Melanija RR -> Акција на Црвениот крст на РМ и Винчини (3.12.2014 12:45:50)
|
Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Винчини организира заедничка иницијатива за обезбедување на поддршка на проектни активности за подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби во денвните центри во Виница, Струмица, Куманово и Штип. Компанијата МАКПРОГРЕС определи еден производ од својата широка палета на производи – Тортина 450 гр. од Винчини, кој производ е обележан со налепница и е назначено дека со купување на производот се донираат 5 денари за поддршка на децата со посебни потреби во дневните центри. Оваа акција се организира во период од 17 ноември 2014 година до 17 февруари 2015 година во кој период компанијата наменски ќе врши продажба на производот и по завршување на истата обезбедените средства ќе бидат донирани на Црвениот крст на РМ за поддршка на проектните активности. Сигурна сум дека сите ќе ја подршиме оваа слатка хумана акција [sm=bravo.gif] [img]http://ckrm.org.mk/wp-content/uploads/ckrm1811-615x300.png[/img] Извор:Црвен крст на РМ
|
|
|
|