градинка , дали сте за или против? (1.12.2014 11:26:02)

И јас сум ЗА, а сега има доктори кои на Менито кое е истакнато се потпишани.Во јасли е ок нема еурокрем или тортици[sm=smiley1.gif] Навистина пола ден се таму мора некако да се балансира исхраната па дома ако се може ќе се надокнади.Но не верувам дека ова ќе се случи сепак тоа е плус уште едно работно место




Страница: [1]