Melanija RR -> RE: Инекции за зреење на плодот (17.7.2015 12:03:39)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR ИЗВОРНА ПОРАКА: Azzura Felly RR, сакав да те прашам зошто ја прими инекцијата за зреење на плуќата. Мене матичниот ми предложи да ја примам наводно да сме спремни за предвремено породување, иако нема некои индиции. Кога отидов на клиника кај д-р Тофоски кој треба да ме породи, ме виде на ехо и рече дека апсолутно нема потреба од инекцијата, и еве остана на тоа. Бев и кај мојата поранешна докторка, која исто така рече дека нема потреба. Azzura, не сум ти пишала, ама јас и втора доза за зреење примив - минатата недела и 3 дена на болница поминав. Во вторникот ноќта добив контракции - прво како менструални болки почнаа, слаби, ама постојани. Прво не бев сигурна што е, ама кога веќе поминаа неколку саати и болките не се губеа, го разбудив мм, и заминавме на болница. ЦТГ-то покажуваше контракции и тоа на неколку минути, па ме задржаа, ми ставија токолиза и д-р предложи уште една доза за зреење. Јас прво се двоумев за нив, зошто првиот пат од тие инекции бебето беше послабо активно неколку дена, јас имав слаба главобока, имав како жештина некоја во образите, и ај се договоривме да почекаме за нив, ама пошто и по 3 саати од токолизата уште имав контракции на д-р не му се ризикуваше и почнавме пак со зреење. Др ден ми се намалија контракциите, ама ме задржаа три дена за да ме следат, ЦТГ по 3-4 пати во денот и антибиотик зошто според испитувањата најверојатно уринарна инфекција беше причина за контакциите. ИЗВОРНА ПОРАКА: Azzura Felly RR, мене ме исплаши матичниот доктор кога ми предложи да ја примам инекцијата за зреење, бидејќи знам дека откако се прими, по 2-3 недели жениве добивале контракции и или се раѓа бебето или, вака како тебе, ги хоспитализираат. Во глобала, нема веќе од што да се плашиш, зашто си ги примила двете дози и бебуш ако се роди пред време ќе си биде добричко. Сепак, не се нервирај, мирувај за да пробаш да издржиш уште некоја недела, барем полни 35. Радувај се, ќе имаш бебе [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|