Славска трпеза - идеи (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


miana -> Славска трпеза - идеи (3.12.2014 12:22:14)

Ајде мамички да споделиме искуства .
Незнам дали има ваква теа, но ако има преместете ги постовите.
Ни се ближи славата, а и роденденот на мојата помала керка ( во ист ден се )
Славата е св. Никола и е посна/.
Сакам на оваа тема да пишуваме идеи за славска трпеза и посна и мрсна слава.
Јас вообичаено со свеки спремам - тавче гравче, риба пастрмка на скара, мали сармички, посни колачиња, клцано ( со пипер и патлиџан), макало со варен компир и везена пиперка, посна пита, посни кифли и сл.
Оваа година сакам да има нешто ново.Имам во план да ставам печени печурки..Дајдте некој рецепт за некоја салата посна




caciana -> RE: Славска трпеза - идеи (3.12.2014 14:04:45)

400gr oriz
250gr pecurki marinirani
280gr articok(moze i bez )
7 kiseli krastajcina, 7 morkovi
300gr maslinki

Orizot se vari vo solena voda, no treba da se vnimava da ne se prevari. Isto se varat i morkovite. Site sostojki se seckaat i se dodava orizot. Se posoluva i se dodava maslo po potreba.Moze da se posluzi i kako prilog so riba

Inaku i nas ni e sv.Nikola slava. I kaj nas so majka mi spremame corba od riba, malecki posni sarmi, riba losos, baklava [sm=smiley36.gif], sveza salata.




Malecka23 -> RE: Славска трпеза - идеи (3.12.2014 14:18:01)

Brat mi slavi imenden sv.Nikola.Majka mi sekoga godina obavezno pusat riba skusa,pravi od oslic koftinja sto se prevkusni,sarma obavezno baklava,bajadera crno-bel rolat so kokos i zele,rolat so krem banani,salati cveklo zelka zavisno sekoja godina razlicno




miana -> RE: Славска трпеза - идеи и рецепти (3.12.2014 14:21:11)

Јас оваа година ништо благо нема да ставам на масите, или може да ставам колку да не е без ич. Ке имаме роденденска посна торта од канела. Дајте нешто ново, некоја интересна салата, некој интересен гарнир за украсување. Сакам да испечам печурки и еве што да ставам со печурките во тањирот, да не се само печурки? И некој посен ролат солен? Солена торта?




Hopeful RR -> RE: Славска трпеза - идеи (3.12.2014 14:32:42)

Св. Никола ми е омилена слава, иако не ни е домашна [sm=smiley1.gif] Како мала со моите одевме на Св Никола кај тетка ми и ми беше многу интересно, а сега со мм одиме кај еден негов пријател, кај што секогаш има толку многу убава храна, ама да се потепаш од јадење! Освен класичните јадења што ги набројавте, секогаш имаат една салата со свеж праз и печурки, не знам што точно друго, мислам некакви семки и пченка, ама салатата е неверојатна!

Од посните работи што ние ги јадеме, хит ми е салата од авокадо, домати, кромид и пропржени семки од сончоглед. Авокадото може да се направи и како гвакамоле - во блендер со кромид, лук, зачини, и излегува топ.
Како крем салата, може да направиш и хумус - се кисне наут преку ноќ, се вари околу 50 мин и се блендира. Му се додава таан (мерката е по вкус), сол, бибер, маслиново, лук и кумин, и по потреба од водата во која се варел наутот, се додека не стане кремаст и без грутчиња. Хумусот е - прсти да излижеш! [sm=smiley1.gif]
Исто на тема наут, со печурките може да послужиш фелафел - ќофтиња од наут! И тие се топ!

