Ден на дрвото (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Дружби, случувања



Порака


mami -> Ден на дрвото (10.11.2009 14:06:32)

СОНОТ ЗА ПОШУМЕНА ИДНИНА Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се роди во август 2007 година, кога идејниот татко на акцијата, амбасадорот на мирот на UNESCO, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, трогнат од огромните катастрофални пожари, кои 2006 и 2007 ја соголија и опустошија Република Македонија, добива благородна идеја и поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.

Незаборавната изјава на уметникот дека „Не сме само ние жители на планетета, и шумите се жители како и ние„ и дека „Треба да се прогласи ден на жалост кога масовно умираат шумите„ ја зароди и осемени големата идеја кон реализација. Иницијатива на г-дин Трајанов, ја прифатија група ентузијасти, започнувајќи го проектот Ден на дрвото – засади ја својата иднина.

Ексклузивата на оваа идеја е оригиналниот зафат – секој граѓанин на земјата да засади по едно дрвце – и тоа во само еден ден! Блескавата метафора за себепрераѓање преку раѓање на нов живот на шумите - сонот за пошумена Македонија, во само еден ден стана убава зелена стварност во која - беа засадени два милиона и педесетишест илјади садници, колку што Република Македонија има жители! На 12 март 2008 година се спроведе првата акција на која жителите на земјата масовно излегоа да засадат дрвца. Реки народ се придвижуваа кон подготвените терени, кои беа уредно распоредени од стручните лица на „Македонски шуми„. Познатите јавни и естрадни личности излегоа да помогнат во повикувањето на народот. Акцијата беше повеќе од успешна и веќе околу пладне, за чудо, недостигаа садници за секој жител. На 13 март Македонија се разбуди озеленета, облагородена, а секој граѓанин се вдахна себеси, вградувајќи се, засадувајќи ја својата иднина некаде во младите идни шуми.

Македонија се прочу во светот по добро...

АКЦИЈАТА Е ВЕЌЕ ТРАДИЦОНАЛНА - ВТОРАТА И ТРЕТАТА АКЦИЈА

По шест месеци, на 28 октомври 2008 се спроведе и втората акција на која се засадија шест милиони садници! И покрај драматичните временски непогоди, студот и снегот не ги спречија илјадници луѓе да ги напуштат топлите домови и со невиден ентузијазам да се упатат кон предвидените локации и кон големата мисија за својата земја.

Покрај македонските естрадни ѕвезди, втората акција ја збогатија и ѕвезди од соседните земји, како познатите: Шола од Хрватска, Бојан Маровиќ од Црна Гора, Бајага од Србија, Жељко Бебек од БИХ, како и истакнатиот поет Љубомир Левчев од Бугарија.
По завршувањето на втората акција, светот повторно дозна за Македонија. Блескав беше одгласот на речиси сите странски медиуми кои ја истакнаа Македонија во своите ударни гласила.

На 14 март 2009 се спроведе и третата акција, на која за еден ден се засадија дури пет милиони дрвца! Силниот ветар не ги поколеба граѓаните кои масовно излегоа да ги исполнат браздите со млади садници. Организираниот превоз и воопшто организацијата ја направи акцијата уште поуспешна.


ДИПЛОМАТСКА И МЕЃУНАРОДНА ПОДДРШКА

Акцијата наиде на одличен одзив кај сите земји во соседството, регионот и пошироко.
Амбасадорите од сите странски земји со радост ја прифатија иницијативата да бидат дел од тимот кој помага во озеленување на просторот. Вистински настан беше кога со свои раце садеа иднина и странските амбасадори во Македонија.

Меѓу највпечатливите изјави е онаа на холандската амбасадорка, Нејзината Екселенција, г-ѓа Симоне Филипини: „Кога во 14.30 часот се враќав од ридот кај Рафинеријата видов цела река народ што не се враќаше со мене, туку се качуваше, и со ентузијазам прашуваа – дали и за нас останаа дрвца за садење!

Уште од првиот момент акцијата ја поддржа и Европската унија, и тоа преку личното срдечно учество на Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Неговата Екселенција Ерван Фуере.
Имаме поддршка и од други странски организации и фактори.

