|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Деца по улиците
17.5.2009 10:18:20   
agnes77
По 3 дневниот престој во Србија,водов многу мали деца на улица кои барат пари и слично. Многу ми беше тешко,додека јадев пица ,некое мало дете ќе ме погледнеше како јадам и ме молеше за пари. Па така му дадов парче од мојата пица а тоа ми се насмевна . user posted image Признавам дека никогаш до сега не сум видела толку мали деца на улица оставени сами.user posted image  

Какво искуство имате вие?

< Поракaта ја уредил kikicka RR -- 21.4.2012 11:50:09 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Деца по улиците
17.5.2009 11:01:35   
Еца
Имам искуство и јас на оваа тема,бидејќи кај нас во Скопје тоа е секојдневие по раскрсниците. На семафорите сами мали дечиња со бебиња во раце просат, пеат, молат за некој денар....user posted image жалосно но вистинито,сурова реалност, тежок животuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот agnes77)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Деца по улиците
20.9.2009 23:37:09   
mami
Ах колку само ми е мака кога ке ги видам како стојат на семафори и просат или шетаат низ ГТЦ и дуваат лепак..луѓе па тие деца немаат ни 10 години а веке се зависници...жалосно е тоа што им се случува, а уште пожалосно е што никој не превзема ништо по тој поод..никој не им бара дом на тие деца..за срамота ни се сите институции надлежни за згрижување деца

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Деца по улиците
20.9.2009 23:48:10   
nadica
кај нас во малите градови е реткост на улица ама па затоа доаѓаат дома од врата на врата жално е колку се мали и измачени а уште пожално ми е кога знам дека паричките не ги употребуваат за храна и возрасните кои ги праќаат им ги земаат


кога студирав во ск пред гтц кај сендвичарите мало 3-4 годишно дете проси а ние со мм со сендвичите во раце и мм вика ќе ти купам за јадење што сакаш ама пари не ти давам сакаше хотдог со помфрит и салата но откако му го дадовме со вињушката извади и расфрла се пред него лепчето го расфрла на сите страни виршлата ја избриша од панталончињата и само неа ја изедеuser posted image user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Деца по улиците
27.1.2012 13:10:56   
zapce
Ајде малку да ја освежам темата.
Во Битола и Скопје мислам дека има отворено Дневен центар за деца на улица, дали имате слушнато за тоа, какви активности имаат таму децата, дали ги лседува оброк, дали се бањаат или едуцираат. Сакам да соберам малку повеке информации околу тоа па ме интересира. Мислам дека на форумот има и социјални работници па можеби ке дадат неко свое видување.



_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Деца по улиците
27.1.2012 13:14:54   
zapce
Мислам  дека ги собирале децата но тие повторно бегале на улиците.
Знам дека кога направија акција од полицијата да ги соберат децата од улица да ги избањаат и да ги згрижат, беа обвинети дека ги кршат нивните права. Значи ако се на улица се плука зошто се на улица, и нивната бројка се зголемува а  ако се преземе нешто пак не чини.
Една од најригорозните мерки што ја презема Центарот за социјална работа е одземање на родителското право, но кај нас во мојот град таква мерка се уште не е преземена.


_____________________________

Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене?
Ако сум само за себе - што сум јас?
Ако не сега - кога?

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Деца по улиците
27.1.2012 13:42:27   
vezilka RR
...„ОТВОРАЊЕ ДНЕВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА НА УЛИЦА



На 13 јули потпишавме договор за соработка со Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија во спроведувањето на проектот Социјална заштита на децата на улица кој подразбира отворање Дневен центар за деца на улица.



