RE: КафеРаја [chat] (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


Палешка РР -> RE: КафеРаја [chat] (16.12.2014 7:19:05)

Мирис на кафе кој буди од сон...Па ако е тоа зачинето со цимет...мммм...

Ајде станувајте една по една и на зборното утринско место. Кафето е уште поубаво кога се пие во друштво [sm=kava.gif] [sm=zz_inlove.gif]

[img]https://s-media-cache-ak0.pinimg.com/736x/ed/b5/cf/edb5cf87d3809acbb440fa18adbc39b4.jpg[/img]




Melanija RR -> RE: КафеРаја [chat] (16.12.2014 8:30:26)

Еве сум на кафе мммм убаво за очи а сигурно и за душа.Вообичаено магловито утро во СК и ладно.Рингерајки како е во другите градови и низ светот?[sm=smiley1.gif]




deluxe -> RE: КафеРаја [chat] (16.12.2014 9:32:46)

I za mene edno kafence[sm=smiley36.gif]Jas samo sto se razbudiv,Inaku sum se uspala.Vremevo e samo za spienje,maglovito,tmurno,nikakvo[sm=hudicek1.gif]Lele mrazam zima bez sneg definitivno[sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја [chat] (16.12.2014 10:23:05)

Лелее кафенце, со крем шлаг и цимет, мераци мх мх, јас ќе си земам. Како пројде со синко Палешка, сигурно убаво си се дружевте? Кас нас пукна цевка немаме парно, си имам донесено топло ќебенце и шмркам од кафето, а после и чајче ќе мавнам, биваше ли да цркне парново баш кога е ладно, па уште и магливо за никаде?

А од сабајле бев вредна, купив кори за баклава, ама золва ми ќе ја прави за славата на свеки.[sm=jezicek.gif] Позз женским, имајте убав ден




Defne90 RR -> RE: КафеРаја [chat] (16.12.2014 11:49:23)

Добар ден и од мене.Денеска богами времето нам овде ни се погоди.Сонце,топло,убавина е за шетање.[sm=smiley1.gif]Ама и јас најпрво ќе си земам од кафето,богами палешка се потрудила,па ќе му ја мислам што и каде да се оди и да се прави денес.[sm=smiley1.gif]
Поздравче рингерајки и имајте убав и пријатен ден.[sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: КафеРаја [chat] (16.12.2014 12:14:22)

Zdravo ringerajki, kako ste se razmuabetile od po sabajle [sm=smiley36.gif]. Fala Paleska za kafenceto ke si zemam edno. I kaj mene ovde ima magla i e oblacno i grdo [sm=zmeden.gif]. Ama ke stegnam zabi i pak ke izlezam da prosetam [sm=smiley1.gif]




mama_06 -> RE: КафеРаја [chat] (16.12.2014 13:44:25)

Добар дееен. Палешке како ми го погоди циметот, алал вера. Најмногу сакам мирис на цимет, посебно во зима околу Нова Година и Божик. Прав божикен зачин, и ќе го имам во изобилие на колачите од визитата на велики синко.
Кај нас заврна дожд,цела ноќ ме виеше коленово, абе ми се чинит точак возев дури спиев.




Палешка РР -> RE: КафеРаја [chat] (16.12.2014 20:59:34)

mama_06 циметот ем вкусен, ем афродизијак е [sm=smiley2.gif]

Ете најубаво чајче кое сум го пробала е тоа од јаболко и цимет...ммм...

[img]http://www.she.hr/wp-content/uploads/she_data/zdravlje/zivjeti%20zdravo/caj_cimet_2salice.jpg[/img]




deluxe -> RE: КафеРаја [chat] (17.12.2014 0:25:11)

Mojata omilenata kombinacija jabolko I cimet[sm=bravo.gif]Ja obozavam,osven kako caj ,I pita si pravam so jabolko I cimet.Inaku ne sum gi znaela svojstvata na cimetot,iako I jas kako Mama_06 go obozavam negoviot miris.