АКЦИЈАТА ВО СВЕТСКИТЕ И ДОМАШНИТЕ МЕДИУМИ

Поддршката од странските земји е и медиумска. Најреномираните медиуми со восхит известуваа за нашиот успех: „Agence France-Presse„, „Reuters„, Shin Hua „BBS„ и други.

За блескавиот одглас на акцијата во странските медиуми, најубаво сведочи и овој текст што сега го читате, кој е мозаик од извадоци за големиот трикратен еко-настан во Македонија.
Секоја наша акција имаше голема логистика и од домашните медиуми, кои ни понудија бесплатно емитување на рекламни спотови и целосна ТВ-презентација. Повикот до граѓаните и информациите за организацијата на настанот се одвиваше преку телевизиите и весниците. Сето тоа имаше ефикасна едукативна, организациска и апелативна улога.

МЕЃУНАРОДНИ ПРИЗНАНИЈА

По првата акција г-дин Трајанов, за оваа иницијатива доби „Награда за Индивидуален Филантроп од Македонија„ за 2008 г. доделна од Центарот за Институционален развој.

[image]http://www.treeday.com.mk/images/certificate.jpg[/image] Меѓународната еколошка фондација Врховниот учител Чинг Хаи, во знак на успешност на акцијата му додели плакета на Борис Трајанов, каква што пред тоа добиле и Бил Гејтс, Анџелина Џоли и други најелтини имиња. Притоа беше нагласено дека со акцијата Ден на дрвото се направени напори и за смирување и мир меѓу етничките групи во Македонија и дека би сакале сите нации во светот да го следат македонскиот проект за садење дрвца што ќе помогне во трансформација на Планетата во здрав, жив рај со што сите луѓе ќе се обединат и ќе работат во мир.

Сепак, лидерот и идеологот на акцијата Борис Трајанов, при секој ваков повод, скромно изјавува дека овие награди не ги смета само како лични, туку колективни оти дека тие им припаѓаат и на сите членови на Оборот, на сите членови на акцијата, на нашите партнери, но најмногу на оние кои на свои раце ги понесоа големите подвизи – граѓаните кои доброволно пошумуваа.

ОД ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ДО ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ

Граѓанската иницијатива Ден на дрвото – Засади ја својата иднина на чело со амбасадорот на УНЕСКО Борис Трајанов, формираше Иницијативен одбор од стотина ентузијасти. Oдборот за реализација на акцијата го сочинуваат истакнати личности од повеќе сфери, креатори на јавното мислење, културни работници, познати естрадни уметници, новинари, претставници од бизнис-секторот, од образованието, личности од научниот, креативниот и уметничкиот живот на Република Македонија.

Денес Здружението на граѓани е организација која е наполно отворена за меѓународна и интернационална потенцијална мрежа на соработка со земјите од соседството, регионот и светот воопшто. Нашата мисија го надраснува локалниот интерес, кон регионалното и глобалното добро.

ПРОМОТИВНИ АКТИВНОСТИ

Нашите акции имаат богат промотивен логистички репертоар. Походот за пошумување се шири низ целата територија на земјата – од градинките, забавиштата, училиштата, факултетите, ридовите, планините, до градските плоштади, од општина до општина.

Промотивните активности се одвиваат во две етапи:
  • Практична и непосредна промоција меѓу граѓаните;
  • Медиумска промоција (преку ТВ-спотови и презентации).


УНИВЕРЗАЛНОСТ И ОБЕДИНУВАЊЕ

Акцијата е универзална и сенародна. Граѓаните пошумуваа заедно, без разлика на верска, полова, национална, политичка и социјална припадност.

Посебно интересен и значаен настан беше кога зедно садеа и верските лидери во земјава, кои замислете, на сите три акции, иако се од различна верска припадност - заедно садеа во дворовите на различните верски храмови! Тие ја подвлекоа хармонијата на сите граѓани за оваа благородна еколошка и хуманитарна акција. Ова е врвен и редок пример за верска, мултиконфесионална и мултинационална толеранција. При секоја ваква мини-акција, ние и граѓаните се збогативме со ново духовно богатство од секоја религија. Со тоа нашиот духовен имот станува непрегледен, а предворијата на храмовите, симболички се „нахранија„ со различни духовни вредности, засадувајќи пошумена идинина.

