Dilina -> Складирање на млекото (25.12.2014 10:45:12)
|
Мајки, со оглед дека на форумов има доста мамички кои каде и да е ќе тргаат на работа, а воедно ги дојат своите деца и сакаат да продолжат со истото, верувам дека темава ќе биде од огромна корист. Мене ме интересира исто така, зошто каде и да е ќе тргам на работа, а работното време ми е безвезе, па сакам да почнам со складирање. Како го складиравте млекото? Колку време може да стои на собна, во фрижидер, во замрзнувач? Како се измолзувавте? Рачно, со електрична или рачна пумпица? Како бебушот ја прифаќа оваа промена? Јас малку експериментирав и увидов дека ако го оставам моето млеко на собна температура околу 3 часа (на 22 степена) се дели масниот дел од водата и малку ми е шубе такво млеко да му го давам на бебуш. п.с. ако има ваква тема префрлете го постот, зошто јас буричкав по темите и не најдов иста ваква.
|
|
|
|