На почетокот на септември 35 деца од т.н. Картон маало и Кланица ќе почнат да го посетуваат Дневниот центар каде ќе можат да се бањаат, добијат чиста облека, ужина и ќе присуствуваат на работилници за развој на социјални вештини и интерактини работилници за правата на децата преку игра и забава. Веќе е воспоставен контактот со децата и нивните семејства и информирани се за активностите на Центарот. За оние семејства кои имаат проблеми со регистрирање на децата во матичната книга, во тек е процедурата за решавање на тој проблем. Покрај овие активности ние ќе се обидеме да ги мотивираме родителите да ги вклучат децата во образование, но и поддршка за надминување на проблемите во училиште за децата кои веќе го посетуваат.

За спроведување на активностите веќе се оддржани состаноци за соработка со Дневниот центар за деца на улица од Кисела Вода, Здружението за заштита на правата на децата, НВО Сончогледи, МВР-полициска станица Ново Лисиче, училиштата во општина Аеродром, ОБСЕ и Општина Аеродром.

Дневниот центар покрај финансиската поддршка од Министерството за труд и социјална политика и просторот даден на Меѓаши на користење без надомест од Министерството за одбрана, доби поддршка и од СП Маркет, ВИВА сокови и Генел.

Во врска со потребите на Дневниот центар, односно потребите на децата кои ќе го посетуваат, ги повикуваме сите граѓани кои се во можност да земат учество во собирната акција за учебници и школски прибор...“

(Одговор на членот zapce)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Деца по улиците
27.1.2012 13:42:52   
vezilka RR
Вака беше замислен Центарот кога го отворија. А од денешна перспектива, после таму не знам некоја година откако го отворија и не функционира баш така. Последно што слушнав на ТВ беше дека имаат проблем да соберат кадар во Центарот, финансиските средства им се намлени и имаат проблем да ги мотивираат децата односно родителите да ги пратат децата во Центарот.Јас уште од самиот почеток и мислев дека ове ќе се јави како најголем проблем..измислија Центар а не измислија стратегија за внесување на децата во центарот. Стандарно за нашиве простори, смислено, недосмислено..само така колку ради-реда.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Деца по улиците
21.4.2012 11:53:01   
kikicka
Ова со центарот и перење пари повеќе изгледа отколку згрижување.

Инаку жално стварно но има и такви деца-питачи што не сакаат храна туку цигара или стрикно пари.
Колку пати ме се имаат залепено за нога буквално и те молам тетке,па ако не му дадеш ке те плукне,ако му дадеш ,гледаш уште купица други деца те напаѓаат. Жално ама и претерано.

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Деца по улиците
17.6.2015 15:24:21   
vezilka RR
„...Во една слаткарницата вчера во Скопје ,една од вработените пред очите на сите присутни претепала едно 6-7 годишно дете, дете ромче, кое предходно просело повеќепати во близина. Детето било потпрено на надворешната страна од вратата и дотичната особа неочекувано, со силно замавнување на нејзината ташна, го треснала по глава.Тоа паднало на земја. Особата буквално го шутирала ,баш како топка Додека се случувало тоа нејзините колеги се смешкале а гостите седеле исплашени и ништо не презеле...“

Ова е прераскажување на една жена која била присутна вчера на настанот. Не можам да си поверувам дека некој се дрзнал да направи вакво нешто. И си поминал неказнето, како ништо да не се слуќило. Како детето што го претепала да било вреќа. полиција дошла и не само што не ја казниле женава-тепач, туку рекле дека со вакви деца постојано имале проблем. Еееееј, со ВАКВИ деца!!!! Срамно. Па што и да направило детево, никој не заслужува некој така да го третира.

И што уште повеќе ме згрози, беа коментарите од луѓето, дека бидејќи било ромче, шт просело, не е страшно, требало да се доведат во ред за понатака да не станеле крадци и џепароши и слични фашистички изјави.

Па каква можност за иднина има едно дете кое вака го третираат на 6 години!!!!

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 17.6.2015 15:25:07 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цртани филмови.
пеперутка16

Дали вашите деца гледаа цртани филмови како Тинејџерски мутант нинџа желки, Ју Ги О, Покемон... и станаа насилни поради нив?