Anushka -> RE: Снобизам (11.2.2010 13:33:51)
|
еднаш бев во Ст. Тропе на одмор. Таму богатите, кои себе си се сметаат за снобови, ги паркираат своте јахти пред кафулињата и прават вистински перформанси со оноа што го имаат: хајтек опрема (на јахтата, се` комплет), шминка, марка, згодни жени, пари... Ми беше интересно да би набљудувам. Тоа тие го правеа толку простодушно и очекувано, што за сите набљудувачи делуваше нормално. Дури, ве канат да им се придруижте, без никакви ограничувања, да уживате и да се забавувате заедно со нив. Но, на враќање кон МК (бев со автомобил), поминав од Црна Гора. е, тоа беше „панаѓур на суетата“: силикони, жолто злато, пластика, кредитни картички, „смрад“ на новопечени богаташи... кои жалосно, ама вистинито се смета себе си за „елита“ на едно општество, од кое до вчера краделе...
|
|
|
|