Bethany -> RE: КафеРаја [chat] (17.12.2014 10:47:57)

Добро утренце.
Еве јас ве дружам и со мојот омилениот чај од јаболко и цимет :)
Уште пита со јаболки да имав мх мх, ама ме мрзи да правам.
Вчера синко дојде од градинка и право ми побара палачинки, направив и се најадов и јас, па денес мора малку полесна храна, инаку ќе станам трупче. А и мм. Кој што прави тој вечито гладен, му викам аман сега ручавме, а тој ми одговара: па нели си бремена [sm=smiley36.gif]

Тука магла и дожд, ладно никакво време, вчера гледав прогноза некоја долгорочна, ама снег ни во најава [sm=smiley13.gif]
Сакаме снег [sm=smiley8.gif]




Defne90 RR -> RE: КафеРаја [chat] (17.12.2014 11:15:38)

Добар ден женички вредни.Го намирисав и јас чајот,па еве ме идам да го поделите и со мене.Омилен ни е на сите по дома,па и јас често правам.Зимата ако ја сакам заради нешто тоа е заради топлите чаеви што секојдневно ги конзумираме.[sm=smiley1.gif]
И кај нас времево исто,тмурно,облачно,никакво со еден збор и готово да заврне.[sm=smiley1.gif]
Сакаме снег сите ама којзнае,нешто повеќе накај дожд ми иде.[sm=zmeden.gif]Ако не наврне до нова година навистина нема дабиде исто расположението и еуфоријата без снег.И синко секој ден станува и проверерува на прозорец да не има,ама одново и одново се разочарува.[sm=smiley13.gif]
Ајде јас да се засладам од чајчето и да почнувам со обврските.Сабајлево се успав па се ми стои.[sm=zmeden.gif]
Имајте убав ден.[sm=smiley1.gif]




caciana -> RE: КафеРаја [chat] (17.12.2014 12:13:56)

Eve od mene pita so jabolko [img]http://ic.pics.livejournal.com/edusa_austria/46209189/1857/1857_original.jpg[/img]
I kaj mene e mracno oblacno i maglovito. Defne i jas kako sin ti stanuvam na sabajle i proveruvam sneg dali ima...ama nikako da se izraduvam [sm=smiley13.gif]
Inaku jas denes imam 1 ton rabota [sm=smiley36.gif] se spremame za slavata, pa treba sarmicki da se vitkaat [sm=smiley19.gif](tesko mene).
Imajte ubav den




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја [chat] (17.12.2014 13:56:51)

Е па убаво пити чајчиња, богати софри, се убаво уште да не израдуваше едно снегче да имаме вистинска нвогодишна атмосфера, денес денот турбо што работно што приватно, но мора да се издржи има и такви денови. Поздрав женички




Melanija RR -> RE: КафеРаја [chat] (18.12.2014 13:33:16)

Добар ден [sm=smiley1.gif] еве частовка од мене за поправениот лаптопот [sm=jezicek.gif]

[img]http://media.snimka.bg/images/002196706.jpg[/img]
[img]http://www.zalogaj.com/img/recipes/7964/tulumbezal.jpg[/img]




Bethany -> RE: КафеРаја [chat] (18.12.2014 13:37:49)

Ah ekleri i tulumbi lelee
kolku gi sakam eklerite a tuka ne mozam da najdam da kupam, a ne mi se pravat, mnogu rabota ima okolu niv.
Kako so sum mrzovolna denes izgleda samo sekerot bi mi pomognal, vi golemi kolicini.

Neka te sluzi laptopot dodeka poubav ne kupis:)




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја [chat] (18.12.2014 13:38:17)

Мммм мераци, слатки ајде да се почастиме навистина убав подов, конечно ќе можеш на раат да пишуваш и честуваш. Позз




caciana -> RE: КафеРаја [chat] (18.12.2014 13:38:31)

Dobar den.. Lele melanija me zastrvi ce si zemam i tulumba i ekler mh mh [sm=smiley36.gif] .
Jas denes rabotno ke go pominam denov, se spremame za slavata, i taka rastrcuvam niz doma so majka mi.[sm=smiley1.gif] . Imajte ubav den [sm=love.gif]




Melanija RR -> RE: КафеРаја [chat] (18.12.2014 13:49:57)

Обожавам еклери ама не ги правам[sm=smiley36.gif]Bethany во Тинекс имаш едни убави пакувани за мерак.
Одам да средам и инсталирам што трба на лаптоп па здравје од утре на танане се читаме[sm=zz_spin.gif]




Cvekelencule -> RE: КафеРаја [chat] (18.12.2014 14:19:13)

Леле жени што сте се мавнале олку на благо па и мрсно сега се пости дај честете за некој што пости .Поздрав женски имајте убав и среќен ден




Defne90 RR -> RE: КафеРаја [chat] (18.12.2014 16:34:56)

