RE: КафеРаја (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


marchi -> RE: КафеРаја (27.12.2015 11:43:39)


ИЗВОРНА ПОРАКА: mommy_angels RR

Кафево се изладило,ама таман е време за топло винце [img]http://doktori.mk/files/upload/2615/Hot_Spiced_Wine-2.jpg[/img]

na zdravje vinceto,ubava idea ti teknala,kaj nas vinoto e rezervirano za navecer,sega mi e vreme za [sm=kava.gif]




mommy_angels RR -> RE: КафеРаја (30.12.2015 9:14:17)

Добро утро лејдис !!!
Ајде повелете,за убав старт на денот [img]http://fitnessandfrozengrapes.com/wp/wp-content/uploads/2013/12/2013-christmas-tree-coffee.jpg[/img]




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (30.12.2015 11:34:36)

Фала мами, јас ќе земам навистина ми фали предновогодишно расположение, дружба и веселба, па да се напиеме кафенце, од таму да почнеме бар [sm=smiley36.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (30.12.2015 13:41:47)

Зимам и јас [sm=smiley1.gif] ми треба едно кафе.
Од мене торта
[img]https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/236x/19/ca/75/19ca752b33769c2fb494d5a71dfd3fe1.jpg[/img]
да се заблажиме нешто новогодишно




Hopeful RR -> RE: КафеРаја (30.12.2015 14:24:56)

Фала другарки, земам и кафе, и торта, денес ми треба енергија, а пошто сум гладна кокошка просо сонува, да ве почастам варено винце вас, кога веќе не можам јас [sm=smiley36.gif] Ако не, за Нова Година може да се почастам бар една чаша [sm=smiley36.gif]

[img]http://www.chowstatic.com/asset_s/2013/11/30925_RecipeImage_620_x_413_german_mulled_wine_2.jpg[/img]





mommy_angels RR -> RE: КафеРаја (5.1.2016 13:11:00)

Ајде женски кафенцето е послужено
[img]https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/236x/5b/b0/ae/5bb0ae0303c1d6dd45923fedd76d20cc.jpg[/img]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (15.1.2016 11:25:25)

Женски добро утро [sm=smiley1.gif] сега баш и не е некое утро [sm=smiley36.gif] уште малку време за ручек ке дојде [sm=smiley1.gif] ама затоа кафето со десерт ке го пиеме

[img]http://img03.deviantart.net/af3d/i/2014/013/9/f/coffee_cake_by_past1978-d7223le.jpg[/img]
Ајде повелете [sm=jezicek.gif]




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја (15.1.2016 12:22:22)

Глава ме уби од болење, давај кафе, батали ова слаткиве, се топкосавме по празнициве, ни треба нешто диетално да се доведеме во ред. [sm=smiley36.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (15.1.2016 13:04:13)

Ловче благото е за да одржуваме кондиција [sm=smiley1.gif] ке дојдат други празници ке не фатат неспремни [sm=jezicek.gif]




Melanija RR -> RE: КафеРаја (15.1.2016 23:39:32)

lukajana RR sakam i tolkavo kafe i tolkava torta za utre sabajle [sm=smiley36.gif] LoveableMe RR нема диета има само нејадење. Чаре да се почне со пост ,инаку барем за мене ете нема чаре [sm=zmeden.gif] Како доаѓа зима така мислам на убава пролет па кај и да е ќе се решам за строга диета или пост




Defne90 RR -> RE: КафеРаја (16.1.2016 10:28:35)

Добро утро жени,врнежливо надвор, само за внатре е за густирање кафе и благо со него.Конечно и јас да дојдам до компјутер, па да го искористам тоа да честам нешто и јас овде,за да ни тргне денот онака сабајлечки.Па повелете жени и имајте убав ден. [sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]
[img]http://www.kafepauza.mk/wp-content/uploads/2016/01/2-dali-znaevte-kako-kafeto-vlijae-na-izgledot-i-zdravjeto-na-nashata-kozha-www.kafepauza.mk_.jpg[/img]
[img]http://img1.liveinternet.ru/images/attach/c/8/125/567/125567811_5921629_preview650x3906501443104080.jpg[/img]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (16.1.2016 11:00:07)

Дефне јас ке се напијам кафе ,на вакво време ми треба едно тенџере кафе ,знам дека главата ке ме искине цел ден.
Порано не ми сметаше ама во последно време одкако сум дома многу ме депримира дожд.
Ајде се надевам побрзо ке премине во снег да се порадуваат децата,Л и санката ја спремил очекува снег од едно метро [sm=smiley36.gif].
Имајте убав ден девојки