Инаку, ние дома за Бадник развивме нови идеи за посни јадења, од кои морам да ја издвојам посната сарма со црвена леќа. Се се прави како обична сарма, само наместо ориз и месо се става црвена леќа, и вкусот е - ама немам зборови! Пробајте ја, се надевам ќе ви се допадне [sm=smiley1.gif]




blue_blue -> RE: Славска трпеза - идеи (3.12.2014 14:42:09)

можеш да направиш ќофтиња од црвена леќа

200 гр. црвена леќа
4-5 лажици пченкарно брашно
50 гр. семки од тиква и сончоглед (може и лен или сусам)
1 главица кромид
4-5 чешниња лук
пола лажичка ким

Леќата ја ставаш да се кисне барем 2 часа (не треба да ја вариш). Потоа сите состојки ги ставаш во блендер и миксаш. Ако сместа ти е течна додади уште некоја лажица брашно, ако ти е прегуста стави малку вода. Од сместата се формираат ќофтиња се валкаат во пченкарно брашно и во сусам (може и во презла) и се пржат на загреан зејтин.

Еве ти и два рецепти за посни намази:

ХУМУС
100 грама наут
100 грама леблебија непечена
4-5 големи лажици таан
6-7 чешниња лук
сок од пола лимон
маслинов зејтин по потреба (ќе ти требаат меѓу 50 и 70 грама)

Наутот се кисне 2-3 чаца а потоа се вари пола час до 40 мин. Се процедува, но остави маклу од водата може ќе ти треба. Сите состојки се ставаат во бленедер, се додава сол и бибер и имаш супер интересен намаз и здрав намаз.

ПЕСТО
5 китки свеж босилек
100 грама индиски ореви (печени и солени)
маслиново масло (не знам точно колку ама некаде околу 50 грама)
малку сок од лимон

Се ставаш во блендер и миксаш дур не се добие изедначена смеса





blue_blue -> RE: Славска трпеза - идеи (3.12.2014 14:50:30)

Фалафел
• 340 гр. варен наут
• 1 мал кромид
• 1 рака магдонос
• 3 чешниња лук
• 2 супени лажици брашно
• 2 супени лажици кумин (мелен ким)
• Масло за пржење, сол и бибер
Наутот се кисне во вода барем 4-5 часа а потоа се вари околу 40 мин. Кромидот, лукот, магдоносот, куминот, и малку сол и бибер ги ставаме во блендер и го додаваме сварениот и исцеден наут. Миксаме додека не се направи еднолична смеса. Додаваме 2 лажици брашно. Смесата убаво ја мешаме и правиме топчиња. Топчињата ги ставаме да отстојат во фрижидер неколку минути додека да се загрее маслото за пржење и потоа ги пржиме додека да добијат златна боја.


Исто така на сајтот на онаа како се вивасе 8-ка имаш многу посни рецепти како и на сајтот суровоивкусно




caciana -> RE: Славска трпеза - идеи (4.12.2014 8:30:14)

Majkami sprema trasicionalna corba Od riba.
Ribata ja vari ubavo,potpa mesoto go cisti Od koskite.
Iscistenoto meso go vraka Vo tendzere da se vari so zacini(lul,vegeta,Sol)potoa,recisi prikrajot vo vodata dodava domatno pire.
Na kraj zaprzuva rednan morkov,mu dodava malu brasno I so ova ja zaprzuva corbata.Ova e nasata tradicionalna corba za SV Nikola,osven grav I sarma.




miana -> RE: Славска трпеза - идеи (4.12.2014 11:00:13)

Еве јас што најодв и планирам да правам

Шарени бомбици од компир

Се прави пире од компири, се додаваат зачини по вкус - сол, вегета, црн пипер итн.
Од пирето се прават бомбици и дел се валкаат во магданос, други во рендан морков, мелени ореви, толчени кикиритки или пак друго нешто што ви падне на памет.

Изгледаат ептен убаво и шарено на маса, пр. ако имате посна слава. А и не мора да е посна нели, може и кај обичен ручек наместо пире да се промени рутината со вакви бомбици.

Вегетаријански мајонез: 200г чистен и непечен сончоглед се кисне во вода најмалку пет часа, се измива убаво и оди во блендер. Се додава 3/4 чаша ладно цедено маслиново масло, 1/3 чаша вода, 1/4 лажиче лук во прав (јас ставив две чешниња свеж лук, повеќе го сакам), сок од половина лимон, лажица сенф, лажиче сол и зачини по желба (јас додадов копар и малку свежо мелен црн бибер). Се блендира убаво да стане мазно како паста. Превкусно е!
Со тоа што не додадов копар во мајонезот, ја направив основната верзија, инаку најубав е со додаток на кари или куркума.