Дека овие три акции го обединуваат човештвото на најубав начин сведочат и сите облици на образовна, културна и научна синергија, која постојано ја поттикнуваме преку разни иницијативи за конкуси и натпревари за младите и креативните, преку културни менифестации и проекти, и преку научна конференција за дологорочно пошумување на нашата земја.
Со тоа поттикнуваме фер-дијалог, опшата толеранција и просперитет.


превземено од : Ден на дрвото- засади ја својата иднина
 




mother 29 -> RE: Ден на дрвото (10.11.2009 14:07:58)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]

ке оди некој во акција?




mami -> RE: Ден на дрвото (10.11.2009 14:09:21)

Јас бев на првата со така фино заоблен стомак[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]а на следните со Лука во кенгур и садевме дрвца..малку времето не ни чинеше и моравме брзо да си одиме- почна снег да врне[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image], ама годинава, само да не врне дожд, за се друго не не плаши, ке одиме дефинитивно




vezilka RR -> RE: Ден на дрвото (21.11.2012 10:49:32)

Дали познавате некого кој на денот на дрвото бил на оваа акција и засадил дрвце? Јас, не. Не дека сум против садење дрва, туку ме вади од такт начинот на кој се организира ова. Или е неработен ден, или нека го прават во сабота, па кој сака нека оди. Сега половина од луѓето седат дома (2% од нив отишле да сдадат) другата половина (ако не и повеќе) си се на работа, ама нема каде да остават дете, или некоја друга комбинација која ги изместува од секојдневието, а тоа кошта пари. Башка работа е што во сабота кога демек ќе се одработува, само половина ќе се појават на работа, од кои половина ќе си заминат до 13 часот. И тоа е губење пари..Ме интересира кои се резултатите од овие акции? Дали се исплати сета оваа мешаница?




miana -> RE: Ден на дрвото (21.11.2012 10:55:51)

Познавам такви луге..Моите свекор и свекрва одат и садат дрвца..Ова е супер ,мегутоа не треба да се зема работен ден заради ова..Кој сака да сади може да сади кога сака а не мора тоа да биде некој работен ден..Не сакаат сите да садат дрва а вака се приморани да не одат на работа тој ден па да одработуваа друг ден..Мислите дека оние кои денес не се на работа садат дрво??Нееее




Ring -> RE: Ден на дрвото (21.11.2012 11:09:23)

Eden drugar ke sadi drvca denes zatoa sto mora...ako me razbirate [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif] pala naredba [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]...inaku sum protiv da se organiziraat vo raboten den .... pa sekoj vikend moze da se sadat drvca
baska imam eden prijatel koj raboti vo makedonski sumi i vika deka 90 % od drvcata ne niknuvaat od X pricini ....taka da ne znam kolku seto ova e opravdano

P.s potpolno se soglasuvam so Vezilka

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Дали познавате некого кој на денот на дрвото бил на оваа акција и засадил дрвце? Јас, не. Не дека сум против садење дрва, туку ме вади од такт начинот на кој се организира ова. Или е неработен ден, или нека го прават во сабота, па кој сака нека оди. Сега половина од луѓето седат дома (2% од нив отишле да сдадат) другата половина (ако не и повеќе) си се на работа, ама нема каде да остават дете, или некоја друга комбинација која ги изместува од секојдневието, а тоа кошта пари. Башка работа е што во сабота кога демек ќе се одработува, само половина ќе се појават на работа, од кои половина ќе си заминат до 13 часот. И тоа е губење пари..Ме интересира кои се резултатите од овие акции? Дали се исплати сета оваа мешаница?





sandriana RR -> RE: Ден на дрвото (21.11.2012 11:55:55)

Ден на дрво - си немал ѓаолот работа...Така си го доживувам денов. Еве, дремеме на работа 5 души, нигде никого да побара услуга од нас, текови административни работи не можам да завршувам - зш државна администрација не работи денес, тотално непродуктивен и утнат ден. Како што рековте сите - може кој било неработен викендашки ден да се организира и да биде поефективно изреализирано. Сепак, ова е нашата чуд(ес)на земја / државичка..




Bilence2 -> RE: Ден на дрвото (21.11.2012 14:59:44)

Ne znam zosto ne dadat po nekoja sadnica na lugeto sto imaat dvorovi, pa da zasadat drvce vo dvorce. Toa mi e nekako pofino, em ke se grizi nekoj za drvceto, da se zafati, em ke se najde drvceto vo gradot i ke go razubavuva dvorot. Zeleniloto mozebi gradot go planira na javnite povrsini, no po dvorovite na lugeto ako gi ima toa e bonus za gradot mislam.




