Bethany -> RE: Ортопедски чевли или не? (22.9.2012 12:19:02)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: majka na eva колку повеќе читам се повеќе се збунувам...мислам во врска со какви обувки да земам...и дали да земам,или да почекам Ева да почне убаво да оди.кога бевме на ортопед на 9месеци,во РЕ МЕДИКА,др.Иванка Спасовска(така мислам беше)баш ја прашав за чевлички за проодување,какви да земам,кои се најдобри и ми рече НИКАКВИ се додека не почне сосем убаво да си оди.А кога ќе почнела да се движи по 5-6 чекори сама,тогаш повторно да сме отишле на контрола и таа ќе ни кажела какви да и земеме[sm=zmeden.gif].а сега Ева е скоро 10ипол месеци,и почнува да се движи кога се држи за предмети низ дома,а веќе ете и заладува по надвор не можам да ја носам да гази на чорапчиња,или пак кога сме надвор да ми биде се во раце...некако не ми се слушаат баш доктори,сакам да и земам кондурчиња ама не знам какви,и кое бројче,како да и измерам да знам дека ќе и бидат точни...ајде пишете ваш совет Нас не советуваа дека ако детето веќе оди да би било најдобро да му се земат од цицибан, полино и така други детски обувки кои се со анатомска влошка внатре. Ни кажаа дека најки, адидаски и сл. не се препорачливи бидејќи се направени по моделот за големи, или како веќе, не се анатомски за децата чии ножиња треба да имат квалитетна посебно дизајнирана обувка. А за внатре босо најдобро. Ортопедски и анатомски обувки се различни поимови. Ортопедски носат деца што имат дијагностициран некој проблем кој треба да се исправи. Ние на нашето синче му земавме патичиња од Полино, број 21. Жената што работи таму му го измерија стапалото убаво, ни кажаа дека е добро да биде еден прст поголемко, ме научи како да му ги обувам плус [sm=smiley36.gif] Така да ќе ти помогнат таму што се однесува до бројче.
|
|
|
|