Добра вечер женски,и јас ви се приклучувам на благата трпеза.Меланија што убаво што ти се поправил лаптопт сега можеш да здивнеш веќе. Ајде од мене нешто посно за сите оние кои постат и не можат да ни се придружат со еклерите и тулумбите.Поздрав женички и имајте убава вечер.[sm=smiley1.gif][sm=smiley1.gif]
[img]http://moirecepti.mk/content/uploads/2014/03/CIMG1232-7fe872-800x600.jpg[/img]
И кога веќе му се нафрливме на благото редно е и по една лимонада да дрмнеме да се поизгасиме од толку шеќер.
[img]http://www.napitki.bg/userfiles/image/2009/03-27jl.jpg[/img]




Malecka23 -> RE: КафеРаја [chat] (19.12.2014 9:58:11)

Dobro zenski moi kako ste?
JAS sum super denes e poseben den na brat mi imenden pa da ve pocastam od bajaderite na majka mi:)
[img]http://www4.slikomat.com/13/1219/cp-index.jpg[/img]

A koj e za kafe neka poveli jas veke go pijam vtoroto posto cela nok ne sum spiena i denes epten turbo ke ni bide pa ke se setam so bokalot kafe[sm=smiley36.gif]




LoveableMe RR -> RE: КафеРаја [chat] (19.12.2014 10:18:49)

Честито нека му е, се најубаво. Јас частам во Лонџ барот за славата на свеки. Честито име и слава на сите кои го слават Св. Никола, за многу години[sm=bravo.gif]




Bethany -> RE: КафеРаја [chat] (19.12.2014 10:52:36)

Ќе се послужам од бајадерите на Малечка по повод, ама само виртуелно. Ме влече благо ама слабо го поднесувам. Добро ли е тоа, да не сум болна? [sm=smiley36.gif]
Ми треба уште едно кафе, ова дете мое само е настинат, носот му е затнат ама се буди навечер ко бебе по сто пати. Глава не може да ми пројде од умор и напнатост... ај и тоа ќе помине, нема што не поминало.
Туку многу размислуван од сабајле колку потешко ја поднесувам ова бременост, немам сила, немам енергија, немам волја. Алал да им е на жените со повеќе бремености и повеќе деца!




blue_blue -> RE: КафеРаја [chat] (19.12.2014 13:27:41)

не знаев кај да го ставам постов па слободно преместете го во соодветна тема, ама морав да пишам. Вчера бев во игротеката во City Mall, уредно платив 200 ден по дете на влез, плус пијачка за мене и мајка ми која беше со мене. Децава си играа и по некое време почнува некоја си новогодишна прослава - родители со деца си викнале дедо мраз и Елза и пират и прават престава, забава, има некои грицки и на крај дедо мраз им дели на тие деца пакетчиња. И ова се дешава на сред игротека. Нормално, моите деца и останатите се набутаа да гледаат престава и да ги цртаат и да им напраат балон – куче. И живи среќни беа. И ми доаѓа онаа девојчицана и ми вика „да си ги приберете децата пош они не се за на забавата – ова е приватна забава“...ме остаи без текст не знаев што да направам. И реков дека сум им кажала да не сметаат ама дека они се шест годишни деца на кои ова им е интересно и не знам како веќе да им објаснам дека не е за нив кога е во просторот во кој сме и за кој сме платиле влезница. И уште ми рече „јадат од храната“...леле луѓе помизерно не сум се осетила одамна. Од една страна ми се идеше да и ја акнам една и да и кажам – колку треба за храната што ја изеле да платам, а следен пат ако има приватна забава да си ја зтворите игротекава и да не ми наплаќате....од друга страна толку ми беше криво за децава – како ме гледаа жално зошто не може да одат да ја догледаат претставата, а ме послушаа одма...ама тажни беа. Стварно не знам што требаше да направам, а мизерното чувство ме држи уште...Не ми сакала да стапнам веќе таму ама пустото моиве деца ја обожаваат игротеката и многу сакаат во неа да си играат




vezilka RR -> RE: КафеРаја [chat] (19.12.2014 14:13:24)

Лелеее не ми се верува. Богами јас да сум на твое место не би ги носела пак таму. И си требала да им го кажеш тоа што ти паднало на ум, оти навистина нивниот однос е без везе. Па сигурно не е најдобра игротека у Скопјево..




Страница: <<   < Претходна страница  3 4 [5] 6 7   Следна страница >   >>