ПОСНА ПИЦА
Се замесува тесто со околу1/2кг брашно ,една коцка стасан квасец,сол,малку шеќер ивода.Кога тестото ќе стаса се прави кора за пица .Одозгора се става томатело,оригано,сусам растителен кашкавал,сецкани маслинки и печурки.се капнува и малку маслиново масло.Се пече во долниот дел од рерната за доле да фати кора а горе само да се растопи кашкавалот.

Посни плескавици од соја

Потребно: 200 гр. соја трошки, 5-6 компири, 2 лаж. брашно, 1 главица кромид, лук, буковка, сол, вегета, црн пипер, црвен пипер, масло.

Подготовка: Сојата се става во врела вода да набубри. Потоа се цеди со рака за да не биде премногу водена. Компирите се ставаат да се варат и додека се топли се пасираат како пире. Кромидот ситно се сецка, а исто и лукот. Во еден подлабок сад се заедно се меси со рака, воедно додавајќи се преостанато, за да се добие хомогена смеса. Од смесата се прават плескавиците и се валкаат во царевно брашно (со него не се препржуваат и добиваат убава боја), па се пржат во загреано масло.




AnnaMolly RR -> RE: Славска трпеза - идеи (4.12.2014 11:13:46)

Еве од мене една идеја за посни колачи.

Сникерс бомбици

500 гр кикирики
500 гр алва
500 гр урми
1 кристал маргарин

Кикириките дел се мелат во машинка, дел се толчат ситно. Урмите ситно се сечкаат. Се ставаат во сад, се крши алвата внатре и се става маргарин, па се меси со рака како тесто за да се соедини.

Јас сум ги правела како бомбици и како пралини во калапи.
Рецептот е посен, најлесен за правење, а вкусен до бескрај.




mama toci -> RE: Славска трпеза - идеи (4.12.2014 14:16:08)

Миана,те молам дај идеја од каде да ја порачам посната торта,и на мојата ќеркичка и е роденден на св.Никола.Од која канела ја земаш и дали е вкусна? Ние лани ја порачавме од Ве микс,ама не сум нешто задоволна од вкусот..




miana -> RE: Славска трпеза - идеи (4.12.2014 14:21:20)

Канела срцка... Не сум пробала, ама сигурна сум дека нема да има утка.. Прашав ми рекоа дека прават и детски посни торти, но тортата мора да биде правоаголна .. Јас ке го порачувам Сунѓер Боб, а тој и онака е коцкаст, и ми рекоа дека може да ми го направат, дури и фотографии ми испратија на мејл... Инаку прашував во црвената канела - Канела Прима.. Има во козле и во аеродром.,. На златна книга барај канела прима и ке ти извади каде се има, прашај јави им се..Јас во нив не се сомневам..Ова ке ни биде прва ваква торта, па ке напишам и кога ке помине св.Никола




miana -> RE: Славска трпеза - идеи (16.12.2014 13:38:38)

Еве сум си ја на мојата тема..Свеки ја повреди ногата и е во гипс, па такада целото спремање за славата ке остане на мене и нормално некоја добродојдена помош од страна [sm=smiley1.gif]

Инаку ова ке има на мојата славска посна трпеза-
Риба пастрмка на скара, гравче тавче, сармички, крокети од компир, печурки и поховани посни маслинки. Салати ке имам од компир и везен пипер, кисели црвени ајварки пиперки од тегла и салата од посна урда, сусам и лут ајвар. Ке има краставица и домат посебно, потоа ке има апетисани, пита со праз и зелка и земички ( лепчиња )
Од благото - посна торта од канела во форма на сунѓер боб [sm=smiley1.gif]
Инаку прашав за составот на посната торта ми рекоа дека има ореви, лешници и сл, бисквити, пченица и сл. И ме прашаа дали да биде со вишна или со кајсија, јас одбрав вишната како варијанта а ке вви кажам дали е вкусна за три дена [sm=smiley36.gif]

Инаку рецептот за посни маслинки е лесен, лесно се поховаат, ги испробав викендов.

