Хуманост - Humanity (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Хуманост



Порака


Dilina -> Хуманост - Humanity (29.12.2014 16:09:13)

Ја отварам темава со цел да помогнеме зимава да се стоплат некои срца на кои им треба помош. Направив и група на фб, инспирирана од една членка на друг сајт и една статија од весник која вели дека снегот не не израдува сите.

Сабота, 3ти Јануари, во Новата Година, да издаруваме некого и да станеме побогати со хуманост! Локација - плоштад Македонија, 12 часот. Секој што сака, колку може, облека, кондури, јакни и сл. може да донесе и да подари на оние на кои најмногу им треба во ладнава зима. Тоа што носиме сами ќе го подариме на тие што сакаме.




Melanija RR -> RE: Хуманост - Humanity (29.12.2014 22:01:45)

Dilina ќе може повеќе инфо,за кого или каде конкретно се собура,која е намерата,собир на плоштат,како се организира и сл. Линк не но можеш да пишеш Име под кое ако некој сака може да ја најде таа група




Dilina -> RE: Хуманост - Humanity (30.12.2014 12:50:59)

Идеата е барем еден ден во месецот да одделиме, каде што ќе се собереме оние кои сакаме да помогнеме онолку колку што можеме. Исто така целта е да се развие чувството на хуманост меѓу нас, со тоа што јавно ќе подариме нешто, било облека, конгури, средства за хигиена и сл. Секој кој сака може да се приклучи на групата. Одкако ќе ја одредиме датата и местото се собираме на истото (на пример во случајов плоштад и камени мост) ... локацијата е онаму каде што има повеќе бездомни лица. Каде што ќе можеме ние како група да им покажеме и на другите луѓе колку е убаво да се биде хуман и да се подари малку радост.

Намерата собир на плоштад е токму поради тоа што на камени мост има многу луѓе кои се бездомни, незгрижени. Зимата е студена, па ќе им однесеме јакни кондури и слично... кој што милува и што може. Групата на фб се вика исто како темава.




lukajana RR -> RE: Хуманост - Humanity (30.12.2014 13:07:31)

Dilina edvaj te najdov na fb kirilica latinica ama dobro e se najdovme pozz




Melanija RR -> RE: Хуманост - Humanity (30.12.2014 14:28:30)

Би се давале лично на тие луѓе кои во моментот ќе се најдат на улица, моментално без дом?Или би се собрале донациите и ќе се одесат во Дневниот центар?
СЕкој може нема облека ,па покрај сретства за лична хигиена што друго би можело да се купи и донира?




Dilina -> RE: Хуманост - Humanity (30.12.2014 23:30:03)

Се што мислите дека е од корист може да се донесе... Инаку тоа што ќе го донесеме сами ќе го поделиме на луѓето кои се на камени мост. Таква е идеата, за да споделиме хуманост и да ги инспирираме и другите граѓани.

Еве пример јас планирам да однесам пелени, зошто знам дека има мајки со бебиња што просат. Планирам да однесам неколку пара машки кондури и женска облека. Планирам да однесам и топол чај исто така. Само што имам еден термос, па ако сака некој што ќе доаѓа нека донесе :)




sonc90 -> RE: Хуманост - Humanity (31.12.2014 14:34:23)

Jas ova go pravam veke odamna...i realno steta e rabotite sto ne ni trebaat da gi frlame...jas gi davam na romite koi mi se vo naselba...obleka,konduri,nekogas postelnina,igracki davavme so majka mi pred da se omazam,ova so cajot ti e super idea,moze i supa...inaku jas bev volonter na crveniot krst uste od 1 godina sredno i blagodarenie na se sto vidov prodolziv da pomagam onolku kolku mozam...samo dilina ke treba da kazes i ovde koga ke se odredi datum za da se znae i ovde ne samo na fb,sto pogolem odziv toa podobro... iskreno se nadevam deka ke uspee ovaa humanitarna akcija...sekoe dobro i cekame da ne informiras [sm=rozica.gif]




Страница: [1]