Felly RR -> RE: Ден на дрвото (18.11.2013 13:30:10)

Знаете ли кога ќе биде Денот на дрвото оваа годиина? Долго веќе го најавуваат на ТВ, ама мислам дека сеуште немаат кажано кога точно ќе биде [sm=smiley25.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Ден на дрвото (18.11.2013 14:19:54)

Jas sabajle nesto procitav za vo sreda ,ovaa sreda neraboten den,ama posle nekoe vreme objavija deka seuste ne bilo definirano koga ke bide...na toa ostana




Mihaela 2010 -> RE: Ден на дрвото (25.11.2013 19:28:40)

ete denot na drvoto ke bide ovaa sreda,i nie nema da rabotime ama za zal ke treba da odrabotuvame u sabota-ova neoficijalno ama po se izgleda taka ke bide...[sm=zmeden.gif]
samo se prasuvam dali gradinkite ke rabotat vo sabota?




Felly RR -> RE: Ден на дрвото (25.11.2013 20:19:34)

Кај нас лани, не работеа во средата, па одработуваа во сабота и тие.[sm=smiley36.gif] Е сега за оваа година уште немаат кажано.




sandriana RR -> RE: Ден на дрвото (25.11.2013 22:44:11)

Јас и мм ќе работиме, а градинките не верувам. Очекувам соопштени утре да закачат на инфо таблата. Ќе работи изглеа баба сервис од државната администрација [sm=smiley36.gif]




Snowhite RR -> RE: Ден на дрвото (26.11.2013 12:21:08)

Градинките секогаш работат во сабота после денот на дрвото, барем кај нас, не знам за другите градинки баш, ама прашајте си




Felly RR -> RE: Ден на дрвото (26.11.2013 20:26:09)

Е оваа година работат и утре, мене ми одговара - цел ден ќе бидам на работа, за нас не е неработен ден.




Snowhite RR -> RE: Ден на дрвото (26.11.2013 22:29:04)

epa dobro sto rabotat do lani stvarno imav problem zasto nie rabotime a sveki pa odea na posumuvanje i doma ne mozese da go vardi




bucko mal -> RE: Ден на дрвото (28.11.2013 4:23:14)

Mnogu me nervirase ovoj den koga ke dojdese.Za nekoj raboten za nekoj neraboten den da neznae covek sto da pravi.[sm=smiley13.gif]




deluxe -> RE: Ден на дрвото (28.11.2013 7:24:39)

Вчера ја гледам на ТВ акцијата за садење дрва.Ме фати смеа и сум се смеела на цел глас,кутрите луѓе садат дрва во снег,и ги засипуваат со снег[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] И сигурно ќе се фатат дрвата[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Ден на дрвото (28.11.2013 8:45:15)


ИЗВОРНА ПОРАКА: deluxe RR

Вчера ја гледам на ТВ акцијата за садење дрва.Ме фати смеа и сум се смеела на цел глас,кутрите луѓе садат дрва во снег,и ги засипуваат со снег[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif] И сигурно ќе се фатат дрвата[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]

Pa navodno rekoa deka im se pogodilo vremeto,vlaznosta...koj znae




Felly RR -> RE: Ден на дрвото (29.11.2014 15:42:00)

Оваа година Денот на дрвото најавија дека ќе биде на 3.декември во среда. Па спремете се ајде да засадиме и ние некое дрвце!!!




scared RR -> RE: Ден на дрвото (29.11.2014 23:32:15)

[sm=bravo.gif] Ќе биде ли неработен и овој ден? На мм на работа му рекле како не се знаело..а јас слушнав на вести дека неработен ќе е [sm=zmeden.gif]




caciana -> RE: Ден на дрвото (29.11.2014 23:58:25)

Ti blagodaram moja Ringeraja I ringerajki,sto me informiravte deka v sreda e neraboten den.Imav 300 raboti planirano(administrativni)I sekade ke najdev zatvorena vrata.
Inaku ke probam DA zasadam nesto Vo dvor[sm=smiley36.gif]




Страница: [1]