Ви требаат полнети маслинки ( оние со пиперка )
правите смеса како за палачнки ( таа густина ) од брашно, кисела вода и малце масло.
Ја валкате маслинката во семсата, па во презна, па ја обликувате со раката во вид на топче, па пак ја ставате во смесата и во презлата и пак обликувате со раката и итоте ги пржите.
Крокетите од компир ке ги купам готови од КАМ маркет и ке ги пржам.




deluxe -> RE: Славска трпеза - идеи (16.12.2014 14:09:59)


ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве сум си ја на мојата тема..Свеки ја повреди ногата и е во гипс, па такада целото спремање за славата ке остане на мене и нормално некоја добродојдена помош од страна [sm=smiley1.gif]

Инаку ова ке има на мојата славска посна трпеза-
Риба пастрмка на скара, гравче тавче, сармички, крокети од компир, печурки и поховани посни маслинки. Салати ке имам од компир и везен пипер, кисели црвени ајварки пиперки од тегла и салата од посна урда, сусам и лут ајвар. Ке има краставица и домат посебно, потоа ке има апетисани, пита со праз и зелка и земички ( лепчиња )
Од благото - посна торта од канела во форма на сунѓер боб [sm=smiley1.gif]
Инаку прашав за составот на посната торта ми рекоа дека има ореви, лешници и сл, бисквити, пченица и сл. И ме прашаа дали да биде со вишна или со кајсија, јас одбрав вишната како варијанта а ке вви кажам дали е вкусна за три дена [sm=smiley36.gif]

Инаку рецептот за посни маслинки е лесен, лесно се поховаат, ги испробав викендов.

Ви требаат полнети маслинки ( оние со пиперка )
правите смеса како за палачнки ( таа густина ) од брашно, кисела вода и малце масло.
Ја валкате маслинката во семсата, па во презна, па ја обликувате со раката во вид на топче, па пак ја ставате во смесата и во презлата и пак обликувате со раката и итоте ги пржите.
Крокетите од компир ке ги купам готови од КАМ маркет и ке ги пржам.



[sm=bravo.gif]
[sm=bravo.gif]Miana ova so maslinkite ke go probam.A Kako gi serviras?Kako za meze?ili so glavnoto jadenje.Nasata slava pomina,no jas ja sakam posnata trpeza.




miana -> RE: Славска трпеза - идеи (16.12.2014 14:28:47)

Па ке имам околу 30 тина луѓе на гости и три големи маси споени.
На секоја маса ке ставам по едно нешто од ова што набројав ( гравче во тава, риба со лимон во овали, сармички, потоа салатите во посебни чинии со по три прегради а на даски или тањири ке ставам како подлога марула и ке ставам печурки, до нив крокети и маслинките - како даска ке биде ) Инаку ептен се вкусни и многу лесни за правење




mama toci -> RE: Славска трпеза - идеи (16.12.2014 14:48:29)

Миана,какви ти се овие крокети од КАМ,вкусни ли се и дали брзо се спремаат?




miana -> RE: Славска трпеза - идеи (16.12.2014 14:54:43)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mama toci

Миана,какви ти се овие крокети од КАМ,вкусни ли се и дали брзо се спремаат?


топчиња од компри се и многу лесно се спремаат.. Во врел зејтин се пржат замрзнати.
52 денари се и во едно паковање има 600 грама.
Јас добив и многу убав рецепт за посни крокети со варен компир, брашно, маргарин, посен димен кашкавал и сусам и се ПРЕВКУСНИ, ама немам време да ги правам, бараат многу работа.. Инаку во секое топче се става посен димен кашкавал и се валкаат во сусам пред да се пржат и се преубави..Растителниот димен кашкавал и сусамот даваат посебен вкус и мирис . Ке ви го напишам рецептот и за тие, го немам во мене, на работа сум сега.




LoveableMe RR -> RE: Славска трпеза - идеи (23.12.2015 15:15:41)

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

......Mило ми е што сеуште ја носам титулата како најдомакинка ( една од најдомакинките ) на Рингераја, иако подолго време не сум поставила некој интересен рецеот ( не дека немам ).....


E тука те чекав, ако имаш ај сега да пишеш некое рецептче, посно мрсно, благо, солено [sm=jezicek.gif][sm=smiley36.gif]




Страница: [1]