Палешка РР -> RE: КафеРаја (17.1.2016 11:46:51)

Миа уште неотворени очите побара на снег да излези. И ајде се најаде, ја облеков и ја пуштив. И зеде еден камион да го полни со снег и и велам зошто ти е Миа? Е па да сме го замрзнеле за утре да сме имале [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]

Инаку јас сум болна, не мрдам од дома и само лежам и само се дебелам [sm=smiley19.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (17.1.2016 12:41:16)

Кај нас па нема снег само на крововите Л се разочара кога стана [sm=smiley13.gif] а баш беше спремен за на снег [sm=smiley1.gif].
Туку мене денед ништо не ми се работи цел ден со дундево се бркаме за на нокшир ,ја оставив без пелена дете не знае да оди чудно и е .
Него кафе ке вари ли некоја [sm=smiley36.gif] поцркавме без кафе




Палешка РР -> RE: КафеРаја (17.1.2016 17:04:34)

Ајдеее време за кафеее...ајде спанки станувајте од под ќебиња [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]

[img]http://www.kafepauza.mk/wp-content/uploads/2012/06/1-turskoto-kafe-del-od-makedonskoto-sekojdnevie-www.kafepauza.mk_.jpg[/img]

Кој ќе си го фати, за него [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




AneLav RR -> RE: КафеРаја (17.1.2016 17:35:54)

Со задоволство ќе сркнам од кафево,откако сум у ск дремка постојано ме пука од парново.Фала Палешке РР
[sm=kava.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (17.1.2016 17:46:52)

Чекај и јас да земам додека има [sm=jezicek.gif] Палешка РР таман на време иначе заспав .
АneLav RR не се жали од парното од утре ке го бараш [sm=smiley36.gif]
Ајде вечер јас частам нешто жестоко да имате мотивација за домашно пишување [sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: КафеРаја (18.1.2016 1:58:26)

Сред ноќ сама [sm=smiley36.gif] наместо до мм во кревет јас на РР [sm=smiley36.gif] стара љубов па скоро постара од таа кон мм [sm=zz_bounce.gif] Како најавија бура се мислев ќе не затрупа [sm=jezicek.gif] Добра ноќ се читаме на бел ден [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (18.1.2016 3:00:59)

Не си сама [sm=smiley1.gif] и јас сум трета смена [sm=smiley36.gif]
Дрмни една пијачка па на спиење [sm=zmeden.gif]

[img]http://i0.wp.com/www.imbored-letsgo.com/wp-content/uploads/2015/05/Classic-Martinis.jpg[/img]




AneLav RR -> RE: КафеРаја (18.1.2016 8:32:35)

Јас за освестување ќе дрмнам една, а можеби и две.Сабајлево со рикање ми почна па да се опуштм малку.




Палешка РР -> RE: КафеРаја (18.1.2016 9:02:38)

Добро утро и од мене.

Мене со Кинезите ми почна денот и јас сум за дрмнување една...ме избудалија [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




mommy_angels RR -> RE: КафеРаја (18.1.2016 19:53:25)

Жени добра ви вечер,да ви се пожалам,му кажувам на мм за пресметката на дечково,со надеж дека ќе се изгребам да почасти нешто,а тој мене ми вика,ааа дечково изгледа не знае множење,погрешил нешто [sm=jezicek.gif]

И како после човек да не пие [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]
[img]http://www.lockettbros.co.uk/wp-content/uploads/2014/11/red-wine-and-fireplace.jpg[/img]




lukajana RR -> RE: КафеРаја (18.1.2016 23:44:29)

Мами убава пресметка направил човекот ама нашиве мажи не се по математиката многу [sm=smiley36.gif].
Оваа сигурно на лото го добила [sm=jezicek.gif].
Тури едно вино ,што вика баба ми нерва ме фати




lukajana RR -> RE: КафеРаја (21.1.2016 17:17:27)

Женски има ли друштво за кафе ?
Ајде да се напиеме по едно кој пред кој после ручек .
Десерт не сум направила ке се ставиме на диета [sm=jezicek.gif]

[img]http://www.deliaonline.com/Images/xlarge/h2188-coffee-cappuccino-cre-18689.jpg[/img]




mommy_angels RR -> RE: КафеРаја (21.1.2016 18:38:12)

Диета [sm=smiley24.gif] што беше тоа?
[img]http://cakelicious.net/wp-content/uploads/2015/05/Chocolate-Cake-For-Your-Kid.jpg[/img]
Грабајте и бегајте,кафенцето таман "лежи" со тортичка




Страница: <<   < Претходна страница  28 29 [30] 31 32   Следна страница >   >>