Felly RR -> RE: Дали децата треба да бидат принудени да седат во скутот на Дедо Мраз? (11.12.2014 10:24:48)
|
е согласувам со се погоре напишано. Минатата година на М и беше ептен страв од Дедо Мраз, па затоа и во градинка им имав кажно на двете учителки, и ги замолив да ја припазуваат М (бидејќи после приредбата јас морав да одам на работа, а М остана во градника) и им кажав М воопшто да не ја носат да се слика со него. Кога влезе Дедо Мразот, едната учителка беше цело време до М, ја гушна и стоеше до неа, колку за групната слика, па така ја има на сликата, инаку кога беше помала, еднаш имаше забава за децата кај мм на работа, и Дедо Мраз им делеше пакетчиња. Таа не сакаше ни да појде да го земе подарокот, па заедно со тато си го зедоа и така се сликаа. Наредната година не ја однесовме, знаевме дека исто ќе биде. Кога гледам дека тоа и предизвикува страв, не мора дополнително да ја трауматизирам, па ни во скут ни до него не мора да имаме слика.
|
|
|
|